Македонија
ССНМ: Продолжува праксата на несоодветно отпуштање новинари
Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници вели дека отпуштањето на новинарот Ивор Мицковски од телевизија „Телма“ отвора сомнеж за надворешни и политички притисоци и остава простор за влевање страв кај вработените во медиумите и тренирање послушност.
„Разгледувајќи ги сите аспекти во врска со прекинувањето на работниот ангажман на Ивор Мицковски во телевизија ‘Телма’, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници заклучи дека не е и не може да биде задоволен со начинот на кој е спроведен овој чин. Нетранспарентната и несоодветна постапка на прекинот на работниот ангажман на нашиот член покажува дека лошите практики во македонското новинарство и натаму продолжуваат, наспроти прокламираните заложби за реформирање на медиумскиот сектор. Вака извршениот чин наведува на сомневање на постоење надворешни и политички притисоци и остава простор за влевање страв кај вработените во медиумите и тренирање послушност“, велат од ССНМ.
ССНМ остро протестира против ваквиот третман на новинарите и медиумските работници и уште еднаш укажува дека продолжувањето на ваквата пракса може да има несогледливи последици во вкупниот медиумски амбиент.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево и топло време со температура до 27 степени
Времето денес ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.
Во Скопје сончево и топло со слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 25 степена, јавува УХМР.
Во наредните денови следува период на сончево и топло време со пораст на температурата кон викендот. Утринските температури ќе бидат постојано над нулата, а поголемо наоблачување со услови за појава на дожд се очекува на почетокот на следната недела и ќе биде проследено со умерено спуштање на температурата.
Македонија
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Скопје
Без струја дел од Карпош
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе остане дел од Карпош.
Од 9 до 14.30 часот корисниците од улицата Мексичка, улицата Хаванска и дел од улицата Варшавска во општина Карпош ќе бидат без струја.