Македонија
СДСМ: Груевски стои зад обидите за блокадата на Собранието, а Мицкоски е негова марионета
Случувањата во Собранието потврдија дека токму Никола Груевски стои зад обидите да се блокира работата на Собранието и зад обидите да се блокираат реформските процеси и евро-атлантската перспектива на Македонија, обвини СДСМ.
Според партијата, тоа е потврда дека Христијан Мицкоски е само марионета на осомничениот Груевски и дека воопшто не поседува капацитет за да ја реформира ВМРО-ДПМНЕ. „Тоа што ВМРО-ДПМНЕ претходно веќе го прифати Законот за употреба на јазиците, како и тоа што од 35 илјади, речиси 33 илјади амандмани се однесуваат само на казнените одредби, докажуваат дека поднесените амандмани на ВМРО-ДПМНЕ немаат врска со Законот туку служат само за блокада на Собранието. Осомничетиот Груевски, кој 11 години преку политиките на криминал, насилство, омрази и поделби ја уништуваше Македонија, продолжува да работи спротивно на интересите на граѓаните и државата. Со таквото однесување, Груевски ја води ВМРО-ДПМНЕ кон пропаст.Никола Груевски го чека соочување со одговорноста за целокупниот криминал во изминатите 11 години и од тоа не може да избега со провидни обиди за создавање тензии, поделби и конфликти. Македонија тргна напред како едно општество за сите и Никола Груевски не може тоа да го спречи“, соопшти СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Државјанин на Турција приложил фалсификуван пасош на Ќафасан
Денеска, на граничниот премин Ќафасан полициски службеници го привеле Т. С. Т. (48) од Република Турција затоа што при пасошка контрола било констатирано дека на увид приложил фалсификувана патна исправа.
Известен бил јавен обвинител, а тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Струга за понатамошна постапка.
Македонија
Тошковски се сретна со амбасадорот на Турција: врвен приоритет е склучување билатерален договор за соработка во областа на безбедноста
Денеска, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, и заменик-министерот Назим Буши остварија работна средба со амбасадорот на Република Турција, Фатих Улусој.
Министерот Тошковски на новоименуваниот амбасадор Улусој му посака пријатен престој и успешно вршење на амбасадорската функција со желби за унапредување на билатералните односи меѓу двете земји.
На средбата беа отворени тековни прашања од соработката во областа на безбедноста, внатрешните работи и конзуларни прашања во надлежност на Министерството за внатрешни работи за што се потврдија заложбите за искрена соработка на овие теми.
Една од главните заложби е одржувањето на стабилноста и безбедноста на регионот за што двајцата соговорници се согласија дека од врвен приоритет е склучувањето на билатералниот договор за соработка во областа на безбедноста, кој е во фаза на заемно усогласување.
Скопје
Едукативен мото-настан утре во Кисела Вода
Утре, со почеток во 11 часот, пред салата Расадник, ќе се одржи едукативен мото-настан од отворен карактер „Сите возиме, но некои знаат“.
На присутните од страна на лиценцирани инструктори ќе им бидат презентирани важноста за техничка исправност на моторното превозно средство (мопед, скутер, мотор), правилната употреба на безбедносна опрема за возење, како и справување во реални ситуации на улица.
„Преку дружење со претставници и членови од мото-клубови, автошколи и здруженија ќе се изврши едукација за безбедно возење во и надвор од урбани средини, за брзината како фактор за општа безбедност и за намалувањето на загаденоста на воздухот преку користење електрични превозни средства“, велат од Општина Кисела Вода.