Контакт

Македонија

Со договорот за името МАНУ и МРТ ќе се преименуваат

Објавено пред

„Академија на науките и уметностите на Република Северна Македонија“ – вака би гласело новото име на Македонската академија на науките и уметностите според договорот што Македонија и Грција викендов треба да го потпишат во Преспа. Во согласност со договорот треба да се преименуваат и други државни институции што го содржат името, како, на пример, Македонската радио-телевизија… Сите други организации, компании, здруженија, какви било активности и атрибути може слободно да се именуваат како македонски и да ја користат придавката македонски како дома така и секаде во странство.

dobivaj vesti na viber

Претседателот на МАНУ, Таки Фити, пред неколку месеци го изрази ставот на Академијата да не се прифаќа во преговорите да се отвора прашањето за идентитетот, ниту име за севкупна употреба ерга омнес, односно име за севкупна употреба никако не смее да се прифати бидејќи тоа значи менување на Уставот. Тоа носи обезличување на Македонците. Иредентизмот не може да биде оправдување за менување на Уставот. Нашата Влада ќе мора да се избори решението да не биде за севкупна употреба ако сака тоа да биде достоинствено решение. Менување на Уставот и име за севкупна употреба ќе биде опасна ситуација“, кажа претседателот на МАНУ, Таки Фити, на едно медиумско гостување.

Притоа додаде дека доколку се прифати име за севкупна употреба, тогаш ниту МАНУ нема да се вика Македонска академија на науките и уметностите, туку ќе треба да се прекрсти. Од тоа произлегува дека, освен МАНУ, ќе треба да бидат преименувани и други национални институции, како Народната банка на Република Македонија, АРМ, Друштвото на писателите на Македонија, Фудбалската федерација на Македонија… Тоа, според претседателот на МАНУ, е апсурдно.

Според најавите, договорот што го постигнаа македонскиот премиер Зоран Заев и неговиот грчки колега Алексис Ципрас в сабота треба да биде потпишан во Преспа по што треба да биде ратификуван во парламентите на двете држави. За денеска е најавена владина седница, на која Заев најави дека документот ќе се декласифицира и ќе ѝ биде достапен на јавноста. Во меѓувреме во Грција е објавена англиска верзија на документот, во кој се изнесуваат детали од договореното.

Па, така, во согласност со член 1 од договорот, „придавската референца за државата, за нејзините официјални тела и за други јавни институции ќе биде во согласност со официјалното име на втората страна или со нејзиното скратено име, што значи ‘на Република Северна Македонија’ или ‘на Северна Македонија’. Другите употреби на придавката, вклучувајќи ги и оние што се однесуваат на приватните субјекти или актери, кои не се поврзани со државните и јавните субјекти, што не се опфатени со законот и немаат финансиска поддршка од државата за активности во странство, може да бидат според член 7 (3) и (4). Употребата на придавката за активности може да биде според член 7. Ова е без предрасуди кон процесот утврден со членот 1 (3) и сложените имиња на градовите што постојат на датумот на потпишувањето на овој договор“.

Во согласност со член 1 од договорот официјалното име за севкупна употреба ќе биде „Република Северна Македонија“ или скратено „Северна Македонија“. Договорот предвидува превод на името Република Северна Македонија на сите јазици, на пример: Republic of North Macedonia. Договорот не предвидува транскрипција на името Република Северна Македонија на латиница.

Во однос на јазикот договорот предвидува дека официјален јазик на нашата држава е „македонски јазик“, кој е преведлив на сите јазици (на пример, на англиски јазик Macedonian language). Во однос на македонскиот јазик во ООН во Њујорк останува да пишува – МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК – без никаква фуснота со дообјаснување. Во самиот договор има член во кој се нотира научниот факт дека македонскиот јазик е дел од јужнословенската група јазици. Во однос на државјанството/националноста (Nationality) тоа е утврдено во договорот како „македонско/граѓанин на Република Северна Македонија“ преведливо на сите јазици (на пример, на англиски јазик: Macedonian/citizen of the Republic of North Macedonia).

Имплементацијата на договорот ќе се случува етапно, а тој ќе стапи во сила кога двете страни ќе го прифатот во согласност со внатрешните процедури. Доколку која било од страните не го прифати договорот во согласност со внатрешните процедури, тоа ќе значи дека договорот не важи.

 

Македонија

„Рекет“ не е расчистен, барам фер шанса за да ја докажам својата невиност, Заев беше човекот што комуницира директно со сите, вели Бојан Јовановски

Објавено пред

Бојан Јовановски денеска во Кривичниот суд предаде барање за повторување на кривичната постапка за предметот „Рекет“ во кој како првообвинет беше осуден на казна затвор од девет години.

dobivaj vesti na viber

Оваа одредба, како што појасни тој, ја користи врз основа на прибавување на нови докази.

Барањето, како што рече, е поднесено поради нови околности и докази кои не биле употребени во доказната постапка.

