Македонија
Спасовски: Министерскиот форум ЕУ – Западен Балкан претставува јасна порака за европската перспектива
Министерскиот форум ЕУ – Западен Балкан претставува јасна порака за европската перспектива на регионот на Западен Балкан, изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во свеченото обраќање на отворањето на Министерскиот форум ЕУ – Западен Балкан, на министрите за внатрешни работи и за правда, во Собранието.
„Овој Министерски форум се одржува во исклучително важен период за Република Северна Македонија. Во изминатиот период решивме големи предизвици, чие решавање на сите им се чинеше невозможно. Успеавме затоа што сите имавме силна мотивација – европската перспектива за нашата држава и за нашите граѓани. И покрај сите пречки со кои се соочуваме на нашиот пат кон Европската Унија, сепак, земјата не отстапува од европскиот курс, од реформите, градењето на добрососедските односи и регионалната соработка“, потенцираше Спасовски.
Министерски форум ЕУ – Западен Балкан се одржува под покровителство на финското претседавање со Советот на ЕУ, а на него учествуваат делегации од земјите на регионот (Република Северна Македонија, Србија, Албанија, Босна и Хрцеговина, Црна Гора и Косово), а присуствуваат и еврокомесарите на ЕУ за внатрешни работи и миграции, Димитрис Аврамопулос и за правда – Вера Јоурова, потоа министрите за внатрешни работи и за правда на Финска, Марија Охисало и Ана Маја Хенриксон, како и претставници на ЕК, на Европскиот совет, на Еуроџаст, Европол, Венециската комисија и други.
Изразувајќи го задоволството што нашата земја ја доби можноста да биде организатор на овој форум, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, истакна дека самиот тој чин претставува испраќање јасна порака за европската перспектива на регионот на Западен Балкан, како единствена алтернатива која ќе обезбеди мир, стабилност и просперитет на негови граѓани.
Тој се осврна и околу заедничките предизвици во областа на безбедноста, коишто единствено можат да се решат со заедничка соработка и цврсто партнерство со земјите од Европската Унија, изразувајќи го уверувањето дека дискусиите од денешниот Министерски форум ќе отворат нови перспективи за градење заеднички одговор во справувањето со илегалната миграција, организираниот криминал и тероризмот, но и за зацврстување на мостовите на соработка помеѓу државите од регионот.
Според министерката за внатрешни работи на Финска, Марија Охисало, која ја потенцираше поддршката на Република Финска, регионот на Западен Балкан е од висока стратешка важност за Европската Унија.
Еврокомесарот за внатрешни работи и миграции, Димитрис Аврамопулос, упати благодарност на властите, особено на министерот за внатрешни работи за одличната организација на овој важен Министерски форум.
„Заедно постигнавме многу во овие изминати години. Целта е да го видиме ова соседство како членка на ЕУ. Ќе продолжиме да работиме и да го поддржуваме Западен Балкан, односно европското соседство“, рече тој во воведното обраќање. Според него, ситуацијата со мигрантите во овој регион не е ни блиску до она што се случуваше во 20015 и 2016 година.
„Сепак, притисокот од мигрантите расте и затоа треба да останеме будни. Веќе сме докажале дека сме посилни кога работиме заедно. Сите ја имате нашата поддршка“, подвлече еврокомесарот Аврамопулос.
Инаку, од аспект на внатрешните работи и правдата, предвидено е во трите работни сесии на Форумот да се говори на темите поврзани со миграцијата, безбедноста на границите, соработката со Фронтекс, потоа околу заедничката борба против тероризмот и превенцијата од насилниот екстремизам, како и борбата против организираниот криминал, со посебен осцврт на трговијата со луѓе и шверцот на дрога и оружје. На форумот ќе бидат презентирани и приоритетите на делување во текот на идното хрватско претседавање со Советот на Европа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
МТЕЛ со нова понуда за стриминг платформата Move TV, корисниците одсега имаат избор од над 250 канали
Неспоредливо забавно патување со Move TV, стриминг платформа со најголем број на ТВ канали во Македонија
Подгответе се да се нурнете во свет на бескрајни можности за забава бидејќи стриминг платформата на МТЕЛ, Move TV отсега е со најголем број ТВ канали понудени од кој било телеком провајдер во Македонија. На и досега широкиот избор од ТВ канали компанијата додава бесплатно нови ТВ канали.
