Македонија
Спасовски: Сајбер-заканите се меѓу најзначајните безбедносни закани врз современите општества
,,Нема сомнеж дека во последните неколку години, сајбер-заканите се меѓу најзначајните безбедносни закани врз современите општества, што е основна причина истите да се третираат како интегрален дел од националната и меѓународната безбедност“, истакна меѓу другото министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во своето обраќање на меѓународната министерска конференција посветена на темата – ,,Високотехнолошки криминал и информатичка безбедност“ што денес и утре се одржува во Белград, а во организација на српското Министерство за внатрешни работи.
Презентирајќи ги активностите што македонската полиција, но и другите надлежни институции ги преземале и преземаат во оваа област, министерот Спасовски посебно ги посочи нормативните промени целосно хармонизирани и во соработка со ЕУ, како и Националната страгија за сајбер-безбедност 2018 – 2022 година, којашто служи како патоказ за развој на сигурно, безбедно, доверливо и отпорно дигитално окружување, поддржано од квалитетни капацитети, кои се базираат на доверба и соработка во полето на сајбер-безбедноста.
,,Нашето министерство се фокусира на развивање на капацитетите за обезбедување електронски докази и информации во електронска форма со цел поддршка на сите истраги коишто се водат во рамки на инстиуцијата“, нагласи Спасовски, притоа посочувајќи го Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР како клучен во превенцијата и борбата против овие обици на криминал.
,,Независно од низата меѓународни признанија за покажаната ефикасност и професионалност во водењето истраги како на национално, така и на меѓународно нив, наша цел е континуирано унапредување на капацитетите на овој Сектор во насока на истражување на компјутерскиот криминал, дигиталната форензика“, потенцираше Спасовски.
Република Македонија и МВР продолжуваат да бидат активен дел од широкиот фронт заедно со нашите соседи и партнерските држави и посебно со ЕУ и нејзините институции, како наш стратешки партнер. ,,Со цел постигнување добри резултати во иднина, сметам дека е неопходно продолжување на соработката во сите наведени сегменти при што посебно ја нагласувам важноста на редовна размена на информации на национално и меѓународно ниво“, рече Спасовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Касами: Добитници на овие избори сме ние, ДУИ има купено гласови
„Влен“ е легитимен претставник на Албанците и ги доби гласовите на Албанците, изјави Билал Касами на прес конференција.
„Добитници на овие избори сме ние, коалицијата „Влен“. ДУИ има купено гласови од загрозените гласачи кои имаат потреби од пари. „Влен“ ги доби гласовите на Албанците, вели Касами.
„ДУИ го загуби последниот легитимитет да зборува во име на Албанците, затоа на 8 мај ние ќе победиме. Овој резултат и во мандати не е голема разлика со ДУИ и на 8 мај овој резултат ќе биде во наша полза. ДУИ успеа да ја загуби последната можност, еден кандидат Албанец да биде избран на директни избори во 2024 година. Тие ќе бидат запишани со црни букви во историјата на албанскиот народ во Македонија. Ако биле заинтересирани Албанец да оди во вториот круг сигурно ќе беа координирани со нас и ќе беше возможно да биде избран Албанец. Затоа мислиме дека вредеше оваа борба“, рече Касами.
Тој се заблагодари на сите што го гласаа кандидатот Арбен Таравари и додаде дека ДУИ има изгубено гласови од помалите етнички заедници и од загрозените граѓани.
Таравари кажа дека коалицијата подоцна ќе разговара за тоа кому ќе ги даде гласовите во вториот круг на претседателските избори.
Македонија
Ванковска: Мојата цел беше не да победам, туку да вознемирам една застојана елита
Кандидатот за претседател на Македонија, Билјана Ванковска упати честитка за победниците, по завршувањето на првиот круг од претседателските избори.
„Јас сум среќна за можноста што ми ја даде Левица да зборувам слободно, чесно, отворено и радикално – да понудам нешто што мнозина не беа спремни да го прифатат како опција. Народот очигледно не е подготвен за тоа. Мојата цел беше не да победам туку да вознемирам една застојана елита. Колку успеав, ќе видите наскоро. Не сакам да бидам пророчица, но новиот претседател ќе се соочи со сето она за што предупредував“, напиша Ванковска на социјалните мрежи.
Македонија
Нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите, порача Ковачевски
Денеска е тежок удар за европската перспектива на Македонија, но не е доцна да се смени правецот, откажувањето не е опција за нас. Нема друга опција за нас освен патот на европска интеграција, порача вечерва лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски.
Додаде дека е задоволен што гласањето поминало во мирна и демократска атмосфера.
„Се надевавме на подобри резулатти, но време е да ги ставиме на страна сите разлики и да се обединиме зад идејата за европска Македонија. Занм дека многу наши поддржувачи се разочарани. Но сега не е време за откажување. Имаме уште две недели, јас ќе бидам на терен секој ден со вас, и ќе работиме за да ја добиеме поддршката за европска Македонија“, рече Ковачевски.
Порача дека нема откажување.
„Ние нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите, ќе продолжиме да се бориме се додека не победиме“, порача лидерот на СДСМ.
Ковачевски му упати порака и на Пендаровски.
„Ова е наша заедничка борба, ќе се бориме заедно рамо до рамо, ова е најважната битка за македонската иднина. Борбата за европска Македонија продолжува и на 8 мај, во вториот круг на претседателските и парламентарните избори. Се гледаме за две недели! Да живее европска Македонија“, рече тој.