Македонија
Рута на солидарноста низ Скопје
Во рамките на манифестацијата „Зборува Скопје“ денеска почнува „Рутата на солидарноста“, односно панорамско разгледување на Скопје.
Во паркот Мајка Тереза (платото пред зградата на ЕВН) во 11 часот ќе почне „Рутата на солидарноста“, поточно граѓаните ќе имаат можност со автобуси панорамски да го разгледаат Скопје со фокус на случувањата поврзани со катастрофалниот земјотрес во 1963 година.
Поаѓањето е од местото каде што е родена Мајка Тереза, паркчето пред зградата на ЕВН на плоштадот, автобусот се движи покрај Старата железничка станица, продолжува кон населбите Тафталиџе 1 и 2 (населби изградени со помош на светската солидарност), ќе се помине покрај улиците (Варшавска, Прашка, Лондонска, Осло, Хелсинки…) преку Московска по булеварот Партизански одреди се поминува спроти поликлиника „Букурешт“ (подарок од Романија), поминува покрај местото на уништените блокови во Карпош 2, па покрај Универзалната сала (подарок од Бугарија), па покрај блоковите од Градскиот ѕид (проект на архитектот Кензо Танге), па покрај стариот театар и околу зградата на МОБ (за скопјани сè уште позната како МНТ) турата завршува повторно на плоштадот кај родната куќа на Мајка Тереза (платото пред зградата на ЕВН).
Оваа прошетка има термин и во 17 часот и ја организираат „ЈСП турс“, „ЈСП Скопје“ и Град Скопје во рамките на манифестацијата „Зборува Скопје“.
Турите ќе се изведат со професионален туристички водич, а ќе се реализираат на 24, 25 и на 26 јули, со две поаѓања, во 11 и 17 часот . Двете тури на 24 јули ќе бидат бесплатни, а за преостанатите цената на билетот ќе изнесува 150 денари.
Манифестацијата, која почна вчера и до 26 јули со низа настани ја одбележува 55- годишнината, за утре, 25 јули, најавува изложба во КИЦ, а централниот настан ќе се одржи во галеријата „Графити“ во ГТЦ (кај автобуската постојка) во 20.30 часот со краткометражен филмски колаж на Дина Дума, театарски перформанс на Билјана Радиноска и музичка програма; и во 22 часот концерт на Mammoth &Yashem, концерт на Тодор Караколев, сесија со музичари од новата скопска сцена.
„Зборува Скопје“ почна вчера во Музејот на град Скопје со враќањето на буквите од пораката на солидарноста на источната страна од Музејот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Тренчевска: Најемотивна сум кога зборувам со пензионерите, креаторите на државата денес
Коносителката на листата за пратеници на Изборна единица 4 од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Јованка Тренчевска денес им се обрати на пензионерите во Општина Струмица и ја објасни изборната програма на која според неа столб е грижата за пензионерите.
„Да се потсетиме на се она што го имаме направено за вас пензионерите и да ве информираме за се она кое се обврзуваме како партија во наредниот период. Како помлади генерации сме обврзани да ви обезбедиме спокојни пензионерски денови, затоа во изминатиот период ја донесовме методологијата со која гарантираме постојан раст на пензиите. Пред нашиот мандат најниската пензија која изнесуваше околу 8000 денари, денес е покачена на скоро 14.000 денари“ изјави Тренчевска.
Таа посочи дека покрај континуираното покачување на пензиите продолжува да се исплаќа и финансиската поддршка која е директно на терет на буџетот на Министерството за труд и социјална политика и дека истата не ја загрозува исплата на пензиите.
„Најголем дел од вас се сеќаваат дека ги добивавте пензиите во 6 групи на пензионери, затоа што системот на пензиско и инвалидско осигурување на бил стабилен. Денес сите вие секој први во месецот пензиите ги имате на вашите сметки, системот е стабилен и гарантира долгорочна сигурност“ истакна Тренчевска.
Таа рече дека никогаш повеќе нема да дозволи фондот да биде нестабилен, затоа што сите предвидени мерки и политики кои се предвидуваат не се на терет на фондот, туку ќе бидат на централниот буџет.
„Се обврзуваме на минимална пензија од 20.000 денари и просечна пензија од 30.000 денари. Воведуваме новогодишен пакет за секој пензионер во висина од 6000 денари како, картичка за пензионерите со попуст од 30% на прехранбени производи како и изградба на најмалку 12 нови домови за стари лица“ рече Тренчевска.
Македонија
Костадиновска-Стојчевска: Како што ветив, платите се за 12% повисоки за културните работници
Вработените во култура ја добија мартовската плата покачена за 12 проценти. Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска изјави дека со тоа, таа го исполни своето ветување.
„Како што ветив, платите на културните работници од денеска се покачени за 12 проценти.
Овааа Влада предводена од СДСМ се грижи подеднакво за сите. Од 2019 година до денес, покачувањето на платите во Секторот култура се искачи на 52 отсто, со потпишувањето на Колективниот договор“, изјави министерката за култура.
Костадиновска-Стојчевска додаде дека веќе две години се бори за повисоки плати за вработените во културата и успехот не може никој да го порекне. Платите пораснаа и повторно ќе растат.
„Не постои ниту еден чинител кој е против повисоки плати, особено кога Законот за кој оваа Влада се избори е на страната на културните работници“, вели министерката.
Таа, како предизборна игранка и манипулација ги оцени реакциите и протестите на СКРМ.
Вчерашниот состанок во Министерство за финансии, вели министерката за култура, „не беше свикан со намерата која Синдикатот за култура им ја презентираше на своите членови, нути пак за некаква игра, денес тоа се докажа“.
Пред две недели од Министерството за култура кажаа дека нема промени во општиот колективен договор, ниту во колективниот договор на Синдикатот за култура. Единствена промена била внесувањето на минималната плата во диспозитивот на договорот.
Македонија
Спасовски: Минимална пензија од 20.000 денари и просечна пензија од 30.000 денари
Носителот на листа на кандидати за пратеници од Изборна единица 2, предводена од СДСМ и Коалицијата за европска иднина, Оливер Спасовски, оствари средба со пензионерите од Куманово.
„Во спектарот на еднаквите можности за сите е и грижата за нашите највозрасни граѓани – пензионерите. Токму затоа, не се откажуваме! Продолжуваме со подобрување на животниот стандард на пензионерите. Во следниот мандат предвидуваме минимална пензија од 20.000 денари и просечна пензија од 30.000 денари. СДСМ и коалицијата “За европска иднина” продолжуваат да вложуваат на вистинскиот пат, патот кон Европа каде нашата земја ќе продолжи да се развива со нови работни места, повисоки плати, повисоки пензии и подобар животен стандард за сите”, истакна Спасовски.