Македонија
Русковска: Доживеавме разочарување кога клучниот лик во „Чарлиевите ангели“ премина на страната на злото
Во завршните зборови за случајот „Рекет“ обвинителката Вилма Русковска пред судот рече дека одбраната на обвинетите Бојан Јовановски – Боки 13 и Катица Јанева се обидува да докаже нешто што не се докажува.
Русковска рече дека со сведочењето на Ана Камчева се докажало како течела исплатата на првите 500.000 евра, а потоа дека Сергеј Варошлија потврдил со тоа што сведочел дека ги гледал осудениот Зоран Милески – Кичеец и Камчева како доаѓаат во канцеларијата и домот на Јовановски.
За исплатата на преостанатиот еден милион, Русковска рече дека тоа е докажано со исказот на Камчев.
„Од тие што ги поддржувавме доживеавме разочарување кога клучниот лик во ‘Чарлиевите ангели’ премина на страната на злото”, рече Русковска во завршните зборови.
Русковска го коментира и исказот на Бојан Јовановски пред судот за што рече дека Обвинителството поседува докази дека Јанева и Јовановски разговарале за предмети на СЈО, покрај љубовните и семејните работи, како што сведочеше обвинетиот.
Обвинителката го коментира и надоместокот што Јанева го зела за чување тајни:
„Не знам зошто Јанева земаше пари за чување тајни кога Јовановски го знаеше предметот ‘Империја’ подобро и од Стефанова“.
За добивањето на пријавата за „Рекет“ од страна на Орце Камчев, Русковска рече дека во тој момент мислела дека се наоѓа во лош сон, а за побараните пари: „Повеќето од нас не можеме да ги замислиме ни на сон, а не на јаве“.
По завршните зборови на Обвинителството, тоа ќе го направат и обвинетите, како и нивните бранители.
Судењето за „Рекет“ трае шест месеци и е во завршна фаза.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево и топло време со температура до 27 степени
Времето денес ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.
Во Скопје сончево и топло со слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 25 степена, јавува УХМР.
Во наредните денови следува период на сончево и топло време со пораст на температурата кон викендот. Утринските температури ќе бидат постојано над нулата, а поголемо наоблачување со услови за појава на дожд се очекува на почетокот на следната недела и ќе биде проследено со умерено спуштање на температурата.
Македонија
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Скопје
Без струја дел од Карпош
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе остане дел од Карпош.
Од 9 до 14.30 часот корисниците од улицата Мексичка, улицата Хаванска и дел од улицата Варшавска во општина Карпош ќе бидат без струја.