Македонија
Седум починати и 416 новозаболени од Ковид-19 во Македонија
Министерството за здравство информира дека во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2.705 тестирања, а регистрирани се 416 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје – 186, Прилеп – 37, Кавадарци – 29, Охрид – 23, Велес и Струга – по 16, Тетово – 13, Куманово – 12, Битола – 11, Струмица – 10, Гостивар и Штип – по 8, Кочани – 7, Гевгелија, Неготино и Крива Паланка – по 5, Радовиш и Делчево – по 4, Свети Николе и Берово – по 3, Кичево, Ресен и Дојран – по 2, Пробиштип, Валандово, Кратово, Богданци и Крушево – по 1.
Регистрирани се 278 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 143, Охрид – 20, Кавадарци – 16, Велес и Тетово – по 14, Куманово – 12, Прилеп и Штип – по 7, Струга – 6, Битола и Струмица – по 5, Кичево – 4, Гостивар, Кочани, Неготино и Пробиштип – по 3, Гевгелија, Радовиш, Кратово, Крушево и Демир Капија – по 2, Крива Паланка, Свети Николе и Ресен – по 1.
Пријавени се вкупно 7 починати лица – тројца пациенти од Скопје (61, 66, 86), двајца пациенти од Струга (53 и 73) и по еден смртен случај од Охрид (69) и Кавадарци (84). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Направените 2.705 теста се преку: ИЈЗ – 488, ЦЈЗ Скопје – 84, „Авицена“ – 204, „Биотек“ – 589, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 159, „Систина“ – 214, лабораторија „Лаор“ – 146, МАНУ – 84, Судска медицина – 12, ЦЈЗ Битола – 69, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 3, ГАК – 0, „Синлаб“ – 52, „Ремедика“ – 23, лабораторија во болницата во Козле – 0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 567, УК Пулмологија со алергологија – 5, ГОБ „8 Септември“ – 6, лаборатории од странство – 0.
Досега во земјата се направени вкупно 479.430 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 96.152, бројката на оздравени пациенти е 87.122, на починати е 2.966, а бројот на активни случаи изнесува 6.064.
Според досега завршените епидемиолошки анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:
дистрибуција по градови, заболени (вкупно), активни случаи (вкупно)
Скопје 42.009, активни 2.818
Куманово 5.329, активни 240
Тетово 5.234, активни 210
Прилеп 4.746, активни 230
Гостивар 3.682, активни 122
Штип 3.552, активни 79
Битола 3.304, активни 127
Велес 3.244, активни 218
Охрид 2.995, активни 352
Кавадарци 2.864, активни 379
Струмица 2.608, активни 147
Струга 2.303, активни 159
Кочани 1.767, активни 57
Кичево 1.745, активни 76
Свети Николе 1.097, активни 25
Гевгелија 1.060, активни 100
Неготино 1.017, активни 73
Дебар 777, активни 53
Ресен 769, активни 64
Крива Паланка 755, активни 45
Радовиш 737, активни 49
Делчево 692, активни 205
Берово 617, активни 34
Пробиштип 517, активни 16
Виница 503, активни 26
Валандово 333, активни 10
Демир Хисар 254, активни 11
Македонски Брод 249, активни 10
Кратово 245, активни 21
Богданци 228, активни 6
Крушево 227, активни 37
Демир Капија 226, активни 45
Македонска Каменица 192, активни 4
Пехчево 183, активни 4
Дојран 92, активни 12
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми
Во рамки на кампањата за парламентарните избори, која почна во четвртокот, и денеска кандидатите за пратеници во шесте изборни единици ќе ги претстават своите платформи пред граѓаните во повеќе делови од државата. Во исто време продолжува и кампањата за претседателските избори, чиј прв круг ќе се одржи в среда, на 24 април, додека вториот круг треба да се одржи заедно со парламентарните избори на 8 мај.
Кандидатот за претседател поддржан од коалицијата на СДСМ Стево Пендаровски во рамки на изборниот караван денеска ќе ги посети жителите на Ново Село, Босилово, Василево, а митинзи ќе одржи во Радовиш и во Струмица.
Кандидатката за претседател на државата поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова ќе ја презентира програмата пред граѓаните во Македонска Каменица, Пехчево, Берово и Делчево.
Претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски и коалицијата „Храбро за Македонија“ ќе одржат митинг во скопската населба Карпош, а кандидатот за претседател на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија Максим Димитриевски ќе ја презентира програмата пред граѓаните во Ресен, Претор, Новаци и во Битола.
Во рамки на третиот ден од кампањата за парламентарни избори, претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски ќе биде меѓу граѓаните на Брвеница и на Тетово.
Македонија
Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост
Кандидатот за претседател Стево Пендаровски синоќа од Бутел рече дека е легитимно и дека е демократски избор секој да коалицира со кого сака. Но, понудата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за коалицирање со неговата партија, уште на првиот ден од кампањата за парламентарни избори, покажува дека тој бара помош.
„Ние среде кампања не бараме помош од пријател. Мене ми се чини дека тоа е јасен знак на слабост, затоа што господинот Мицкоски знае што го очекува на 24 април и на 8 мај. Инаку зошто би барал помош од страна?“, рече Пендаровски.
Македонија
Силјановска-Давкова со 8 прашања, како граѓаните да се решат дали и за кого ќе гласаат на изборите
Во својот говор на синоќешниот митинг во Крива Паланка професорката Горданa Силјановска -Давкова порача дека оваа власт не креира рационални политики, оти да креираше рационални политики, почнувајќи од образованието, здравството, социјалната заштита, меѓународната политика, граѓаните немаше да се чувствуваат понижени.
– Се наоѓате пред многу важен момент, да донесете клучна одлука. Како да го направите изборот? Прашајте се, прво, дали подобро живеете? Дали ви е подобра економијата? Дали ви е подобро здравството? Дали ви е подобра социјалната заштита? Дали се чувствувате посигурни? Дали вие сте горди на оваа власт? Дали мислите дека власта е горда на вас? Дали мислите дека се горди на Македонија ако се плашат да го изговорат тоа име? Дали мислите дека се горди на сите кои гинеле за Македонија ако постапуваат, не според државните и националните интереси, туку според личните и олигархиските интереси?, рече Силјановска-Давкова и додаде „дека часовникот го отчукува заминувањето на оваа делигитимирана власт и дека набрзо ќе го отчука времето на промените врзани со новата власт, како на претседателско ниво, така и на парламентарно.