Контакт

Македонија

Спасовски: Република Северна Македонија е најадекватен пример во регионот за ефикасна меѓународна соработка во миграциите

Објавено пред

„Зајакнување на миграцијата, азилот и управувањето со границите“ е насловот на втората панел сесија во рамки на првиот ден од Министерскиот форум ЕУ – Западен Балкан кој се одржува во Тирана, а на кој учествуваше министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Министрите учесници на овој форум, покрај проценката на ситуацијата по должина на  Западнобалканската рута, дискутираа и за потребата од брзо усогласување на визната политика, напорите за зајакнување на капацитетот за управување со границите, подобрување на условите за прием и зајакнување на системите за азил, како и можностите за подобрување на соработката во борбата против криумчарењето мигранти и трговијата со луѓе и зголемување на враќањето/реадмисијата на нерегуларните мигранти во земјите на потекло.

dobivaj vesti na viber

Притоа, еврокомесарката Јохансон во воведот на сесијата го изрази своето задоволство од неодамна потпишаниот Договор помеѓу Република Северна Македонија и Европската Унија за оперативни активности спроведени од страна на Агенцијата за европска гранична и крајбрежна стража во Република Северна Македонија, а министерот за внатрешни работи на Чешката Република, во улога на земја претседавач со Советот на ЕУ, Вит Ракушан, упати пофалби кон министерот Спасовски во однос на ефикасноста со која Република Северна Македонија го заврши преговарањето на договорот со Фронтекс и го финализираше и процесот на потпишување, што е од големо значење за регионот и ЕУ.

Министерот Спасовски, осврнувајќи се на значењето од Договорот со ФРОНТЕКС, потпишан помеѓу Република Северна Македонија и Европската Унија во насока на обезбедување на одржливи, трајни решенија во справувањето со илегалната миграција и прекуграничниот криминал, а со тоа и посигурни граници и поголема безбедност на нашите граѓани и граѓаните на Унијата, ги претстави и состојбите со миграцијата во регионот.

„Во текот на 2022 година илегалната миграција е актуелна закана со која се справуваат земјите во регионот и пошироко. Како и претходните години, Турција и Грција се земји на чии територии се стационирани голем број  мигранти. Способноста и капацитетот на Турција да управува со своите граници игра важна улога и за Источно-медитеранската и за Западно- балканската рута, бидејќи таа и понатаму е клучна земја која влијае на миграцијата низ Западен Балкан, како земја со голем број мигранти и клучна транзитна област помеѓу Јужна/Средна Азија и Европа. Аналитичките согледувања укажуваат дека миграцискиот притисок во регионот на Западен Балкан во текот на 2022 година е зголемен, особено на северните граници во регионот со Србија и во Австрија. Во Република Северна Македонија, спречени се 22.806 обиди за илегално преминување на границите или речиси пет илјади обиди повеќе во споредба со истиот период лани“, подвлече Спасовски, притоа нотирајќи дека споредено со минатата година обидите бележат пораст, но не и во однос на претходните години.

Според министерот Спасовски, активностите кои се преземаа за спречување на криминалните активности поврзани со криумчарење на мигранти резултираа со откриени 89 случаи на криумчарење на 1.328 мигранти. Ваквиот резултат бележи пораст од 97,7% во откриените случаи, односно зголемување за повеќе од два и пол пати на бројот на криумчарени мигранти, во однос на периодот од јули до октомври 2022 година, потенцирајќи дека еден од главните предуслови за ефикасно гранично управување со границите и миграциите е ефикасната меѓународна соработка, за што Република Северна Македонија претставува најадекватен пример во регионот со заедничката меѓународна операција на јужната граница со помош на ИОМ, која од 2016 е поддржана и од Европската комисија.

Меѓу главните приоритети, според Спасовски, е одржување и продлабочување на меѓународната соработка со земјите од регионот, со земјите на транзит и потекло, со агенциите на ЕУ и ОН, како и релевантни меѓународни организации, а МВР активно учествува во бројни меѓународни и регионални платформи, иницијативи и процеси, како што се Салцбуршки, Будимпештански, Прашки процес, Заедничка координативна платформа, DCAF Програма за гранична безбедност итн.

„Клучот за успехот е добрата соработка, редовната комуникација, координацијата и размената на искуства со другите колеги од земјите од Западен Балкан и релевантните партнери од ЕУ во областа на враќање и реадмисија. За таа цел, нашиот план е во наредниот период да бидат иницирани договори за реадмисија со други земји на потекло во Азија и Африка, но и да се реафирмираат постојните иницијативи за склучување договори. Тука останува и соработката со нашите партнери – Меѓународната организација за миграции (ИОМ), Меѓународниот центар за развој на миграциска политика (ИЦМПД), како и други партнерски организации“, посочи министерот Спасовски.

