Македонија
Спасовски во Чучер Сандево: Годишна поддршка за земјоделството и руралниот развој од 200 милиони евра
„Силно сме посветени на рамномерниот регионален развој на градските и на руралните средини и на развивање на стопанските дејности во регионите, истакна носителот на листа во ИЕ 2, Оливер Спасовски, кој попладнево беше на средби во Чучер Сандево.
„Тука најразвиена стопанска гранка е земјоделството. Многумина од вас се занимаат овде со земјоделство и да знаете – кога велиме нова развојна економија, мислиме и на модерно, европско земјоделство. Во програмата се обврзуваме на годишна финансиска поддршка од 200 милиони евра за земјоделството и руралниот развој. Се обврзуваме на целосно бесплатна 100-проценти субвенционирана зелена нафта за сите земјоделци до крајот на мандатот (до 2024 година). Се обврзуваме на двојно повеќе пари за поврат на персоналниот данок за земјоделците, да продолжиме по правиот пат“, рече Спасовски.
Тој нагласи дека европските перспективи што ги отворивме носат сигурна иднина и повеќе пари за граѓаните на нашата држава, а со тоа и на земјоделците.
„По НАТО-членството, од вчера испишуваме нова историја кон ЕУ бидејќи ЕК го утврди предлогот за преговарачката рамка за преговори за членство и го достави до државите на Унијата. Европските перспективи носат развој на сите области. Со отворањето на поглавјата – 2,5 милијарди евра од европските фондови ќе бидат достапни за новата развојна економија, за зелена нафта за земјоделството, за конкурентност, за капитални инвестиции, канализации, патишта, водоводи. Продолжуваме по правиот пат, со грижа за сите, во едно општество за сите, во сигурна држава членка на НАТО и идна членка на ЕУ. И ќе има и современо европско земјоделство во Македонија“, рече Спасовски.
На средбите се разговараше и за сработеното во изминатите три години.
„Ние за овие три години овозможуваме вкупна, директна и индиректна поддршка во земјоделството во историски рекорден износ од над 430 милиони евра. Поддршката за проектот ‘Млад земјоделец’ ја зголемивме од 10.000 на 20.000 евра. Ја воведовме зелената нафта. 200 милиони денари завршија кај 55.000 земјоделци. Субвенциите се поголеми, редовните, а ги исплативме и заостанатите субвенции од времето на режимската власт, која ве делеше, потценуваше, уценуваше за државни пари што ви следуваат според законот. Обновата на режимот е опасност, коалицијата ‘Можеме’ обезбедува сигурна иднина за сите, затоа да заокружиме број 3 на изборите на 15 јули“, повика Спасовски во Чучер Сандево.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче
Полицијата во Охрид го приведе А. И. (48) затоа што го фотографирал гласачкото ливче на избирачкото место 1271 во Охрид.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираа од СВР Охрид.
Македонија
ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери
Основното јавно обвинителство Делчево истражува предмет за изборен поткуп со бесплатно поставување водомери. Обвинителот Џељаљ Бајрами, претседател на комисијата на Јавното обвинителство за следење евентуални кривични дела поврзани со изборите, извести дека се издадени наредби за увид во службената документација на Јавното претпријатие „Комуналец“ во Делчево.
„Во текот на вчерашниот ден во Основното јавно обвинителство Делчево е заведен предмет по барање на Министерството за внатрешни работи за кој се побрани наредби за вршење увид во службената документација на Јавното претпријатие ’Комуналец’, со цел да се проверат наводите за евентуално сторено кривично дело поткуп при избори и гласање. Се работи за наводно поставување водомери во поголем број населени места во таа општина. Дадена е наредба за проверка на службената документација во претпријатието. Доколку се утврди дека има елементи за сторено кривично дело поткуп при избори и гласање, предметот ќе се процесира понатака“, рече обвинителот Бајрами.
Во Основното јавно обвинителство Радовиш денес е пријавено дека во село Бучим еден од гласачите наводно го покажал гласачкото ливче кон еден од набљудувачите од една политичка партија. И за овој настан обвинителот Бајрами рече дека се дадени насоки за проверка на наводите и доколку постојат елементи за сторено кривично дело, и овој предмет ќе се процесира.
Обвинителот Бајрами рече дека од аспект на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија денешниот изборен ден се одвива без поголеми нарушувања и нерегуларности.
Македонија
Одѕивот до 13 часот е 26,35 отсто – најмногу гласале во Новаци, а намалку во Врапчиште
Процентот на избирачите што гласале до 13 часот е 26,35 отсто, информира претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски.
Според податоците, најголем е одѕивот во Новаци – 42,87, а најмал во Врапчиште – 10,18 отсто.
Заклучокот е дека досега гласањето се одвива мирно на сите избирачки места.
До ДИК се доставени 140 приговори за заштита на избирачко право, од нив 16 се усвоени и на избирачите им е овозможено да остварат право на глас, 8 се отфрлени како неуредни, а 9 одбиени. Другите се во обработка.