Македонија
Советникот на Пацоли: Моринa нема да биде испорачан во Србија од Северна Македонија
Јелтир Зиберај, кој е советник на косовскиот министер за надворешни работи, Беџет Пацоли, ја отфрли можноста Томор Морина, кој беше уапсен во Македонија по потерница од Интерпол, да биде испорачан во Србија, пренесуваат приштинските медиуми.
Зиберај изјави дека се преговара со допломатските и меѓународните врски за да се обезбеди што побрзо ослободување на Морина, пренесе „Онаса“.
Тој беше уапсен на граничниот премиер по потерница на Интерпол што ја издала Србија и која го бара поради воени злосторства против цивилите во Косово.
Белградските медиуми пренесоа дека српското Министерство за правда поднело барање до Северна Македонија за негово испорачување.
Вицепремиерот Бујар Османи вчера изјави дека во текот на денот ќе го посети Морина во затворот во кој е донесен по апсењето.
„Морина треба да биде ослободен. Навистина е ужасно ова што се случи бидејќи влијае на односите помеѓу Северна Македонија и Косово“, изјави Османи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево и топло време со температура до 27 степени
Времето денес ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.
Во Скопје сончево и топло со слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 25 степена, јавува УХМР.
Во наредните денови следува период на сончево и топло време со пораст на температурата кон викендот. Утринските температури ќе бидат постојано над нулата, а поголемо наоблачување со услови за појава на дожд се очекува на почетокот на следната недела и ќе биде проследено со умерено спуштање на температурата.
Македонија
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Скопје
Без струја дел од Карпош
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе остане дел од Карпош.
Од 9 до 14.30 часот корисниците од улицата Мексичка, улицата Хаванска и дел од улицата Варшавска во општина Карпош ќе бидат без струја.