Македонија
Спортистите да не ги користат соблекувалните и да држат растојание од пет метри
Спортски тренинзи можат да се одржуваат само доколку во салата може да се одржи растојание од пет метри помеѓу секој спортист, предвидува протоколот, по олабавувањето на мерките од страна на Владата. Тренингот може да се одржи само со пет лица и еден тренер, тоа е уште едно правило до кое сите мора да се придржуваат. Протокол за работа има и за спортските обложувалници кои од денес започнаа со работа, но таму, растојанието меѓу присутните играчи мора да биде два метра. За тренинзите, мора да се води евиденција за спортистите и присутните, поради полесно следење на контактите.
„Тренинзите се организираат по претходно направен распоред за време на тренинзи со список на спортисти и тренери. Пред почеток на тренингот се прави термален скрининг и се забранува тренинг на лице со покачена температура и истото се отстранува. Во случај на потреба на здравствен работник на тренингот при близок контакт со здравственото лице мора да се користат заштитни маски, ракавици и визир од страна на здравствениот работник. Спортистите и тренерите доаѓаат на тренинг поединечно со свое возило и опрема и во опрема за тренинг со што се избегнува користење на соблекувалните. Во текот на тренингот се препорачува растојание од 5м помеѓу секој спортист и тренер како минимално растојание. Тренингот да се извршува на отворен простор. По завршување на тренингот опремата за тренинг и реквизитите се дезинфицираат со средство кое е 70% на база на алкохол. Тренинзите во контактните спортови се препорачува секогаш да се одвиваат по принцип „ист спортист со ист тренер“, се вели во протоколот за спортистите.
Спортските обложувалници ќе мора да внимаваат за посетителите да не се групираат внатре во објектот, односно да одржат дистанца од два метра. Задолжителна заштитна опрема мора да носат и вработените.
„На масите поставени на уплатно-исплатните места има само по две столчиња. На шалтер присутен по еден играч со растојание од 2м со играчот кој следен чека за уплата. Средства за дезинфекција поставени на влезовите од обложувалниците и на пултовите за уплата. Шанковите во рамките на уплатните места се без можност за послужување пијалаци“, пишува во протоколот за спортските обложувалници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Штипјанец и скопјанец фатени како ги фотографираат гласачките ливчиња, а жител на Бучим му го покажал ливчето на набљудувач
Од отворањето на гласачките места досега имаме регистрирано две фотографирања на гласачко ливче, едно во Скопје, а едно во Штип. Покрај тоа, во Бучим, Радовишко, има едно лице што го покажало гласачкото ливче на набљудувач, изјави портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.
Тој додаде дека досега МВР нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир при гласањето, односно гласањето се одвива мирно и без проблеми.
Ангеловски дополни и дека димна бомба има на гласачко место, а пријавени се и летоци врз паркирани автомобили во Чаир и графити.
До 11 часот е пријавено дека на гласање излегле 229.473 граѓани и одѕивот од 3,85, колку што беше до 9 часот, се искачи на 12,78 отсто.
Македонија
Димна бомба на гласачко место, летоци врз паркирани автомобили во Чаир и графити пријавени во МВР
Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски, информира за текот на изборниот процес од отворањето на избирачките места.
„Досега МВР нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир при гласањето, тоа се одвива мирно, без проблеми. Од отворањето на гласачките места досега имаме регистрирано две фотографирања на гласачко ливче, едно во Скопје, а едно во Штип. Покрај тоа, во Бучим, Радовишко, има едно лице што го покажало гласачкото ливче на набљудувач.
За сите овие настани, како што вели тој, се преземаат мерки за расчистување на случаите.
„Покрај тоа, на територијата на општина Чаир се забележани летоци, кои биле оставени на паркирани возила, а исто така се испишани и два графита. На едно гласачко место во Скопје, покрај испишаниот графит, од страна на претседател на избирачки одбор е пријавено дека во 6.30 часот во ходникот е пронајдена димна бомба. Веднаш се преземени мерки и активности и на ова место гласањето се одвива непречено“, додава Ангеловски.
Апелира до граѓаните и учесниците на изборите – во текот на гласањето, до завршувањето, да се воздржат од какви било инциденти.
Македонија
На 12,78 отсто се искачи одѕивот до 11 часот, најголем во Демир Капија – 23,99 отсто
До 11 часот на гласање излегле 229.473 граѓани и одѕивот од 3,85, колку што беше до девет часот, се искачи на 12,78 отсто.
Најголем е одѕивот во Демир Капија – 23,99 отсто, каде што од вкупно 3.208 граѓани до 11 часот гласале 769.
На седмите претседателски избори во земјата право на глас имаат 1.814.317 граѓани на 3.480 избирачки места.