Македонија
Сопственикот на фризерницата тврди дека не зел пари во кеш
Сопственикот на фирзерницата „В.Е.З. трејд“, Зоран Златковски, тврди дека не зел пари во кеш од лица вклучени во неговите проекти, кои претходно им ги исплатил на трансакциска сметка. Тој тврди дека парите се префрлени кај ангажираното лице, па вратени на сметката од „В.Е.З. трејд“ поради тоа што, како што вели, од неразбирливи причини лицето ги откажало ангажманите.
Златковски заедно со Димова одржа онлајн прес-конференција, на која објасни како се доделувале парите за „Еразмус+“, но и за нивното трошење.
„Случајот е документиран и пријавен во Националната агенција. Извршени се сите проверки и преземени се сите мерки. Тој случај влезе и во завршниот извештај на проектот кој е затворен, без никаков проблем. Во врска со случајот, потпишани се сите договори, префрлени се сите пари што требало да му бидат префрлени на обучувачот и поради недоразбирања, овој договор е раскинат со спогодба. И тука завршуваат сите недоразбирања. Лицето бараше да биде иззмено, тоа е направено, никогаш не е ангажирано за никаков проект, ниту во проектот каде што беше планирано, а кфалификувано, затоа што сметаше дека може да одоговри на задачите. Но, кога дојдоа задачите на ред да се извршат, од неразбирливи причини, таа го откажа учеството и парите што ѝ беа префрлени на нејзината сметка се обиде да ги задржи за себе. Но, под притисок тие пари мора да бидат вратени, и тоа беше направено. И правно беше завршена работата. Она што се случи вчера беше изненадување за мене затоа што никогаш ОЛАФ не ме информирал мене, ништо не беше доставено до мене. Овој случај за ‘В.Е.З. трејд’ е затоврен. Но, дали има реперкусии со ова, со тоа што се прекршуваат одредени правила што се вградени во договорот, ќе видиме понатаму“, вели сопственикот на фризерницата, Златковски.
Директорката на Националната агенција за европски образовни програми, Лидија Димова, посочи дека пријави против Златковски имало кај неа, но и во Брисел ѝ била направена проверка. Димова тврди дека кога се провериле наводите, немало прекршувања од страна на „В.Е.З. трејд“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево и топло време со температура до 27 степени
Времето денес ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.
Во Скопје сончево и топло со слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 25 степена, јавува УХМР.
Во наредните денови следува период на сончево и топло време со пораст на температурата кон викендот. Утринските температури ќе бидат постојано над нулата, а поголемо наоблачување со услови за појава на дожд се очекува на почетокот на следната недела и ќе биде проследено со умерено спуштање на температурата.
Македонија
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Скопје
Без струја дел од Карпош
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе остане дел од Карпош.
Од 9 до 14.30 часот корисниците од улицата Мексичка, улицата Хаванска и дел од улицата Варшавска во општина Карпош ќе бидат без струја.