Македонија
Со учество на климатскиот самит почнаа активностите на владината делегација на 74. Генералното собрание на ОН
Светските лидери учесници на 74-тото Генерално собрание на Обединетите нации во седиштето на организацијата во Њујорк, денеска го почнаа официјалниот дел од програмата, на која оваа година во фокусот е Самитот за климатски промени.
Шефовите на држави и влади и членовите на нивните делегации дојдоа со заложба да ги поттикнат акциите за заштита на планетата утврдени со Парискиот договор.
Претседателот на Владата, Зоран Заев, и владина делегација, во состав заменик-претседателот во Владата за европски прашања, Бујар Османи, и министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, ќе учествуваат во работата на меѓувладиниот панел за климатски промени и на други форуми, каде што ќе бидат презентирани и усогласени национални агенди за намалување на емисиите на јаглероден диоксид и други честички што ја уништуваат озонската обвивка и што го загадуваат воздухот.
Справувањето со климатските промени како носечка тема оваа година на Генералното собрание на ОН има цел да го помогне остварувањето на одржливите цели за развој усвоени во 2015 година, кои дополнително ќе бидат евалуирани на уште еден од петте самити на Собранието оваа година.
Денеска, во седиштето на ОН во Њујорк почнува работата и на Самитот за универзален пристап до квалитетни здравствени услуги, на кој свое обраќање ќе има министерот за здравство, Венко Филипче, а наредните денови се отвора работата и на Самитот за финансирање на развојот.
Во рамките на денешната агенда, претседателот на Владата, Зоран Заев, ќе присуствува на посебниот настан во организација на Мисијата на САД во ОН – „Глобален повик за заштита на верските слободи“, на кој главен говорник е претседателот на САД, Доналд Трамп.
Присуството на највисоки претставници на земјите членки на ОН, шефови на држави и влади, делегацијата на Владата на Република Северна Македонија ќе го искористи за повеќе билатерални средби и учества на повеќе форуми, собири и други настани на маргините на 74-тото Генерално собрание на ОН.
Во текот на денешниот ден премиерот Заев и членовите на владината делегација ќе остварат одделни средби со премиерот на Естонија, Јури Ратас, и со делегацијата на Азербејџан, предводена од министерот за надворешни работи, Новруз Мамадов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Мицкоски: Постојниот простор на СВР Охрид ќе се стави во функција на градот, надземно ќе биде убав парк, а подземно катна гаража
„Денеска на покана на министерот и градоначалникот сум во Охрид, да дадам и јас лично поддршка на проектот кој тие двајца го најавија дека тоа ќе биде еден од приоритетите на идната влада на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Твоја Македонија. Станува збор за простор на СВР Охрид кој ќе се стави во функција на општина Охрид или ќе биде надземно убав парк, а подземно катна гаража“, кажа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Ценам дека треба да се слушаат потребите на граѓаните, треба да се слушаат потребите на тие кои се избрани од граѓаните.
Ценам дека на овој начин ќе се овозможи еден поголем комфор во рамките на градското централно подрачје во Охрид во оној дел каде што е туристичка зона и ценам дека како држава треба да поддржуваме проекти кои ќе значат додадена вредност за средините во кои се прават. Еден од тие проекти е овој овдека.
Така што уште еднаш од мене голема благодарност и до министерот и до градоначалникот на поканата. Очекувам вакви и слични проекти и во иднина во други области во Македонија“, изјави Мицкоски.
Сервисни информации
Сообраќајот на патот Прилеп-Македонски Брод, се одвива наизменично по една коловозна лента
Во 14:58 часот сообраќајот на регионалниот пат Прилеп-Мак.Брод, сообраќајот се одвива наименично по една коловозна лента.
АМСМ информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Апел за помош за малиот Војдан
„Почитувани, ви се обраќам како очајна мајка на Војдан, кој е дете со церебрална парализа. Војдан е предвремено родено дете, кој е борец уште од првата секунда од неговиот живот. 71 ден ги помина во инкубатор, на респиратор, со мал милион дијагнози и прогнози, но тој се избори и си дојде дома.
Кога мислевме дека нема крај на нашата среќа. Господ повторно ни го зададе најголемиот удар, на Војдан му дијагностицираа Церебрална парализа. 8 месеци ги поминавме по болничките лавиринти во нашата држава, со што немаше значителен напредок. Од негови 11 месеци, одиме на рехабилитација во Загреб. Одиме секој месец и остануваме таму по една недела. Војдан има сериозен напредок во неговата битка, која продолжува и од кога ќе се вратиме дома. Секојдневно има физикална терапија, со што јас како родител сум обучена да работам со него, дефектолошки и логопетски третман одиме на приватно. Фондот за здравство не ни го признава лекувањето на Војдан, па цели овие години одиме со помош на нашиот хуман народ. Како мајка на која единствена желба и е здравјето на нејзиното дете, уште еднаш и до бескрај ги молам сите хумани граѓани кој се во можност да ни помогнат за Војдан да излезе како победник во битката“.
Информации околу кампањата за собирање на донации имате тука