„Случајот „Рекет“ не е расчистен. Тој случај треба целосно да се расчисти, сите инволвирани да одговараат, а јавноста конечно да дознае што точно се случувало и каде се парите. Затоа, денеска официјално во Основниот кривичен суд поднесувам барање за повторување на кривичната постапка под името „Рекет““, истакна тој.

Кажа дека поседува цврсти докази кои наскоро ќе ги приложи, посочувајќи го експремиерот Зоран Заев дека е човекот кој комуницирал директно со сите лица кои биле кривично засегнати со постапките на СЈО.

„Обвинителката Вилма Русковска презентираше само две-три пораки кои сум ги разменил јас со тогашниот премиер Зоран Заев, а токму од тие две-три пораки излегува дека Зоран Заев знаел за случајот „Рекет“, но во една позитивна афирмативна смисла, односно дека тој е човекот кој го бранел законот. А јас ќе ви кажам дека тој е сè, само не е човекот кој го бранел законот. Значи, Зоран Заев беше човекот кој комуницираше директно со сите лица кои беа кривично засегнати во постапките на Специјалното јавно обвинителство. Зоран Заев беше човекот кој во позиција на моќ имаше реален авторитет и можеше да влијае врз многу постапки и влијаеше врз многу постапки“, кажа Јовановски.

Појасни дека зад случајот „Рекет“ стоела една политичка консталација на притисоци.

„Јас сум единствениот цивилен граѓанин во ова општество кој што е суден за кривично дело кое е предвидено за лица кои вршат службена положба. Досега се судени Сашо Мијалков и Никола Груевски, третиот суден по ова кривично дело сум јас, но разликата е тоа што тие вршеле службена положба а јас сум бил цивилен граѓанин“, изјави тој.

„Барам да ми биде дадена шанса во фер постапка, а не извитоперена и избрзана, да ја докажеме материјалната вистина и фактичката состојба, што навистина со случувало во фамозниот „Рекет“, случај зад кој стоеше една цела констелација на политички притисоци“, додаде Боки 13.

Тој истакна дека притисоци му биле вршени и во пресрет на денешната прес-конференција, но како што рече, воопшто не се плаши и ќе продолжи и понатаму да зборува.

Прикажи повеќе...

Македонија

Бојмацалиев: Една година ФРОНТЕКС – прв договор потпишан на македонски јазик со ЕУ

Објавено пред

Дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи, Митко Бојмацалиев, заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски, и државната секретарка, Магдалена Несторовска, оствари работна средба со раководството на Регионалниот центар за гранични работи „Југ“ по повод одбележувањето една година од почетокот на мисијата на ФРОНТЕКС во Република Северна Македонија, а со цел промоција на соработката помеѓу претставниците на ФРОНТЕКС во локалниот координативен центар и одговорните старешини од РЦ за ГР ЈУГ, како и промовирање на европскиот пристап на координирање на сите заеднички активности и справување со предизвиците.

dobivaj vesti na viber

„Одбележуваме една година од работата на макеоднската полиција заедно со ФРОНТЕКС, со цел да ги одбраниме нашите и границите на ЕУ од прилив на мигранти. Тоа успешно го правиме од 2015 до денеска. Договорот е од историска важност, тогашниот министер Оливер Спасовски ја имаше честа да го потпише со Европската Унија и ја отвори вратата за поинтензивна оперативна соработка заснована на доверба и меѓусебно почитување“, истана Бојмацалиев во изјава за медиумите заблагодарувајќи се до Тасевски и Несторовска за напорите што ги направија договорот да биде на македонски јазик и успешно да функционира во нашата држава.

„Со тоа уште еднаш покажуваме дека македонската полиција е рамо до рамо со европските полиции, заедно работиме и од неодамна имаме барање од други полиции да вршиме обуки на нивните службеници како се справуваме со миграцијата. Од земја што бараше помош од другите држави за справување со миграцијата, сега нудиме помош“, рече Бојмацалиев.

Прикажи повеќе...

Македонија

Ковачки ги повика неопределените да гласаат: „ Да се обединиме за идејата ‘Македонија повторно твоја’“

Објавено пред

Народот е подготвен и обединет за промени, приклучете се кон ВМРО-ДПМНЕ за да ја поразиме оваа ненародна и криминална влада на СДС и ДУИ, порача Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 3.

dobivaj vesti na viber

„Денеска сме во Кратово, Ранковце и Крива Паланка. Тука сме да презентираме проекти од Платформата 1198, ќе поразговараме со сите граѓани. Ги повикувам сите граѓани кои сеуште не се определиле и кои што ја чувствуваат позитивната енергија која што доаѓа од ВМРО-ДПМНЕ, да се обединиме околу идејата за Македонија повторно твоја, да се обединиме околу проблемите“, рече Ковачки.