Со ова корисниците добиваат избор од над 250 канали вклучени во претплатата кои опфаќаат различни жанрови, јазици и култури, избор што може да воодушеви секој.
„МТЕЛ како компанија не само што го редефинира уживањето во квалитетната телевизиска понуда, тука на самиот корисник му даваме моќ да ја преземете контролата врз своето искуството со стриминг платформата. Без разлика дали сте спортски ентузијаст, љубител на филмови или љубители на ТВ серии, нашата разновидна палета на понуди гарантира дека има по нешто за секого. Во три различни пакети по особено поволни цени за корисници во Македонија се вклучени Арена спорт каналите, ХБО, Суперстар, Еуроспорт, БлицТВ“, велат од компанијата.
Покрај изборот од над 250 ТВ канали, МОVE TV нуди и видеотека со над 10 000 филмови и серии, можност за слушање на најдобрите домашни и регионални радио-станици. МОVE TV може да се користи на телевизиски уред (обичен со MOVE Android Box или смарт телевизор), на телефон и таблет.
Една од главните придобивки за корисниците е можноста за паузирање и премотување сите телевизиските канали во реално време, до 7 дена наназад. Освен тоа, со МОVE Android Box секој телевизиски уред станува паметен, а МOVE TV може да се користи на 5 уреди истовремено во зависност од избраниот пакет. А, сите ваши активности на платформата се синхронизираат на различните уреди на кои ја користите. Повеќе информации може да добиете на телефонскиот број 15010 или на mtel.mk.
ПР
Македонија
Мицкоски: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ „Твоја Македонија“ застанува зад бранот на промени за стабилна и силна Македонија
Денес потпишавме Повелба за стратешко коалицирање и утврдување на принципите на идна работа на Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ наречена „Твоја Македонија“. Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ „Твоја Македонија“ е најбројната досега коалиција составена од 24 политички субјекти и организации кои застануваат зад бранот на промени кои треба да обезбедат стабилна и силна Македонија, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
„Коалицијата „Твоја Македонија“ се обврзува дека при реализацијата на програмата за претседателските и парламентарните избори во 2024-тата година, целосно и недвосмислено ќе се водиме од принципите на одговорност и транспарентност во политичкото дејствување. Свесни за девастирачкиот карактер на политиките на неодговорната владејачка клика, обзнануваме дека развојот на економијата, економскиот раст, домашните и странски инвестиции, како услов за отворање на нови работни места и подобар живот на граѓаните, се врвни приоритети на партиите – членки на коалицијата „Твоја Македонија“. Недвосмислена и цврста борба против корупцијата и намалување на обемната бирократијата се наш носечки предизвик бидејќи цврсто веруваме дека праведноста во општеството е основен предуслов за вкупен развој на татковината. Оттаму, длабоко свесни за истакнатото, коалицијата „Твоја Македонија“ се обврзува дека жестоко, праведно и принципиелно ќе иницираме и ќе поддржиме акции на правната држава кои треба да ја вратат разнишаната доверба на граѓаните во институциите на државната власт“, нагласи Мицкоски.
Според него, основниот концепт за развој на приватната иницијатива е почитување на економската слобода и развој на креативноста на личноста.
„Нагласувајќи го разорното дејство на криминалот и корупцијата на актуелната владејачка клика, остануваме посветени на економската модернизација на татковината. Во таа насока се обврзуваме дека ќе генерираме нови политики во функција на финансирање на изградба на меѓународните и локалните патишта, железничките коридори, електраните, гасоводните системи, далноводите, училиштата, болниците како и други инфраструктурни проекти. Манифестираме јасна, непоколеблива и цврста решеност да реализираме реформи кои ќе обезбедат долгорочен економски раст и напредок на Македонија бидејќи цврсто веруваме дека борбата за подобри економски постигнувања значи борба за подобар живот и подобар стандард на македонските граѓани“, нагласи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Апелира да има масовна излезеност на овие избори бидејќи, како што рече, неизлегувањето на овие избори подразбира поддршка на неодговорната и криминална власт.
Македонија
Државјанин на Турција приложил фалсификуван пасош на Ќафасан
Денеска, на граничниот премин Ќафасан полициски службеници го привеле Т. С. Т. (48) од Република Турција затоа што при пасошка контрола било констатирано дека на увид приложил фалсификувана патна исправа.
Известен бил јавен обвинител, а тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Струга за понатамошна постапка.