Македонија
СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ: Нема веќе партиско угнетување
СДСМ најави вчера крај на „партиското угнетување“ во Македонија порачувајќи дека отсега па натаму нема да има неказнивост само затоа што некој е член на некоја партија.
„Започна процесот на ослободување и професионализација на државните институции од 11 годишното партизирање и угнетување што го спроведуваше ВМРО-ДПМНЕ.
Државните институции ќе работат исклучиво во интерес и за потребите на граѓаните. Заврши времето кога ВМРО-ДПМНЕ со невидени притисоци, закани и уцени ги узурпираше институциите и ја поклопуваше државата со партијата.
ВМРО-ДПМНЕ со скандалозното и непрофесионално однесување нанесе огромни штети на граѓаните и на буџетот. Од џебот на граѓаните на Македонија изминативе 11 години се исплаќани огромни хонорари во висина од неколку илјадници евра за фиктивни договори во државните институции, а исто така се исплаќани и плати на вработени кои воопшто не се појавувале на своите работини места. СДСМ преку новата Влада ќе ги санира ваквите огромни штети и никогаш нема да дозволи ниту еден граѓанин да биде над законите и над останатите граѓани, само затоа што е член или активист на некоја политичка партија, како што тоа 11 години го правеше ВМРО-ДПМНЕ“, стои во соопштемието од СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Изет Меџити од Берлин: Дијаспората ја совлада Југославија, ќе го совладат и ДУИ
Лидерот на Демократското Движење, истовремено и носител во изборната единица број еден, Изет Меџити, учествуваше во голем собир со дијаспората во Берлин на Коалицијата ВЛЕН (ВРЕДИ).
Меџити од овој собир на дијаспората и се обрати со зборови каде им ја даде убавата вест дека на 8 мај пристигнува победата, но и за вредноста на учеството на дијаспората во овие избори кои многу добро знаат да казнуваат режими и тие кои го мразат Курти и Косово.
„Првите политички движења се отпочнати од дијаспората, како за совладување на Југославија, така и за независноста на Косово, а токму од ова дијаспора ќе пристигне и казната за ДУИ која се спротиставува на Косово и кокетира со Вучиќ”.
Тој, исто така, додаде дека сега е историскиот момент за промени во албанската политичка сцена после децении, со обединетата опозиција и со Самоопределување.
Македонија
Во Скопје санкционирани 179 возачи
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (19.04.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 179 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 51 санкција, 11 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкии за поминување на затворен сигнал – црвено светло, седум мерки за управување под дејство на алкохол…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
Македонија
Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи
Поради предизборни митинзи за претседателските избори викендов во централното градско подрачје ќе биде воведен посебен сообраќаен режим.
Како што информира Министерството за внатрешни работи од денеска од 19 часот до утре до 21 часот на улицата „Св. Кирил и Методиј“ ќе биде воведен посебен сообраќаен режим поради одржување на митинг што ќе се одржи утре во 13 часот пред седиштето на Европската унија. За сообраќај ќе биде затворена ул.„Св.Кирил и Методиј“ на потегот од крстосницата со бул.„Кочо Рацин“ до крстосницата со бул.„Св. Климент Охридски“.
Утре во 20 часот на плоштадот „Македонија“, пак, ќе се одржи митинг од изборната кампања за претседателските избори поради што Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје, а сообраќајот времено ќе се запира на сообраќајниците по кои ќе се движат учесниците на настанот.
Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници.