Македонија
Средба Ахмети – Агелер: Го продолжуваме европскиот пат со целосна американска поддршка
Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, оствари средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Анџела Агелер, на која ѝ посака успех во новата мисија.
Соработката меѓу двете земји, евроинтеграциите, уставните измени и реформите, политичката состојба во земјата и регионот, како и процесот на ветинг (проверка) беа само неколку теми на кои разговараа Ахмети и Агелер.
Ахмети истакна дека враќањето на Агелер и нејзините познавања за земјата и околностите ќе придонесе за унапредување на билатералните односи и уште поголемо зајакнување на соработката меѓу двете земји.
Изрази благодарност за американската помош во процесот на реформите и евроинтеграциите.
Целосната интеграција на нашата земја и на Западен Балкан во Европската Унија е дополнителна гаранција за стабилноста и просперитетот на регионот.
На средбата Ахмети и Агелер разговараа за потребата од усвојување на уставните измени како услов за продолжување на европскиот пат поради што било оценето дека сите политички сили во државата треба да рефлектираат и да не ја држат во заложништво иднината на државата и нејзините граѓани.
Ахмети исто така го потенцира процесот на ветинг како неопходен поради фактот што тој ќе биде најдобра форма за кредибилитетот на личностите во сите сфери, од политиката до Обвинителството и судството, како форма на контрола пред тие да бидат избрани на одредени позиции.
Ахмети изрази благодарност за значителната улога на САД во земјата и регионот, како и дека тој и ДУИ се партнери и целосно достапни за прогресивната проевропска агенда, владеењето на правото, реформите и борбата против организираниот криминал и корупцијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Едукативен мото настан утре во Кисела Вода
Утре, со почеток во 11 часот, пред салата Расадник, ќе се одржи едукативен мото настан од отворен карактер „Сите возиме, но некои знаат“.
На присутните од страна на лиценцирани инструктори, ќе им биде презентирани важноста за техничка исправност на моторното превозно средство (мопед, скутер, мотор), правилната употреба на безбедносна опрема за возење, како и справување во реални ситуации на улица.
„Низ дружење со претставници и членови од мото клубови, автошколи и здруженија ќе се изврши едукација за безбедно возење во и надвор од урбани средини, за брзината како фактор за општа безбедност и за намалувањето на загаденоста на воздухот преку користење на електрични превозни средства“, велат од општина Кисела Вода.
Македонија
Ќе се основа Медицински факултет во Битола, усвоени се законските измени
Со усвоениот Закон предложен од пратениците на СДСМ основаме Медицински факултет во Битола, изјави пратеничката Жаклина Лазаревска.
Медицинскиот факултет ќе биде во состав на Универзитетот ,,Св. Климент Охридски” – Битола а ќе ги има отсеците за општа медицина, стоматологија, фармација и Висока медицинска школа.
Како што објави Лазаревска, наставните бази на Факултетот ќе бидат Клиничката болница Битола, Специјалната болница за кардиолошки заболувања „Свети Стефан“ Охрид, Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ Охрид , Специјалната болница за нефрологија Струга и болницата со проширена дејност во Прилеп.
„Обезбедуваме висок степен на образование и обука за студенти кои ке станат идни лекари, со потребни знаења и вештини. Со основањето на Медицинскиот факултет Битола ќе го утврди своето место како регионален образовен центар и ќе даде можност на средношколците од градот и околните населени места, да студираат во своето место. Значително ќе допринесе во создавањето на нов стручен кадар, подобрување на здравствениот систем и одржување на високи стандарди за образованието, етиката и праксата во областа на медицината“, изјави Лазаревска.
Како што рече, ова ќе влијае на зголемување на квалитетот на здравствени услуги преку обучени и компетентни лекари за подобрување на здравјето на населението.
Скопје
Герасимовски: Конечно, Работнички се враќа на шампионските патеки
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски вчера вечер присуствуваше на тренингот на КК Работнички во салата Кале. Со кошаркарите разговараа за издигнувањето на тимот и потребите за достигнување на високи резултати и на следните натпревари.
„Сакам да се заблагодарам пред се и на тренерот на цел стручен тим но и на сите играчи за одличните резултати коишто ги имаме годинава. Успеавме со клубот од невозможно да направиме возможно. Клубот којшто го начекавме пред две години на 10то место со 4-5 неисплатени плати и долг од 600 000 евра да го вратиме на победничките патеки. Важно е што во моментов табелата трепка што сме на прво место и се надевам дека тоа така ќе остане и до крај. Јас верувам дека ќе имаме успех оваа сезона и уште поголем успех следната“, им порача Герасимовски на кошаркарите.
При средбата Герасимовски ги извести играчите дека општина Центар го има имотниот лист на салата и успеа да го исполни ветувањето дека ќе ја врати сопственоста на салата под ингеренции на општината.
Општина Центар на крајот на минатата година доби финансиски средства од Владата во вредност од 30 милиони денари наменети за реконструкција на салата, при што Герасимовски ги информираше играчите со процесот и проект планот кој е веќе во изработка за реновирање на матичната сала на Работнички. Конечно Работнички се враќа на шампионските патеки, ви благодарам за тоа, порача Герасимовски.