Македонија
СДСМ: Исполнета е нашата стратешка цел, станавме сојузник со најсилните држави во светот
Исполнета е нашата стратешка цел, станавме 30. членка на НАТО, сојузници сме со најмоќните држави во светот, обезбедена е нашата иднина, велат од СДСМ преку соопштение.
„Нашата стратешка цел е исполнета, Република Северна Македонија стана 30. членка на НАТО.
Во овие тешки моменти на голема здравствена криза, македонските граѓани имаат причина да бидат горди и среќни.
Исполнета е нашата стратешка цел, станавме сојузник со најсилните држави во светот.
Храбрите и успешни политики на СДСМ и претседателот Зоран Заев постигнаа огромни резултати.
Без Договорот од Преспа и без Договорот за добрососедство и пријателство со Бугарија немаше да биде возможен овој денешен успех.
Обезбедена е нашата иднина, загарантиран е територијалниот интегритет и суверенитет на Северна Македонија, а тоа значи сигурни и безбедни граници и мир во државата.
Членството во НАТО обезбедува сериозни економски можности и перспективи.
Веднаш по надминувањето на светската здравствена криза со корона вирусот, на нашата земја ќе и се отвори пазар вреден четири милијарди евра годишно, но и перспективата со странски инвестиции.
Токму членството во НАТО и отворањето на економските можности за Северна Македонија надвор од границите, ќе преставува олеснување во надминувањето на економските од пандемијата со коронавирусот.
Сега сме исправени пред друг предизвик, сега капацитетите на државата се насочени кон здравјето и животот на граѓаните за заеднички да се справиме со сите опасности од вирусот и да ги намалиме економските штети.
Успесите што ги постигнавме на меѓународен план, членството во НАТО, почетокот на преговори со ЕУ, се мотивација за сите дека заедно можеме да ја победиме и коронакризата и да продолжиме да чекориме по патот на успехот“, наведе СДСМ во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Штипјанец и скопјанец фатени како ги фотографираат гласачките ливчиња, а жител на Бучим го покажал ливчето на набљудувач
Од отворањето на гласачките места досега имаме регистрирано две фотографирања на гласачко ливче, едно во Скопје, а едно во Штип. Покрај тоа, во Бучим, Радовишко, има едно лице што го покажало гласачкото ливче на набљудувач, изјави портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.
Тој додаде дека досега МВР нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир при гласањето, односно гласањето се одвива мирно и без проблеми.
Ангеловски дополни и дека димна бомба има на гласачко место, а пријавени се и летоци врз паркирани автомобили во Чаир и графити.
До 11 часот е пријавено дека на гласање излегле 229.473 граѓани и одѕивот од 3,85, колку што беше до 9 часот, се искачи на 12,78 отсто.
Македонија
Димна бомба на гласачко место, летоци врз паркирани автомобили во Чаир и графити пријавени во МВР
Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски, информира за текот на изборниот процес од отворањето на избирачките места.
„Досега МВР нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир при гласањето, тоа се одвива мирно, без проблеми. Од отворањето на гласачките места досега имаме регистрирано две фотографирања на гласачко ливче, едно во Скопје, а едно во Штип. Покрај тоа, во Бучим, Радовишко, има едно лице што го покажало гласачкото ливче на набљудувач.
За сите овие настани, како што вели тој, се преземаат мерки за расчистување на случаите.
„Покрај тоа, на територијата на општина Чаир се забележани летоци, кои биле оставени на паркирани возила, а исто така се испишани и два графита. На едно гласачко место во Скопје, покрај испишаниот графит, од страна на претседател на избирачки одбор е пријавено дека во 6.30 часот во ходникот е пронајдена димна бомба. Веднаш се преземени мерки и активности и на ова место гласањето се одвива непречено“, додава Ангеловски.
Апелира до граѓаните и учесниците на изборите – во текот на гласањето, до завршувањето, да се воздржат од какви било инциденти.
Македонија
На 12,78 отсто се искачи одѕивот до 11 часот, најголем во Демир Капија – 23,99 отсто
До 11 часот на гласање излегле 229.473 граѓани и одѕивот од 3,85, колку што беше до девет часот, се искачи на 12,78 отсто.
Најголем е одѕивот во Демир Капија – 23,99 отсто, каде што од вкупно 3.208 граѓани до 11 часот гласале 769.
На седмите претседателски избори во земјата право на глас имаат 1.814.317 граѓани на 3.480 избирачки места.