Македонија
Спасовски: Уште повеќе пари кај граѓаните, домашна платежна картичка од 9.000 денари и за стечајците
Носителот на листа во ИЕ 2, Оливер Спасовски, на средби со граѓаните од Куманово најави дека дополнително ќе се зголеми опфатот на граѓани што добиваат домашна платежна картичка.
„12.000 стечајни работници денес добиваат месечен надомест од 8.000 денари. Тие ќе добијат и картичка од 9.000 денари како помош во здравствено-економската криза. Ваква картичка ќе добијат и пензионерите со пензија до 15.000 денари, самохраните родители и невработените, кои не се активни баратели на работа. СДСМ три години во континуитет покажува што значи вистинска грижа за сите граѓани еднакво“, рече Спасовски.
Додаде дека ВМРО-ДПМНЕ во континуитет покажува грижа само за Груевски и неговите криминални соработници. Тој најави дека и во новиот мандат продолжува насочувањето на парите кон граѓаните.
„Ќе го зголемиме лимитот на поврат на ДДВ од 600 на 800 денари. На секој нововработен млад човек до 29 години во производството или земјоделството државата ќе му го врати персоналниот данок на сметка, со што мотивираме вработувања во реалниот сектор“, додаде Спасовски.
Тој направи споредба со владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и нејзините кадри на листите.
„Мисајловски и 11-годишната режимска власт еден денар немаат инвестирано во Куманово. Во маалото каде што живее канализација немаше, денес ние му ја градиме. Обновен режим, грабање и крадење никогаш повеќе“, порача Спасовски.
„Затоа, на 15 јули граѓаните ќе гласаат за концептот што обезбедува повеќе пари во нивните буџети, а не за обнова на режимот што им ги крадеше парите. Изборите се важни, гласаме за фер општество, кое се грижи за сите, да го заокружиме бројот 3“, повика Спасовски, кој додаде дека тоа ќе биде глас за сигурна иднина со развојна економија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Едукативен мото настан утре во Кисела Вода
Утре, со почеток во 11 часот, пред салата Расадник, ќе се одржи едукативен мото настан од отворен карактер „Сите возиме, но некои знаат“.
На присутните од страна на лиценцирани инструктори, ќе им биде презентирани важноста за техничка исправност на моторното превозно средство (мопед, скутер, мотор), правилната употреба на безбедносна опрема за возење, како и справување во реални ситуации на улица.
„Низ дружење со претставници и членови од мото клубови, автошколи и здруженија ќе се изврши едукација за безбедно возење во и надвор од урбани средини, за брзината како фактор за општа безбедност и за намалувањето на загаденоста на воздухот преку користење на електрични превозни средства“, велат од општина Кисела Вода.
Македонија
Ќе се основа Медицински факултет во Битола, усвоени се законските измени
Со усвоениот Закон предложен од пратениците на СДСМ основаме Медицински факултет во Битола, изјави пратеничката Жаклина Лазаревска.
Медицинскиот факултет ќе биде во состав на Универзитетот ,,Св. Климент Охридски” – Битола а ќе ги има отсеците за општа медицина, стоматологија, фармација и Висока медицинска школа.
Како што објави Лазаревска, наставните бази на Факултетот ќе бидат Клиничката болница Битола, Специјалната болница за кардиолошки заболувања „Свети Стефан“ Охрид, Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ Охрид , Специјалната болница за нефрологија Струга и болницата со проширена дејност во Прилеп.
„Обезбедуваме висок степен на образование и обука за студенти кои ке станат идни лекари, со потребни знаења и вештини. Со основањето на Медицинскиот факултет Битола ќе го утврди своето место како регионален образовен центар и ќе даде можност на средношколците од градот и околните населени места, да студираат во своето место. Значително ќе допринесе во создавањето на нов стручен кадар, подобрување на здравствениот систем и одржување на високи стандарди за образованието, етиката и праксата во областа на медицината“, изјави Лазаревска.
Како што рече, ова ќе влијае на зголемување на квалитетот на здравствени услуги преку обучени и компетентни лекари за подобрување на здравјето на населението.
Скопје
Герасимовски: Конечно, Работнички се враќа на шампионските патеки
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски вчера вечер присуствуваше на тренингот на КК Работнички во салата Кале. Со кошаркарите разговараа за издигнувањето на тимот и потребите за достигнување на високи резултати и на следните натпревари.
„Сакам да се заблагодарам пред се и на тренерот на цел стручен тим но и на сите играчи за одличните резултати коишто ги имаме годинава. Успеавме со клубот од невозможно да направиме возможно. Клубот којшто го начекавме пред две години на 10то место со 4-5 неисплатени плати и долг од 600 000 евра да го вратиме на победничките патеки. Важно е што во моментов табелата трепка што сме на прво место и се надевам дека тоа така ќе остане и до крај. Јас верувам дека ќе имаме успех оваа сезона и уште поголем успех следната“, им порача Герасимовски на кошаркарите.
При средбата Герасимовски ги извести играчите дека општина Центар го има имотниот лист на салата и успеа да го исполни ветувањето дека ќе ја врати сопственоста на салата под ингеренции на општината.
Општина Центар на крајот на минатата година доби финансиски средства од Владата во вредност од 30 милиони денари наменети за реконструкција на салата, при што Герасимовски ги информираше играчите со процесот и проект планот кој е веќе во изработка за реновирање на матичната сала на Работнички. Конечно Работнички се враќа на шампионските патеки, ви благодарам за тоа, порача Герасимовски.