Како што додаде вчерашниот митинг во Охрид покажал дека народот е подготвен и обединет за промени, а ВМРО-ДПМНЕ е партија за македонско национално единство.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија19 минути

„Рекет“ не е расчистен, барам фер шанса за да ја докажам својата невиност, Заев беше човекот што комуницира директно со сите, вели Бојан Јовановски

Бојан Јовановски денеска во Кривичниот суд предаде барање за повторување на кривичната постапка за предметот „Рекет“ во кој како првообвинет...

Македонија2 часа

МОН известило дека деновите на изборите ќе се одработуваат во две саботи, а на 15 јуни и часовите пропшуштени поради самитот на ОБСЕ

Министерството за образование и наука (МОН) ги известило училиштата дека неработните денови на одржување на изборите ќе се одработат во...

Топ3 часа

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 23-годишник осомничен за кривично дело тешка кражба од член 236 став 1 точка...

Свет3 часа

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Соединетите Американски Држави ставија вето на нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации „Државата Палестина да биде прифатена како...

Свет3 часа

Небензја: Америка го крши духот на Палестинците, ги принудува да му се покорат на Израел

САД, кои ја блокираа резолуцијата за Палестина во Советот за безбедност на ОН, се обидуваат да ја скршат волјата на...

Македонија3 часа

Мицкоски: Преземам иницијатива за создавање национално единство, и запирање на сите напади кон Левицата и ЗНАМ, државата е одземена од народот

„ВМРО-ДПМНЕ – ВМРО Демократска партија за македонско национално единство, тоа е многу силно име, кое не само заради историското ВМРО...

Македонија4 часа

Маричиќ: Оваа Влада ги покачи пензиите 50 проценти и ветуваме дека во наредниот мандат просечната пензија ќе биде од 500 евра

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде...

Свет4 часа

Си-ен-ен: Остин разговараше со Галант пред нападот на Иран, Вашингтон не ја поддржува оваа акција

Американскиот секретар за одбрана, Лојд Остин, разговараше во четвртокот со израелскиот министер за одбрана, Јоав Галант, за „регионалните закани и...

Свет4 часа

Трамп: Опстанокот на Украина е важен за САД

Доналд Трамп рече дека опстанокот на Украина е важен за Соединетите Американски Држави. Поранешниот претседател поголемиот дел од својата објава...

Свет4 часа

(Видео) Светските медиуми: Израелски проектил го погоди Иран

Израел го нападна Иран, јавуваат светските медиуми. Ројтерс цитираше изјава од три лица запознаени со ова прашање, додека иранските државни...

Македонија13 часа

(Видео) Силјановска -Давкова: На 9 мај ќе го славиме Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, но ќе славиме и за Македонија

„На 9-ти мај ќе го прославуваме Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа! На 9-ти мај, ќе ја...

Македонија14 часа

Мицкоски: Повикувам на обезбедување на македонско национално единство, обзнанувам мораториум и запирање на сите напади кон партиите Левица и ЗНАМ

Нашето име е ВМРО-ДПМНЕ, ВМРО – демократска партија за македонско национално единство. Тоа е многу силно име, кое не само...

Македонија14 часа

(Видео) Ковачевски: Со Мицкоски и ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа

Со Мицкоски и ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа, рече претседателот на СДСМ,...

Македонија16 часа

(Видео) „Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот“, рече Пендаровски во Виница

Како дел од изборната кампања, кандидатот за претседател Стево Пендаровски попладнево беше меѓу граѓаните на општина Виница. На прашање на...

Македонија19 часа

Министерството за здравство за приватните специјализанти: Решение ќе има после изборите

„Министерството за здравство секогаш се залага за подобрување на условите за работа на здравствените работници и соработници, кои меѓу нив...

Македонија23 часа

Наместо покачена 12 отсто, вработените во културата не добија никаква плата, од утре излегуваат на протести

Доколку до крајот на денот не им биде исплатена платата за март на 3.000 вработени во културата, од утре тие...

Македонија24 часа

Сексизам, дискриминација, навреди и говор на омраза од Пендаровски и лица вклучени во неговата кампања: Силјановска-Давкова со нова претставка

Гордана Силјановска-Давкова денеска поднесе нова претставка до Државната изборна комисија, Комисијата за заштита од дискриминација, ОБСЕ – Организација за безбедност...

Македонија24 часа

ДУИ симулира седница на која Бугарите влегоа во Уставот, Села е претседател на Собранието, а Османи на државата

„Европскиот фронт“ предводен од Демократската Унија за интеграција симулираше конститутивна седница на Собранието, со тоа, сликовито прикажувајќи што би се...

Македонија1 ден

Пендаровски: Ја вративме слободата, изградивме еднакво општество, имаме силна поддршка од најмоќните демократски држави

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски вчерашниот ден од изборната кампања го заокружи со граѓански митинг во Гостивар. Пред присутните Пендаровски...

Свет1 ден

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Лидерите на Европската унија вчера одлучија да ги зголемат санкциите против Техеран додека светските сили се обидуваат да спречат поширок...