Македонија
СДСМ: Мицкоски да каже како добивал тендери од Владата на Груевски, дали има удел и во „Енергомонт“ како што тврди врвот на ВМРО-ДПМНЕ?
Антизападниот пион Христијан Мицкоски повторно побегна од јавноста, од граѓаните, и трет ден продолжува да се крие зад конфузни реакции на неговата партија, обвинуваат од СДСМ.
„Антинародното и антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ вчера призна дека пионот на Никола Груевски, Мицкоски, има удел во компанијата „Енерготек“, а денеска призна дека Мицкоски експресно добил тендер од Владата на Груевски.
Заглавен во целосна изолација, антинародниот Мицкоски по секоја цена се обудува да избега од одговорите што им ги должи на граѓаните.
Знаел ли антизападниот и антинародниот Мицкоски однапред дека Владата на Груевски ќе објави повик, па затоа формирал фирма?
Дали антизападниот Мицкоски веќе онапред ги договорил концесиите што ги добил конзорциумот МИНКА – ЕНЕРГОТЕК ДОО Скопје, па овој конзорциум бил наменски создаден?
Дополнително, антизападниот пион на Груевски, Мицкоски треба да одговори и дали има удел од 7 отсто и во компанијата „Енергомонт“ како што тврди антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ?
Уште во колку компании има удел антизападниот и антинародиониот Мицкоски?
Од ден на ден, шемите и поврзаноста со криминалите на Никола Груевски излегуваат на виделина.
Јавноста ќе ја дозне целата вистина за поврзаноста и за шемите правени и во времето додека антизападниот поин Мицкоски му бил советник на неговиот ментор Груевски“ порачаа од владеачката партија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Филипче: Нашата понуда е јасна и искрена, понудата на ВМРО-ДПМНЕ е дестабилизација и застој
Контактот со граѓаните и грижата за нивните проблеми нема да заврши на денот кога ќе завршат изборите. И затоа, ветувам дека како претставник на граѓаните во идното Собрание на Македонија, ќе останам достапен за вас, за вашите грижи, маки, но и идеи и предлози.
Ова го истакна Д-р Венко Филипче, носител на листата на кандидати за пратеници на СДСМ и Коалицијата за европска иднина за Изборната единица 4. Филипче изборното претставување го започна од Демир Капија каде што имаше обраќање на граѓански митинг.
„Политиката носи одговорност. Одговорност за она што ќе се случува со нашата земја во иднина. Одговорност за тоа како ќе живеат граѓаните во неа. Одговорност за создавањето услови за мирен и спокоен живот, ослободен од грижи и сиромаштија. И јас ја прифаќам таа одговорност“, рече Филипче.
Одговорност носи и СДСМ која во изминатите седум години мандат се соочи со повеќе кризи: економска, здравствена, енергетска. Но, кризите не се изговор за грешките што беа направени, рече Филипче, додавајќи дека како одговорна партија СДСМ учи од грешките.
„Го вложивме секој денар за да ги поддржиме семејствата и компаниите во економската криза. Го вложивме секој атом енергија да ги лечиме и спасуваме луѓето во Ковид кризата. Ги донесовме сите мерки да ги намалиме трошоците на родителите да имаат повеќе за своите деца. Ние со дигната глава можеме да кажеме дека СДСМ водеше исправни политики во интерес на сите граѓани во услови на светска дестабилизација. Тоа е дефиниција за лидерство и патриотизам“, изјави Филипче.
Наспроти државничката улога на СДСМ, стои ВМРО-ДПМНЕ чија улога е да го блокира општеството и државата.
„Пред нас се избори на кои граѓаните бираат помеѓу два многу различни концепти. Едниот е нашиот, кој гарантира зачувување на мирот, стабилноста и интегрирање на Македонија во Европа. Нашата порака е јасна и искрена. СДСМ го нуди патот на развојот и сигурноста. Од друга страна е концептот на ВМРО-ДПМНЕ кој се заснова на дестабилизација, застој, блокади и доведување во прашање на се она што е постигнато. Нивната понуда е неискрена, нејасна и опасна за иднината на земјата“, рече Филипче.