На првиот ден од овој годишен Министерски форум, посветен на областа Внатрешни работи, покрај министрите за внатрешни работи од Западен Балкан, учествуваа и министерот за внатрешни работи на Чешката Република, како земја-претседавач со Советот на ЕУ, заедно со Европската комисија, претставена од еврокомесарот за внатрешни работи, како и претставници на претстојното шведско и шпанско претседателство со Советот на ЕУ, кои ги претставија приоритетите за време на претседавањето.

Македонија

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Објавено пред

Денеска ЗНАМ заедно со сите свои пддржувачи ја испишува новата политичка историја на македонската политичка сцена, рече вечерва претседателскиот кандидат на ЗНАМ, Максим Димитриевски. Иако е јасно дека не влегува во вториот круг, Димитриевски првиот круг од изборите го смета за голем успех.

dobivaj vesti na viber

„Можам да потврдам дека се роди третата политичка сила во македонскиот политички блок во државата која што имаме намера во следниот период дополнително да ја потврдиме и надградиме, со цел еден ден граѓаните да имаат можност да изберат нешто ново“, рече Димитриевски.

На противкандидатите им честиташе за успехот и се заблагодари на можноста да води кампања за која рече дека не била еднаква за сите оти законот кој е во сила не дава еднаква можност за медиумско претставување на сите партии.

Рече дека е горд на секој глас што го добиле како партија регистрирана пред само три месеци.

„Факт е дека јас како кандидат и ЗНАМ освоивме повеќе од 80.000 гласови. Регистриравме субјект кој постои нешто повеќе од три месеци и со граѓанската поддршка се етаблираше на трето место во политичкиот блок. Сметам дека тоа е одличен појдовен резултат за понатамошна борба. Јас не се сеќавам дека во историјата на плурална Македонија имало вакви примери, да имате партија со некаде три и пол илјади членови, а да освоите над 80.000 гласови. Искрено сум горд на секој тој еден глас што дојде, како поддршка за мене и ЗНАМ. И покрај тоа што трендовите се тие, десницата добива, а левицата губи, единствено десницата доживеа пораз во бастионот на асномска Македонија, а тоа е Куманово“, рече Димитриевски.

Порача на сите политичари дека треба да учат од овие избори оти граѓаните дале јасна насока каде сакаат да се движи државата, а посебна порака упати до Стево Пендаровски, кој освои повеќе 100.000 гласови помалку од Гордана Сиљановска-Давкова.

„Почитуван мој претседателе, разликата е огромна. Доколку сакате да опстане централната и левата идеја во државата, откажете се од оваа битка и оставете не да победиме во име на граѓаните во вториот круг“, порача Димитриевски.

Кога ќе завршат парламентарните избори, Димитриевски е уверен дека ЗНАМ ќе биде политички фактор за стабилност во државата без кој нема да може да се формира идната влада. Најави дека кога ќе ги почнат преговорите за формирање парламентарно мнозинство, на сите политички партии ќе им ги испорачаат нивните предлози за црвените линии на македонскиот народ.

Прикажи повеќе...

Македонија

ДИК: Сиљановска Давкова освои 324 177, Пендаровски 161 393 гласа по обработени 89,97 отсто

Објавено пред

Стево Пендаровски освои 161 393 гласа, 19,90 отсто, Гордана Сиљановска Давкова 324 177 односно 39,97 отсто од гласовите, Стевчо Јакимовски освои 7.499 односно 0,92 отсто од вкупниот број на гласовите.

dobivaj vesti na viber

Кандидатот Бујар Османи освои 110 903, односно 13, 68 отсто, Билјана Ванковска 35.949 односно 4,43 отсто од гласовите, Арбен Таравари 78.110 илјади односно 9,63 отсто, Максим Димитриевски 70,996, односно 8,75 отсто од гласовите се резултатите од обработените 89,97 отсто од гласовите, извести претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски.

Тој додаде дека изборниот процес поминал мирно и достоинствено и смета дека 99 отсто работите поминале како што треба.

Прикажи повеќе...

Македонија

Касами: Добитници на овие избори сме ние, ДУИ има купено гласови

Објавено пред

„Влен“ е легитимен претставник на Албанците и ги доби гласовите на Албанците, изјави Билал Касами на прес конференција.

dobivaj vesti na viber

„Добитници на овие избори сме ние, коалицијата „Влен“. ДУИ има купено гласови од загрозените гласачи кои имаат потреби од пари. „Влен“ ги доби гласовите на Албанците, вели Касами.

„ДУИ го загуби последниот легитимитет да зборува во име на Албанците, затоа на 8 мај ние ќе победиме. Овој резултат и во мандати не е голема разлика со ДУИ и на 8 мај овој резултат ќе биде во наша полза. ДУИ успеа да ја загуби последната можност, еден кандидат Албанец да биде избран на директни избори во 2024 година. Тие ќе бидат запишани со црни букви во историјата на албанскиот народ во Македонија. Ако биле заинтересирани Албанец да оди во вториот круг сигурно ќе беа координирани со нас и ќе беше возможно да биде избран Албанец. Затоа мислиме дека вредеше оваа борба“, рече Касами.

