Македонија
СДСМ почна постапка за избор на најодговорните кандидати за пратеници
СДСМ почна постапки за избор на најодговорните кандидати за пратеници во историјата на независноста, пратеници кои се согласни дека државата им припаѓа на сите подеднакво и дека е наша заедничка одговорност, пратеници кои се различни по сите основи, мажи и жени, 50-50, соопшти партијата.
Според СДСМ, процесот на избор за кандидати за пратеници, утврден на 14-тата седница на Централниот одбор ќе биде транспарентен, инклузивен и професионален со цел да се одберат одговорни, чесни професионални личности, кои уживаат углед и доверба во професиите и во местата на живеење.
„СДСМ ги избира најодговорните кандидати за пратеници од независноста до сега, со што преземаме обврска да продолжиме да градиме независен парламент и со тоа, способна држава. СДСМ покажа дека презема храбри и одлучни чекори кога е во прашање демократијата, слободата и враќањето на државата во рацете на граѓаните.
Создадовме концепт отворена влада, овозможивме амбиент за слободни медиуми, создадовме концепт за едно општество. Создадовме услови за независен парламент. Не беше лесно Собранието да се трансформира од место кајшто во 2017 крваво се кршеа пратенички глави, до место во кое се носат закони од интерес на граѓаните, место кајшто се гарантира членството на Северна Македонија во НАТО, место кое е Дом на демократијата, дом на граѓаните.Имаме должност на Собранието да му обезбедиме народни претставници за кои партијата е само механизам како подобро да ги претставуваат граѓаните и како подобро да им служат на граѓаните.Со понудата со која ќе излеземе пред граѓаните, остваруваме уште една сигурна победа.Тоа ќе биде голема победа на нашите политики, победа на СДСМ и коалицијата, победа на граѓаните“, се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ: Силјановска е продолжена рака на Мицкоски, оттука се навредите кон Пендаровски и Ковачевски
Силјановска е продолжена рака на Мицкоски, па оттука се навредите, коишто не штеди да ги упати кон Пендаровски и Ковачевски, велат од СДСМ.
„Ниските напади за мизогинија, личните дискредитации, навредите за интелектуални капацитети, со кои не може да се гордее ниту еден политичар, само потврдуваат дека кај Силјановска, Мицоски и ДПМНЕ расте паниката од пораз на изборите, најавен уште кога не успеаја да соберат доволно потписи за поднесување на кандидатурата на Силјановска за претседател“, додаваат од СДСМ.
Како што посочуваат оттаму, Силјановска и Мицкоски немаат што да кажат за програма, план и визија за иднината на државата и на граѓаните, па затоа упатуваат навреди кон Пендаровски и Ковачевски.
„Ништо не е променето во ДПМНЕ, тоа е истата режимска партија, која сее раздор, навреди, омаловажувања и закани, која на граѓаните може да им понуди враќање во минатото и изолација. Граѓаните сакаат напред, сакаат да живеат во европска Македонија, затоа на изборите ќе го дадат својот глас за европска иднина со СДСМ и Стево Пендаровски“, завршуваат од СДСМ.
Скопје
Без вода дел од Карпош
ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок од ф – 150 мм на улицата Ристо Равановски бр.12, без вода ќе останат корисниците од улиците Ристо Равановски и Атинска во општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата.
Сервисни информации
Претпладне променливо облачно со сончеви периоди, попладне со локални врнежи од дожд
Времето денеска, претпладне променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, проследени со појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 13, а максималната ќе достигне од 21 до 38 степени.
Во Скопје, претпладне променливо облачно со сончеви периоди. Попладне облачноста ќе се зголеми, а кон крајот на денот ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне 25 степени.
Од среда до почетокот на следната седмица подрачјето на нашава земја ќе биде под влијание на серија на влажни бранови кои што ќе предизвикаат времето да е променливо облачно со повремени врнежи од дожд.
Во среда и четврток ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и силен ветер (над 70 км/час), локално во форма на невреме. Од петок, а особено за време на викендот поради спуштање на студена воздушна маса врнежите од дожд на планините и повисоките места ќе бидат од снег и ќе се формира нова снежна покривка.
Врнежите повремено ќе имаат обилен карактер, наместа над 40 л/м2 за краток период.