Македонија
Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Економијата е во рецесија, а Шилегов вработува 135 партиски војници
„Економијата е во рецесија, за 10 месеци 55 илјади луѓе останаа без работа поради корона-кризата, а градоначалникот Шилегов вработува 135 партиски војници во градската администрација. Владејачкото мнозинство во Советот на Град Скопје и Петре Шилегов донесе одлука за вработување на 135 нови партиски вработувања на определено време во Град Скопје, за кои советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата гласаше против“, сооппшти советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.
Според нив, меѓу листата на работни места која се отвора е и за дополнителен возач на Шилегов затоа што претходно вработениот е унапреден во раководител на одделение во друго градско претпријатие.
Наместо стручна администрација Градот Скопје добива партиска администрација.
„Пред изборите Шилегов и Зоран Заев ветуваа намалување на градската администрација за 20 проценти, а сега дополнително ја превработуваат со нови 135 партиски војници.Градоначалникот Петре Шилегов освен консултант е и главен вработувач на партиски војници. Нема објаснување што ќе работат и каде ќе им се најде простор на овие нововработени. Кога граѓаните на Скопје се незадоволниза некој нерешен проблем, треба да знаат дека нема пари поради тоа што Шилегов ги дава на партиски вработени. Воедно забеганоста на Шилегов е дотолку поголема што Градот Скопје потроши половина милион евра среде рецесија и корона-криза за макети од жирафи, динусароси и користени лампиони“, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Мицкоски: Постојниот простор на СВР Охрид ќе се стави во функција на градот, надземно ќе биде убав парк, а подземно катна гаража
„Денеска на покана на министерот и градоначалникот сум во Охрид, да дадам и јас лично поддршка на проектот кој тие двајца го најавија дека тоа ќе биде еден од приоритетите на идната влада на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Твоја Македонија. Станува збор за простор на СВР Охрид кој ќе се стави во функција на општина Охрид или ќе биде надземно убав парк, а подземно катна гаража“, кажа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Ценам дека треба да се слушаат потребите на граѓаните, треба да се слушаат потребите на тие кои се избрани од граѓаните.
Ценам дека на овој начин ќе се овозможи еден поголем комфор во рамките на градското централно подрачје во Охрид во оној дел каде што е туристичка зона и ценам дека како држава треба да поддржуваме проекти кои ќе значат додадена вредност за средините во кои се прават. Еден од тие проекти е овој овдека.
Така што уште еднаш од мене голема благодарност и до министерот и до градоначалникот на поканата. Очекувам вакви и слични проекти и во иднина во други области во Македонија“, изјави Мицкоски.
Сервисни информации
Сообраќајот на патот Прилеп-Македонски Брод, се одвива наизменично по една коловозна лента
Во 14:58 часот сообраќајот на регионалниот пат Прилеп-Мак.Брод, сообраќајот се одвива наименично по една коловозна лента.
АМСМ информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Апел за помош за малиот Војдан
„Почитувани, ви се обраќам како очајна мајка на Војдан, кој е дете со церебрална парализа. Војдан е предвремено родено дете, кој е борец уште од првата секунда од неговиот живот. 71 ден ги помина во инкубатор, на респиратор, со мал милион дијагнози и прогнози, но тој се избори и си дојде дома.
Кога мислевме дека нема крај на нашата среќа. Господ повторно ни го зададе најголемиот удар, на Војдан му дијагностицираа Церебрална парализа. 8 месеци ги поминавме по болничките лавиринти во нашата држава, со што немаше значителен напредок. Од негови 11 месеци, одиме на рехабилитација во Загреб. Одиме секој месец и остануваме таму по една недела. Војдан има сериозен напредок во неговата битка, која продолжува и од кога ќе се вратиме дома. Секојдневно има физикална терапија, со што јас како родител сум обучена да работам со него, дефектолошки и логопетски третман одиме на приватно. Фондот за здравство не ни го признава лекувањето на Војдан, па цели овие години одиме со помош на нашиот хуман народ. Како мајка на која единствена желба и е здравјето на нејзиното дете, уште еднаш и до бескрај ги молам сите хумани граѓани кој се во можност да ни помогнат за Војдан да излезе како победник во битката“.
Информации околу кампањата за собирање на донации имате тука