Тој се заблагодари на сите што го гласаа кандидатот Арбен Таравари и додаде дека ДУИ има изгубено гласови од помалите етнички заедници и од загрозените граѓани.

Таравари кажа дека коалицијата подоцна ќе разговара за тоа кому ќе ги даде гласовите во вториот круг на претседателските избори.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Денеска ЗНАМ заедно со сите свои пддржувачи ја испишува новата политичка историја на македонската политичка сцена, рече вечерва претседателскиот кандидат...

Македонија5 часа

Нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите, порача Ковачевски

Денеска е тежок удар за европската перспектива на Македонија, но не е доцна да се смени правецот, откажувањето не е...

Македонија5 часа

(Видео) Мицкоски: Цунамито се крена, на 8 мај ќе ги потопи целосно, победуваме со над 170.000 разлика

Денеска народот во Македонија покажа дека си ја сака Македонија и дека секој оној кој го потценува народот прваи голема...

Македонија6 часа

Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме, но нема предавање, утре е нов ден

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски....

Македонија6 часа

Силјановска за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова по завршување на првиот круг гласање од изборот за претседател на државата рече дека денешниот...

Македонија7 часа

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ посака среќа во вториот круг

Лидерот на ГРОМ и претседателски кандидат, Стевчо Јакимовски, вечерва призна пораз и ѝ честиташе водство на Гордана Сиљановска-Давкова.  Со оглед...

Македонија8 часа

Таравари: Земјотресот почна, се надевам дека на 8 мај ќе дојде промената ДУИ да биде опозиција

Масовниот одѕив на гласачите на овие претседателски избори за Арбен Таравари, претседателски кандидат на коалицијата ВЛЕН, е показател дека промените...

Македонија8 часа

Одѕивот до 18.30 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Одѕивот до 18.30 часот на седмите претседателски избори е 48,44 отсто од гласачите, според податоци од 3174 гласачки места. Претседателот...

Македонија8 часа

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Народот уште еднаш покажа дека знае и умее да ја процени важноста на овие избори, како крстопат кога се одлучува...

Македонија9 часа

ОЈО: Сите сомненија за кривични дела кои би можеле да го нарушат изборниот процес ќе бидат испитани

Во текот на изборниот ден до затворањето на избирачките места, на електронската адреса на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија...

Македонија9 часа

Левицата: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Од Претседателскиот изборен штаб на кандидатот за претседател Билјана Ванковска информираат дека денешниот изборен ден поминal мирно во фер и...

Македонија9 часа

Силјановска: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт, порача кандидатката за претседател, Гордана Силјановска Давкова по гласањето во првиот...

Македонија9 часа

„Нека победи подобриот“ – Таравари рече дека поседува видео снимки за купување на гласови

Кандидатот за претседател, Арбен Таравари, гласаше со своето семејство, пришто порача изборите да бидат фер и демократски. „Нека победи подобриот....

Македонија9 часа

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Билјана Ванковска, претседателски кандидат на Левица го оствари своето право на глас на ИМ во ОУ „Јан Амос Коменски“ во...

Македонија9 часа

(Видео) Пендаровски: Држава што преговара со ЕУ не смее да си дозволи лош изборен процес

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски, денеска гласаше на првиот круг од претседателските избори. Во изјава за медиумите Пендаровски истакна дека...

Македонија10 часа

Во Куманово не се гласа на три избирачки места, на едното се изгубил печатот

Прекин на гласањето има на три места во Куманово, информираше претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски. Како што...

Македонија11 часа

Одѕивот до 17 часот изнесува 44,18 отсто – за околу 9 проценти повеќе во споредба со претходните претседателски избори

До 17 часот во првиот круг од претседателските избори, своето право на глас го оствариле 397.612 избирачи, или 44,18 отсто....

Македонија12 часа

Петмина си ги фотографирале гласачките ливчиња, полицијата ги фати

Пет лица во периодот од 11 до 14 часот, биле фатени од страна на полицијата оти ги фотографирале своите гласачки...

Македонија14 часа

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Основното јавно обвинителство Делчево истражува предмет за изборен поткуп со бесплатно поставување водомери. Обвинителот Џељаљ Бајрами, претседател на комисијата на...

Македонија15 часа

Штипјанец и скопјанка фатени како ги фотографираат гласачките ливчиња, а жител на Бучим му го покажал ливчето на набљудувач

Од отворањето на гласачките места досега имаме регистрирано две фотографирања на гласачко ливче, едно во Скопје, а едно во Штип....