Македонија
Сончево и студено, со пораст на температурите
Утрово, најниската температура била измерена во Берово од -9 степени, -8 степени биле измерени во Струмица, Тетово и во Демир Капија, -7 во Гевгелија, Скопје – Зајчев Рид, Крива Паланка и во Штип, -6 во Битола, Куманово и во Прилеп, -5 степени во Виница, -3 во Дојран, -2 Охрид и Претор, 0 степени во Крушево, Дебар и на Попова Шапка, 1 степен во Маврови Анови.
Снежната покривка во седум часот изнесувала 43 сантиметри на Попова Шапка, 36 во Маврови Анови, 11 во Пожаране и 7 сантиметри во Крушево.
Во текот на ноќта и иозутринава, според УХМР, било студено во централните и источните делови од земјата. Утринава има сѐ поголема облачност на западот и особено на југозападот има побрз пораст на температурата во Охрид и Претор – +5°С во 7 часот. На повисоките места, особено на западот, дува и умерен западен ветер.
Денеска, ќе биде сончево со мала до умерена облачност поголема во западните делови и со услови за слаба магла наутро во одделни котлини. Ќе дува слаб, а во западните делови умерен ветер од југозападен правец. Максималните температури ќе бидат во интервал од 3 до 10 степени.
Во Скопје сончево, но студено, со мала до умерена облачност и со слаб променлив ветер. Максималната температура ќе достигне до 3 степени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара
Со оглед на тоа што се уште се преземаат дејствија за обезбедување докази, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка краткотраен куќен притвор во траење од 48 часа за две од лицата кои беа задржани во врска со убиството на лекар во скопската населба Железара, извести Обвинителството.
Како што велат од Обвинителството, предлогот е прифатен и бараната мерка е определена.
Македонија
„Мицковски е ист како Груевски, злоупотребени децата во Гевгелија“, вели СДСМ
„Христијан Мицкоски е ист како неговиот претходник и ментор Никола Груевски. За врме на посетата на Мицкоски на Гевгелија беа злоупотребени млади лица и ученици, исто како што правеше Груевски, кога се редеа деца за да го поздравуваат“, соопшти СДСМ.
„На ист начин вчера, под палка на локалната власт на ДПМНЕ во Гевгелија беа поставени ученици да му аплаудираат, овој пат на Мицкоски.
Мицкоски е ист како Груевски. Во ДПМНЕ нема никакви промени. Тоа се истите методи на ДПМНЕ и истите ликови.
Мицкоски сака да продолжи каде застана Груевски.
Граѓаните не забораваат како изгледаше кога менторот на Мицкоски, Груевски нѐ заглави и не донесе до дното“, се наведува во соопштението на СДСМ.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови
„Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Идната влада ќе имплементира модел за намалување на цените и ограничување на маржите на лековите и медицинската опрема. Народот не смее да го преплаќа лекот.
Ќе се спроведе ревидирање и модернизирање на позитивната листа на лекови со вклучување на најголем дел од основните лекарства кои граѓаните ги користат.
Лековите мора да се издаваат согласно потребите на пациентот, со персонализирана и индивидуализирана терапија. ВМРО-ДПМНЕ има за цел да го крене здравството на сосема ново ниво“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.