Ваквата политика на ВМРО-ДПМНЕ е резултат на нивната стратегија чија цел не е напредокот, туку назадувањето, не е мирот, туку конфликтот. Не е градењето пријателства, туку создавање внатрешни и надворешни непријатели, амбиент кој го создава ВМРО-ДПМНЕ, истакна Филипче.
„Тоа е амбиентот кој ќе биде секојдневие ако победат на изборите. Со ВМРО-ДПМНЕ нема напредок, затоа што едноставно напредокот не им одговара. Затоа што тие не би знаеле да се снајдат во таква ситуација. ВМРО-ДПМНЕ знае да води политика само ако Македонија е во калта, долу. Знаат да пливаат во политиката само ако разговараме за поделби, за етнички конфликти, за лажен патриотизам“, рече Филипче.
Затоа, Филипче ги повика граѓаните да бираат мудро на овие избори истакнувајќи дека СДСМ нуди јасна визија за иднината во која Македонија економски расте во Европската Унија и во која оние кои заминаа ќе сакаат да се вратат во држава која ќе нуди еднакви услови како развиените земји.
„Сега е време за размислување со ладна глава, бидејќи одлуките денес имаат големи последици на иднината. СДСМ е партијата која секогаш е на вистинската страна на историјата, која и кога греши не скршнува од вистинскиот пат. Затоа повикувам на масовно обединување кое значи само подобра иднина и сигурен пат напред. А јас, лично ветувам дека во мене секогаш ќе имате партнер и другар а мојата врата ќе биде отворена за сите“, заврши Филипче.
Македонија
„Просечна пензија од 30.000 денари и минимална пензија од 20.000 денари“, најави Ковачевски
За нашите пензионери обезбедуваме просечна пензија од 30.000 денари и минимална пензија од 20.000 денари, порача од предизборниот митинг на СДСМ и Коалицијата за евопска иднина, претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.
Ковачевски нагласи дека пензиите денескка, во однос на 2016 година се зголемени за 55% и ќе продолжат да растат.
„Јас ветувам дека ќе работам ден и ноќ да ги исполнам очекувањата на мнозинството граѓани да живеат во европска Македонија. Не се откажавме досега, нема да се откажеме ниту отсега. Ние не се откажуваме од иднината“, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, на предизборниот митинг на СДСМ и Коалицијата за европска иднина во Демир Капија.
Македонија
Ковачевски: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
„СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата. Ние нудиме јасен план и визија како до 2030 година Северна Македонија да стане земја членка на ЕУ. Наспроти нашите политички конкуренти ВМРО – ДПМНЕ кои немаат ниту план, ниту визија, ниту одлучност, ниту волја да го направат тоа“, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, од предизборниот митинг во Демир Капија.
Ковачевски нагласи дека изборот е кристално јасен.
„Избирате помеѓу надеж за подобра, европска иднина со СДСМ или безнадежност и враќање назад со ВМРО ДПМНЕ. Нашите идеи се прогресивни, со јасна визија за европска иднина на државата за што имаме голема поддршка од нашите пријатели од ЕУ“, истакна Ковачевски.
Претседателот на СДСМ додаде дека од друга страна, Мицкоски ќе го одолговлекува европскиот пат и за тоа ќе го обвини Брисел.
„ВМРО-ДПМНЕ не нуди никаков план за јасен напредок во евроинтеграциите, напротив, може да слушнете нивни изјави каде велат дека не треба да станеме членка на ЕУ сто години, а можеби и никогаш. Тоа покажува дека ја продолжуваат политиката на Никола Груевски. Со нив, Северна Македонија ќе се врати во чекалниците и во темното минато на недемократските процеси“, нагласи Ковачевски.
„СДСМ никогаш не се откажува! И нашите противници мора да го знаат тоа! Не ни треба враќање назад во изолација и неизвесност туку напредок и членство во ЕУ, нема откажување од подобра иднина за нашите граѓани“, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, од предизборниот митинг на СДСМ и Коалицијата во Демир Капија.