Македонија
Стаменковска-Стојковски: Со измените на Законот за административни службеници ќе се изврши класичен поткуп
Вчера во Собранието на Република Македонија беше усвоена скратената постапка за измените на Законот за административни службеници. Со овие измени на Законот за административни службеници ќе се изврши класичен поткуп на граѓаните вработени во државната администрација во овој предизборен период, изјави пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Невенка Стаменковска-Стојковски. Со овие измени, додаде таа, ќе се вршат уцени и поткуп на вработените само со цел да гласаат за СДСМ и ДУИ на претстојните избори и ќе се изврши целосна партизација на државните службеници.
„Со овие измени на законот се предвидува одредена група на помошно-стручните државни службеници доколку завршиле високо образование, раководното лице да може да им ја покачи платата во рок од 4 години од донесување на овој закон. И доколку некое од овие лица исполнува услови да може да биде распоредено на повисоко работно место само по негово барање и нормално, доколку раководното лице го одобри тоа. Сето ова ќе се прави надвор од законските процедури, без објавување на оглас како што предвидува законот, без да се даде еднаква можност на сите кои исполнуваат услови да конкурираат, без уредена постапка, заобиколувајќи ги соодветите фази во постапката за унапредување“, рече Стаменковска-Стојковски.
Таа рече дека за тоа кој службеник кога ќе му биде покачена плата или ќе биде унапреден ќе одлучува ексклузивно раководното лице во институцијата. Со тоа, истакна пратеничката, ќе видиме како партиските војници на оваа власт први ќе добијат покачување на платите и унапредувања, а останатите ќе бидат уценувани да гласаат за оваа власт на претстојните избори само за да добијат минимално покачување на плата надвор од законските процедури.
„Овие измени на Законот за административни службеници се целосно спотивни на член 32 од Уставот на РМ кој предвидува дека ‘Секому, под еднакви услови, му е достапно секое работно место’ и комплетно ги дерогираат одредбите од овој закон кои ги уредуваат пополнувањето на работните места, унапредувањето, начелото на еднакви услови, еднаков пристап до работно место, соодветна и правична застапеност и начело на стручност и компетентност. Ние како пратеничка група ја повикуваме власта да го повлече овој закон и заеднички да изнајдеме решение кое ќе биде за сите административни службеници и кое ќе биде во согласност со уставот и позитивните аконски прописи во држава“, рече Стаменковска-Стојковски.
Таа во име на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ апелира до пратениците од парламентарното мнозинство предводени од СДСМ да се вразумат и да не ги користат државните службеници во нивните предизборни игри и да го повлечат овој, како што рече, манипулативен, противуставен и дискриминаторски закон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Мицкоски: Постојниот простор на СВР Охрид ќе се стави во функција на градот, надземно ќе биде убав парк, а подземно катна гаража
„Денеска на покана на министерот и градоначалникот сум во Охрид, да дадам и јас лично поддршка на проектот кој тие двајца го најавија дека тоа ќе биде еден од приоритетите на идната влада на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Твоја Македонија. Станува збор за простор на СВР Охрид кој ќе се стави во функција на општина Охрид или ќе биде надземно убав парк, а подземно катна гаража“, кажа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Ценам дека треба да се слушаат потребите на граѓаните, треба да се слушаат потребите на тие кои се избрани од граѓаните.
Ценам дека на овој начин ќе се овозможи еден поголем комфор во рамките на градското централно подрачје во Охрид во оној дел каде што е туристичка зона и ценам дека како држава треба да поддржуваме проекти кои ќе значат додадена вредност за средините во кои се прават. Еден од тие проекти е овој овдека.
Така што уште еднаш од мене голема благодарност и до министерот и до градоначалникот на поканата. Очекувам вакви и слични проекти и во иднина во други области во Македонија“, изјави Мицкоски.
Сервисни информации
Сообраќајот на патот Прилеп-Македонски Брод, се одвива наизменично по една коловозна лента
Во 14:58 часот сообраќајот на регионалниот пат Прилеп-Мак.Брод, сообраќајот се одвива наименично по една коловозна лента.
АМСМ информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Апел за помош за малиот Војдан
„Почитувани, ви се обраќам како очајна мајка на Војдан, кој е дете со церебрална парализа. Војдан е предвремено родено дете, кој е борец уште од првата секунда од неговиот живот. 71 ден ги помина во инкубатор, на респиратор, со мал милион дијагнози и прогнози, но тој се избори и си дојде дома.
Кога мислевме дека нема крај на нашата среќа. Господ повторно ни го зададе најголемиот удар, на Војдан му дијагностицираа Церебрална парализа. 8 месеци ги поминавме по болничките лавиринти во нашата држава, со што немаше значителен напредок. Од негови 11 месеци, одиме на рехабилитација во Загреб. Одиме секој месец и остануваме таму по една недела. Војдан има сериозен напредок во неговата битка, која продолжува и од кога ќе се вратиме дома. Секојдневно има физикална терапија, со што јас како родител сум обучена да работам со него, дефектолошки и логопетски третман одиме на приватно. Фондот за здравство не ни го признава лекувањето на Војдан, па цели овие години одиме со помош на нашиот хуман народ. Како мајка на која единствена желба и е здравјето на нејзиното дете, уште еднаш и до бескрај ги молам сите хумани граѓани кој се во можност да ни помогнат за Војдан да излезе како победник во битката“.
Информации околу кампањата за собирање на донации имате тука