Македонија
(Видео) Се укинуваат автобуски линии, a војниците сами се снаоѓаат за превоз, обвини Независниот синдикат на професионалните војници
Независниот синдикат на професионалните војници на прес-конференција денеска обвини дека дел од институциите ги занемаруваат за нивните барања за средби со цел подобрување на условите за работа. Се обратиле со циркуларни писма до врховниот командант на вооружените сили, до началникот на Генералштабот на АРМ, до Владата, Миниситерството за одбрана. Оценуваат дека дел од институциите ги игнорирале нивните барања.
„Одговорот од врховниот командант е дека или не работат на прашањето, или резултатите не ги гледаме“, рече потпретседателот на Синдикатот, Веле Крбалески Мацедониан. Како што вели Мацедониан, побарале и средби, но не добиле повратен одговор. Од претходниот началник на Генералштабот, откако побарале средба им одговориле „Кои се прашањата за кои сакате да разговарате“, што за нив е разочарувачки.
Во Владата и во министерствата, според раководството на Синдикатот, се случиле повеќе средби во изминатите месеци и се работи на прашањата, но тоа е недоволно за нив „Континуирано се кажува дека се работи на прашањата, а резултатите не се добри за нас. Факт е една добра работа е покачувањето на платите што не беше доволно во однос на тоа што бевме занемарувани со години, но сепак е добар чекор“, рече Мацедониан.
„Одредени возни линии не се со квалитет што треба да задоволува. Ни се случува да се укинуваат автобуски линии и луѓето се снаоѓаат самите. Делот од трошокот се покрива, но луѓето не може да стигне до нив тој трошок што сами го издвојуваат за да чекаат да им се врати. Имаме касарни каде што за сите правци нема превоз. Луѓето се чудат како да стигнат до работното место“, рече потпретседателот на Синдикатот на прес-конфернецијата.
Крбалески Мацедониан рече дека вработените во Армијата се жалат до нивниот синдикат и немаат доверба во институциите: „Еден пример од нив е на вработени да им стигнува храна која е расипана, и тие нам ни се јавуваат и воопшто не реагираат кај надлежните. Да не си дозволуваме веќе такви ситуации“.
Тие им го честитаа Денот на АРМ на сите војници и вработени во Армијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Митрески: Ги зголемуваме субвенциите за енергија на 120 илјади денари за домаќинства, ранливите потрошувачи ќе добијат поголема поддршка
„Енергетската независност на Македонија е значаен приоритет за СДСМ и за Коалицијата за европска Макединија. И во време на најголемата енергетска криза, граѓаните не го почуствуваа недостатокот на светскиот пазар, затоа што водевме мудри политики и обезбедивме енергија за целата држава. Во наредниот мандат гарантираме зголемување на вкупното домашно производство на енергија за најмалку 70 проценти во однос на 2019 година, со што ќе бидеме енергетски независни“, изјави Јован Митрески, носител на ИЕ 5 за СДСМ и Коалицијата за европска Македонија.
Тој најави дека во наредниот мандат ќе биде зголемен капацитетот на обновливи извори на енергија за најмалку 100 проценти, а еден милион граѓани ќе добиваат енергија од обновливи извори.
„Ги зголемуваме субвенциите од 80 илјади на 120 илјади денари за домаќинства, ги зголемуваме мерките за заштита на правата на ранливите потрошувачи на енергија. Воведуваме забрана за изградба на нови мали хидроцентрали“, додаде тој.
Митрески најави и дека ќе продолжи поддршката на бизнисите, преку 180 милиони евра директна финансиска поддршка на домашните компании за инвестиции во производството и 3,5 милијарди капитални инвестиции и гарантираме стабилна даночна политика.
„Воведуваме 0 проценти данок на личен доход за минимална плата, како и по 200 евра за во првите 12 месеци за секое прво вработувањ на лица до 26 години. Планираме инвестиции од над 2,7 милијарди евра, за модернизација на инфраструктурата во сите општини, квалитетна инфраструктура е предуслов за растечка економија и повисок животен стандард“, додаде Митрески.
Македонија
Сајкоски: Во програмата „Платформа 1198“ за Битола предвидено е изградба на обиколница што ќе ја поврзува со Грција
Битола и битолчани ќе бидат во фокусот на идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
За Битола се предвидени многу инфраструктурни проекти. Во новата програма „Платформа 1198“ за Битола е предвидено да се изгради обиколница што ќе ја поврзува со Грција. Предвидено е да се изгради автопат кој што ќе поврзува Битола со Прилеп, а исто така предвидено е да се изгради патот Градско-Прилеп, со тоа што Битола ќе биде поврзана инфраструктурно и ќе има добра можност за економски развој, рече Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 5.
Исто така, додаде Сајкоски, предвидено е реконструкција и рехабилитација на патот Кичево-Охрид, подобрување на патната инфраструктура кон Ресен, а во програмата на ВМРО-ДПМНЕ „Платформа 1198“ предвидено е подобрување на железничката инфраструктура.
Како што рече Сајкоски, со ова, Битола ќе добие можност за економски раст и развој, можност за подобра иднина на сите, и за младите и за возрасните.
– Битола ќе го добие процутот онаков каков што треба да го има низ годините. Битола ќе биде економски центар во регионот, рече Сајкоски.
Македонија
Ковачки: Со Платформата 1198 ќе го развиваме истокот на Македонија, изградба на Клиничката болница и обиколница во Штип како и поврзување со Струмица
Полека се враќа ентузијазмот кај нашите граѓани, сите се приклучуваат на идејата за Твоја Македонија и сите ни се приклучуваат на ВМРО-ДПМНЕ. Со Платформата 1198 планираме да го развиваме истокот на Република Македонија, планираме изградба на Клиничката болница во Штип, планираме обиколница околу нашиот Штип и секако планираме физибилити студија, изработка на проект за поврзување на Штип со Струмица. Како што работи успешно нашиот градоначалник во Штип, така планираме да работиме и ние на централно ниво, рече Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и носител на Изборна единица 3.
– Ги повикувам сите граѓани масовно да ни се приклучат на 24 април да го дадат својот глас за број 2 за Гордана Силјановска Давкова да биде претседател на Македонија, а потоа на 8 мај за Христијан Мицкоски и во Изборна единица 3 да освоиме една голема победа за ВМРО-ДПМНЕ и за Република Македонија, рече Ковачки на средба со граѓаните.