Македонија
СДСМ: Мицкоски да одговори која е неговата улога во скандалот со германскиот пратеник
Финансиски скандали ја тресат ВМРО-ДПМНЕ, а Мицкоски не одговора која е неговата улога во финансискиот скандал поврзан со германскиот пратеник Цех, порача Социјалдемократскиот сојуз.
Владејачката партија наведува дека ВМРО ДПМНЕ на чело со Христијан Мицкоски никако да се одлепи од скандали, откако угледните германски медиуми “Шпигел” и “Фокус”, објавија дека пратеникот од Христијанско-социјална унија, ЦСУ, Тобијас Цех, поднел оставка откако било откриено дека во 2016 година одработувал за ВМРО-ДПМНЕ, „предводена од корумпираниот политичар Никола Груевски“.
Станува збор за исплати од петтоцифрени суми, околу 50.000 евра кои според германските медиуми, Цех ги наплатил за консултантски услуги од ВМРО-ДПМНЕ.
„По оставката на пратеникот Цех од Германија, Мицкоски е должен да излезе пред јавноста и да одговори од каде се овие огромни суми пари, на кој начин биле исплатени и дали тоа е вистинската причина зошто финансиските извештаи на ВМРО-ДПМНЕ не се достапни на нивната веб страница? Мицкоски пред граѓаните треба да каже која била неговата улога тогаш како генерален секретар, а потоа и како претседател на ВМРО-ДПМНЕ, во крајно сомнителното финансиско работење на неговата партија.
Мицкоски залудно се обидува да го отргне вниманието од скандалите кои ја тресат белата палата. Неговите хипотеки кон режимските тајкуни и кон сите кои го поставија на лидерската позиција во ВМРО ДПМНЕ се големи, а тоа граѓаните го гледаат и токму затоа шест пати го казнуваат“, наведе СДСМ во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Едукативен мото настан утре во Кисела Вода
Утре, со почеток во 11 часот, пред салата Расадник, ќе се одржи едукативен мото настан од отворен карактер „Сите возиме, но некои знаат“.
На присутните од страна на лиценцирани инструктори, ќе им биде презентирани важноста за техничка исправност на моторното превозно средство (мопед, скутер, мотор), правилната употреба на безбедносна опрема за возење, како и справување во реални ситуации на улица.
„Низ дружење со претставници и членови од мото клубови, автошколи и здруженија ќе се изврши едукација за безбедно возење во и надвор од урбани средини, за брзината како фактор за општа безбедност и за намалувањето на загаденоста на воздухот преку користење на електрични превозни средства“, велат од општина Кисела Вода.
Македонија
Ќе се основа Медицински факултет во Битола, усвоени се законските измени
Со усвоениот Закон предложен од пратениците на СДСМ основаме Медицински факултет во Битола, изјави пратеничката Жаклина Лазаревска.
Медицинскиот факултет ќе биде во состав на Универзитетот ,,Св. Климент Охридски” – Битола а ќе ги има отсеците за општа медицина, стоматологија, фармација и Висока медицинска школа.
Како што објави Лазаревска, наставните бази на Факултетот ќе бидат Клиничката болница Битола, Специјалната болница за кардиолошки заболувања „Свети Стефан“ Охрид, Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ Охрид , Специјалната болница за нефрологија Струга и болницата со проширена дејност во Прилеп.
„Обезбедуваме висок степен на образование и обука за студенти кои ке станат идни лекари, со потребни знаења и вештини. Со основањето на Медицинскиот факултет Битола ќе го утврди своето место како регионален образовен центар и ќе даде можност на средношколците од градот и околните населени места, да студираат во своето место. Значително ќе допринесе во создавањето на нов стручен кадар, подобрување на здравствениот систем и одржување на високи стандарди за образованието, етиката и праксата во областа на медицината“, изјави Лазаревска.
Како што рече, ова ќе влијае на зголемување на квалитетот на здравствени услуги преку обучени и компетентни лекари за подобрување на здравјето на населението.
Скопје
Герасимовски: Конечно, Работнички се враќа на шампионските патеки
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски вчера вечер присуствуваше на тренингот на КК Работнички во салата Кале. Со кошаркарите разговараа за издигнувањето на тимот и потребите за достигнување на високи резултати и на следните натпревари.
„Сакам да се заблагодарам пред се и на тренерот на цел стручен тим но и на сите играчи за одличните резултати коишто ги имаме годинава. Успеавме со клубот од невозможно да направиме возможно. Клубот којшто го начекавме пред две години на 10то место со 4-5 неисплатени плати и долг од 600 000 евра да го вратиме на победничките патеки. Важно е што во моментов табелата трепка што сме на прво место и се надевам дека тоа така ќе остане и до крај. Јас верувам дека ќе имаме успех оваа сезона и уште поголем успех следната“, им порача Герасимовски на кошаркарите.
При средбата Герасимовски ги извести играчите дека општина Центар го има имотниот лист на салата и успеа да го исполни ветувањето дека ќе ја врати сопственоста на салата под ингеренции на општината.
Општина Центар на крајот на минатата година доби финансиски средства од Владата во вредност од 30 милиони денари наменети за реконструкција на салата, при што Герасимовски ги информираше играчите со процесот и проект планот кој е веќе во изработка за реновирање на матичната сала на Работнички. Конечно Работнички се враќа на шампионските патеки, ви благодарам за тоа, порача Герасимовски.