Македонија
Стаменковска-Стојкоски: СДСМ го одби предлогот за зголемување на платите на администрацијата од 10 отсто
Парламентарното мнозинство на чело со СДСМ на денешната собраниска комисија за труд и социјална политика го одби амандманот на ВМРО-ДПМНЕ за зголемување на платите од 10 отсто за администрацијата, изјави пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Невенка Стаменковска-Стојкоски.
Со одбивање на нашиот амандман, рече таа, СДСМ покажа дека ова минимално зголемување од 5 отсто е само политички маркетинг на власта.
„Минималните 5 отсто, што се предвидени во измените на предлог-законот за исплата на плати, се само популистичка мерка на СДСМ, која реално нема да го покачи стандардот на вработените во администрацијата. Доколку намерата на пратениците на СДСМ беше искрена, ова покачување на платите ќе беше поголемо и ќе беше прифатен нашиот амандман за зголемување на платите од 10 отсто. Наместо Владата на Зоран Заев да се расфрла со пари за патувања и прошетки на функционерите или за плаќање десетици советници, мора да најде средства за соодветно да ги покачи платите на административците“, рече Стаменковска-Стојкоски.
Според неа, покачувањето од 5 отсто претставува потценување на вработените во администрацијата.
„Административците се уште едни во низата жртви на лагите и манипулациите на СДСМ. Покачувањето на платата за јавниот сектор беше ветување, кое според СДСМ требаше да се оствари уште од јануари годинава. Денес сме 3 октомври и гледаме дека сè уште не е реализирано. Дополнително поради некоординираноста и хаосот што го направи власта, веќе трет ден административците немаат земено плата, а во многу институции не е исплатена и редовната непокачена плата“, изјави Стаменковска-Стојкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ковачки ги повика неопределените да гласаат: „ Да се обединиме околу идејата за Македонија повторно твоја“
Народот е подготвен и обединет за промени, приклучете се кон ВМРО-ДПМНЕ за да ја поразиме оваа ненародна и криминална влада на СДС и ДУИ, порача Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 3.
„Денеска сме во Кратово, Ранковце и Крива Паланка. Тука сме да презентираме проекти од Платформата 1198, ќе поразговараме со сите граѓани. Ги повикувам сите граѓани кои сеуште не се определиле и кои што ја чувствуваат позитивната енергија која што доаѓа од ВМРО-ДПМНЕ, да се обединиме околу идејата за Македонија повторно твоја, да се обединиме околу проблемите“, рече Ковачки.
Како што додаде вчерашниот митинг во Охрид покажал дека народот е подготвен и обединет за промени, а ВМРО-ДПМНЕ е партија за македонско национално единство.
Македонија
Успешна сложена дентална операција – изведена транспозиција на нерв
Вчера, успешно заврши сложениот хируршки зафат – транспозиција на нерв на пациент од земјата.
Оваа комплексна техника ја изведе искусен хируршки тим под водство на професор Мазен Тамими од САД, роден во Јордан.
Интервенцијата се изведе во присуство и во приватната специјалистичка ординација на реномираниот орален хирург и имплантолог од овие простори – Дијана Бојковска. Пациентот е во стабилна состојба, се чувствува добро, но претстои период на целосно заздравување по извршување на операцијата поради прилично атрофираната долна вилица.
Видеоприказ од интервенцијата ќе биде емитуван во рамките на меѓународниот имплантолошки конгрес, кој почнува денес во хотелот „Хилтон“ во Скопје, а ќе трае до 20 април. Напредната хируршка техника првпат ќе биде споделена со пошироката стручна јавност од земјата, но и од светот, бидејќи на конгресот ќе учествуваат врвни стоматолози, орални и максилофацијални хирурзи од четири континенти.
Дигитализација во стоматологијата и новите трендови во имплантологијата се дел од темите што ќе бидат во центарот на вниманието на овој конгрес. Конгресот предвидува теоретски, практичен дел и презентирање напредна хируршка техника во делот на имплантологијата.
Еминентни стоматолози специјалисти од Македонија исто така ќе земат активно учество на конгресот: д-р Митко Франгов, орален хирург и меѓународно лиценциран имплантолог, д-р Златко Вршковски, максилофацијален хирург и меѓународно лиценциран имплантолог, д-р Недим Касами, максилофацијален хирург и имплантолог, д-р Петар Вршковски, орален хирург и имплантолог, д-р Дијана Бојковска, орален хирург и имплантолог.
Во Македонија првпат стоматолозите учесници на конгресот ќе бидат дел од меѓународно акредитирана имплантолошка едукација и ќе добијат CME – европски кредит-поени.
Македонија
МОН известило дека деновите на изборите ќе се одработуваат во две саботи, а на 15 јуни и часовите пропшуштени поради самитот на ОБСЕ
Министерството за образование и наука (МОН) ги известило училиштата дека неработните денови на одржување на изборите ќе се одработат во две саботи, односно на 18 мај и 1 јуни, објави претседателот на Самостојниот синдикат за образование и култура (СОНК), Јаким Неделков.
Во дописот што го објави Неделков стои дека причината е за да се исполни одредбата од законот, со кој учебната година се остварува во 180 наставни дена, а притоа да не се продолжи учебната година.
МОН, покрај тоа, ги задолжува основните училишта во град Скопје на 15 јуни да ги одработат и пропуштените часови од 30 ноември лани, кој беше неработен ден поради одржувањето на министерскиот совет на ОБСЕ.
Неделков побара од министерот Јетон Шаќири веднаш да го повлече известувањето до училиштата.
„Од кога неработните денови преку ноќ стануваат работни? Министерот за образование веднаш да го повлече известувањето до училиштата, со кое се задолжуваат да ги одработат ‘неработните’ денови прогласени од Владата поради одржувањето на претстојните избори! Впрочем, и други учебни години завршувале и биле верифицирани од страна на министерот со помалку од 180 работни дена, како, на пример, учебната 2021/2022 година“, напиша Неделков на „Фејсбук“.
Владата, претходно, ги прогласи за неработни за сите граѓани деновите на одржувањето на изборите, 24 април и 8 мај.