Македонија
Симовски: Денес излегуваат податоците за образовните и економските карактеристики на населението
Најголемиот предизвик со кој се соочува Државниот завод за статистика е недостаток на кадар, соопшти денес директорот Апостол Сомовски на одбележувањето на 77 години од постоењето на Заводот, јубилеј кој се поклопи со денот на статистиката, 1 јуни. Директорот Симовски вели дека предизвикот со недостаток од кадар не е нов и најави дека денес Заводот ќе објави нов сет податоци од ланскиот попис со образовни, еконосмски и карактеристики за попреченост на населението.
„ Денес ни се поклопија работите, не го биравме денот да биде баш денес за нашиот јубилеј, ќе излезе третиот сет податоци од пописот 2021 година. Сет на податоци кој ќе се однесува на образовните и економските карактеристики на населението и карактеристиките во однос на попреченоста на населението. Мислам дека е сет на податоци кој сите многу долго и многу желно го исчекуваат, податоци кои во суштина ќе ја покажат вистинската состојба во државата со работната сила со степенот на образованието на населението, она што значи образование во тек и уште низа податоци кои ќе дадат многу можности и за анализи и за употреби во реалниот живот“; рече директорот Симовски.
Тој најави дека се работи за огромен сет податоци кои е тешко да се искоментираат во една реченица, но за сите е заедничко тоа што ја отсликуваат реалната слика во државата.
„ Она што не треба да не изненади е тоа што ние не треба да очекуваме дека сме најобразованите, најекономски активното население во светот. Си ги знаеме проблемите со кои се среќаваме, тие се реален одраз на состојбите во државата. Статистиката е тука да ги покаже токму онакви какви што се, не онакви какви што би сакале да бидат. Можеби некогаш ќе бидат на наше задоволство, севкупно, некогаш ќе бидат на наше жалење, но ние мораме да ги објавиме реалните податоци. Апсолутно такви се овие податоци“, вели директорот Симовски.
Предизвикот со нови вработувања вели дека не е нешто што може веднаш да се реши поради природата на работата за која смета дека е потребна обука од околу две години.
„ Нашата институција е дел од администрацијата во државата но има свои специфики. Потребно е специфично знаење кое што за жал не можеме да го стекнеме во образовниот процес кој што го имаме во државата бидејќи не постои факултет за статистика. Клучното знаење го прибираме со нашето искуство, со работа. Не се станува статистичар од денот на вашето вработување. Ви требаат најмалку година и пол до две да ги стекнете елементарните познавања да можете самостојно да спроведувате истражување. Од друга страна веќе четири години немаме вработено ниту еден човек во нашиот Завод, а повеќе од 100 лица напуштија. Кој поради пензионирање кој поради тоа што нашол подобри услови за работа, подобри работни места. Ова е клучниот предизвик со кој се среќаваме“, рече директорот Симовски.
Од веќе објавените податоци, кои се само на интернет, Симовски најави дека деновиве ќе дадат во печат пописен атлас во кој сите бројчани податоци ќе бидат претставени како карти, мапи.
До крајот на летото најави дека ќе објават уште еден голем сет податоци, а до крајот на годината ќе објават густина на населението на квадратен километар, карактеристики на населението на квадратен километар, податоци клучни за просторното планирање за урбаните и руралните средини.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата
Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на Достоинство, Стојанче Ангелов по првиот круг од претседателските избори.
„Затоа е потребна општа мобилизација за уште посилна победа на коалицијата “Твоја Македонија” предводена од ВМРО ДПМНЕ. Граѓаните ги отпишаа СДСМ, да запнеме сите заедно да ги отпишеме и ДУИ. Овојпат ДУИ мора да падне! Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата!“, порача Анеглов.
Ангелов пред еден месец соопшти дека неговата партија излегува од коалицијата предводена од СДСМ.
Тој со години се залагаше воените инвалиди и семејства на загинатите бранители да бидат обештетени, но немаше слух од своите коалициони партнери. Како што самиот рече, добивал поддршка од премиерот Димитар Ковачевски и министерката за одбрана Славјанка Петровска, но поради противењето на ДУИ тоа не се случило.
Македонија
Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи
Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските избори освои само 8.103 гласа, односно 0,90 %. Тоа е помалку од бројот на собрани потписи за претседателската кандидатура зад која му се потпишаа 10.000 граѓани.
Јакимовски во неговата општина освои 2.143 гласа, а во родната Крива Паланка за Јакимовски гласале 182 граѓани.
Тој вчеравечер призна пораз и ѝ честиташе водство на Гордана Силјановска-Давкова. Додаде дека не е задоволен од изборниот резултат.
Поразот на Јакимовски вчера беше главна тема на социјалните мрежи.
Стевчо Јакимовски ни комшиите не го гласале. Пошо да го гласаа ќе тепаше у прв круг.
— Ракун (@HumoroidM) April 24, 2024
Стевчо има повеќе квадрати во една општина свои отколку гласови
— БУГАРСКИ ПАСОШ🇲🇰 (@NemamBgPasos) April 24, 2024
И доктортот Нико Беќаровски за него објави хумористичен статус.
„Стефчо Јакимовски собра повеќе потписи од гласови“, напиша тој на „Фејсбук“.
Стевчо Јакимовски во првиот круг заврши последен по бројот на гласови на претседателските избори.
Македонија
Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро
На 75 години денеска почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро по кусо боледување, потврди семејството. Тој важи за еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија.
Тој соработуваше со најголемите југословенски естрадни ѕвезди, а беше познат и како крал на местенките во фудбалот.
Соработуваше со големи музички ѕвезди, како Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгоевиќ, „Бјело дугме“, Тереза Кесовија, Лепа Брена.
Своевремено има изјавено дека организирал 5.000 концерти и многубројни турнеи во повеќе од тридецениската кариера како менаџер.