Македонија
Се одбележува 11 Февруари – Меѓународен ден на девојките и жените во науката
Северна Македонија е лидер во Европа според бројот на жени истражувачи што имаат учество од 53 % во вкупниот број истражувачи во државата и тоа е потврдено во последниот објавен извештај на УНЕСКО. Им честитам на сите млади девојки и жени од овие простори што одлучиле да се занимаваат со наука. Тие се значаен столб на кој се потпира севкупниот општествено-економски тек и напредок, а секако имаат и придонес кон глобалниот развој, истакна министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, на денешната конференција организирана од страна на сопругата на претседателот на државата, Елизабета Ѓорѓиевска, а по повод 11 Февруари – Меѓународниот ден на девојките и жените во науката, на која учествуваа и повеќе други високи претставници од државата и од регионот.
Тој рече дека жените научнички заслужуваат посебна почит од општеството. Особено од институциите на системот, кои мора постојано да им овозможуваат што подобри услови и можности за работа и нивниот труд соодветно да биде вреднуван како мотив за дополнителни заложби.
„Владата токму тоа и го прави. Само во изминатата календарска година преку јавни повици речиси 243 милиони денари буџетски средства беа доделени за да се поддржи реализацијата на научноистражувачки проекти од посебен јавен интерес што ги спроведуваат јавните научни установи, како и за подобрување на условите за работа во лабораториите на јавните високообразовни и научни установи“, рече Шаќири.
Додаде и дека стимулативна мерка за создавање нови научници се и стипендиите за втор и трет циклус на студии во државата. Како што рече, првите се вратени по 10-ина години од укинувањето, а вторите, оние за докторски студии, се воведени првпат. Изрази уверување дека трендот на постојан раст на буџетот за наука ќе продолжи и во иднина.
Министерот рече дека Северна Македонија ќе продолжи и во иднина да учествува во глобалното одбележување на овој ден затоа што оваа иницијатива на Обединетите нации ја сензибилира родовата еднаквост и ја истакнува подготвеноста на жените да дадат придонес кон научната дејност додавајќи дека неодамна државата ја поддржа и Љубљанската декларација за родова еднаквост во истражување и иновации.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Тошковски: Мислам дека изборниот ден ќе помине во најдобар ред
Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека досега нема никакви нарушувања на гласањето а МВР веќе ги има распоредено сите полициски службеници ширум државата кои треба да се грижат за спроведување на фер и демократски процес.
„Немаме забележано никакви посериозни нарушувања на изборниот процес. Денот е убав, се надевам дека граѓаните ќе можат да го остварат своето гласачко право, на едни демократски избори. Покриени се сите сектори за внатрешни работи со технички услови. Се постапува според утврдените насоки од изборниот штаб“, додаде Тошковски.
Тошковски смета дека изборниот ден ќе помине во најдобар ред.
На претседателските избори учествуваат седум кандидати – пет мажи и две жени.
Кандидати се актуелниот претседател Стево Пендаровски кој е поддржан од СДСМ и коалицијата, Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ, Билјана Ванковска која е поддржана од Левица, Максим Димитриевски од движењето Знам, Стевчо Јакимовски од партијата Гром, Арбен Таравари од коалицијата Вреди и Бујар Османи кој е поддржан од Европскиот фронт.
Во Северна Македонија се одржуваат седмите претседателски избори.
Македонија
Македонија денеска избира претседател: седум имиња се на гласачкото ливче
Во Северна Македонија се одржуваат седмите претседателски избори.
Евентуалниот втор круг од претседателските избори е закажан за 8 мај, за кога се закажани парламентарните избори.
На претседателските избори учествуваат седум кандидати – пет мажи и две жени.
Кандидати се актуелниот претседател Стево Пендаровски кој е поддржан од СДСМ и коалицијата, Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ, Билјана Ванковска која е поддржана од Левица, Максим Димитриевски од движењето Знам, Стевчо Јакимовски од партијата Гром, Арбен Таравари од коалицијата Вреди и Бујар Османи кој е поддржан од Европскиот фронт.
Владата го прогласи денот на изборите за неработен.
Во избирачкиот список за претседателските избори се запишани 1.814.317 избирачи, а во странство ќе гласаат 2.569 гласачи со државјанство на Северна Македонија.
Во посебен избирачки список запишани се 2.147 лица кои издржуваат затворска казна или притвор.
Скопје
ЈСП: Јавниот превоз по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи
Јавното сообраќајно претпријатие Скопје соопшти дека јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред, а жичницата на Водно нема да работи.
Како што се појаснува во соопштението, дежурни од седум до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.