Македонија
Стоилковски: Ковачевски не може да донесе напредок, во сите негови настапи ги бранеше политиките на Заев
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски на денешната трибина на тема „Високи цени, ниски плати“ и што може да се очекува во 2022 година, говорејќи за поскапувањето на цената на струјата и укинувањето на евтината тарифа рече дека со таквиот потег на како што вели тој, „владинозависната“ Регулаторна комисија за енергетика, се укинува оној столб на владеењето на заевизмот во Македонија, бидејќи двата популистички столба на владата на Заев беа воведување на евтината тарифа и укинување радиодифузната такса.
Стоилковски зборуваше и за тоа што може да се очекува во периодот што претстои посочи дека нема што многу да се очекува или да се промени на подобро бидејќи мандатарот кој ќе го замени Заев во сите негови настапи ги фалеше политиките на Зоран Заев кои што доведоа до овој колапс на економијата каков што се најавува.
„Македонија има сега мандатар, којшто ги фалеше политиките во сите оние настапи досега и сите оние чекори на Зоран Заев и неговиот тим во Владата што би донело до заклучок дека нема да има големи промени во таа насока што всушност го доведува во прашање зошто тогаш, чуму има нов владин кабинет. Но, Ковачевски како нов мандатар доаѓа на оваа позиција од позицијата заменик министер за финансии и е еден од оние коишто директно го гледаше оној пад на економијата на Македонија и целиот овој систем којшто сега доведува до ваков колапс како што се најавува во економијата“, рече Стоилковски.
Тој исто така зборуваше и за неспособноста на СДСМ и нејзините кадри за спроведување на гасификацијата на Македонија која е една од главните стратегии на ВМРО ДПМНЕ, а беше изоставена во последните 4-5 години владеење на СДСМ.
„Во однос на капиталните инвестиции би се насочил за крај кон иднината како една од стратегиите на ВМРО-ДПМНЕ е гасификација на Македонија, нешто што се остави овие 4-5 години, би дал само еден пример. Случајно го разгледував новиот тим на Ковачевски во СДСМ и таму влезе и директорката на кумановската болница д-р Захариева која што е подолг временски период директор таму и ми падна во очи бидејќи ја имам запаметено кумановската болница како еден од најголемите загадувачи на Куманово, бидејќи со години се грее на мазут. Некаде на крајот на 2018 година имаше едно истражување и добра анализа направена за еден портал каде што беше посочено и со изјава од истата госпоѓа директорка дека со години праќа дописи до Владата за помош за 200 илјади евра за гасификација на кумановската болница којашто треба да прејде на греење на гас бидејќи толку чинело само да се поврзе бидејќи внатре сѐ направиле сами. Деновиве се јавив и прашав до каде е кај пријатели и колеги од Куманово коишто ми посочија замислете дека дури годинава оваа зима се наоѓа во експериментална фаза приклучувањето на гас односно греењето на гас во кумановската болница. Па ако од 2018 до 2022 траел еден зафат за приклучување на болницата за 200 илјади евра, зафат што во рамки на гасификација е минорна сума, што останува со сѐ останато“, потенцираше Стоилковски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Апасиев: Дали е вистина дека директорот на велешката болница забранил да им се дава инфузија на деца со температура 40 – за да заштеди
„Дали е вистина дека директорот на велешката Болница – Зоран Арсовски од СДС забранил да им се дава инфузија на Детското одделение, на деца со температура 40 – за да заштеди“, прашува претседателот на партијата Левица, Димитар Апасиев преку социјалните мрежи.
„И дали е вистина дека за операција на жолчка, во истава болница, докторите отворено си бараат мито од пациентите – од 500 евра ‘по тарифа’“, додава Апасиев.
Македонија
„Пендаровски ја призна конекцијата со мешетарот Еисин и после се сокри од јавноста“, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„Пендаровски ја призна конекцијата и комуникацијата со балканскиот мешетар Асаф Еисин и се сокри од јавноста. Го нема со денови да излезе и да даде одговори, дали тој, дали СДС, дали Ковачевски или сите комплет го ангажирале Еисин за консултации“, вели ВМРО-ДПМНЕ.
„Овој скандал е дотолку поголем што постојат сериозни индиции дека овој сомнителен лик е ангажиран за креирање на црната кампања на власта и за тоа според основани сомнежи се плаќа со пари во кеш. Овие црни пари не се водат во ниедна евиденција и се испумпани од криминалните тендери во РЕК Битола.
Надлежните институции треба овој случај детално да го проверат, бидејќи ангажманот на мешетарот Еисин и двете лица кои му помагаат а кои се сместени во еден скопски хотел, не фигурира во ниеден извештај. Доколку актуелните институции не го истражат овој случај, тогаш после промената на власта се ќе биде детално проверено. Време е за промени, а наскоро после тоа ќе дојде и времето за одговорност“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
„Нема промена во ДПМНЕ, над 80% од листите се истите пратеници кои спроведуваа активни блокади“, велат од СДСМ
„Составот на листите за пратеници на ДПМНЕ потврдува дека во ДПМНЕ нема никаква промена, тоа е партија свртена кон минатото. Повеќе од 80% од кандидатите на листите се истите пратеници, кои спроведуваа активни блокади на Собранието, правеа опструкции и кочеа, сé што е во интерес на граѓаните и државата“, соопшти СДСМ.
„Тоа се истите лица што во време на криза во Собранието ја блокираа помошта за граѓаните и компаниите, кои два дена на собраниска седница ги преместуваа точките на дневниот ред.
Беа и против минималната плата и раст на платите и против членството на државата во НАТО, и против евроинтеграциите, тропаа и вревеа со вувузели додека во парламентот зборуваше Урсула фон дер Лајен.
Нивната работа изминатите четири години ја одбележаа одолговлекувања, бесмислени реплики, штанцање илјадници амандмани за блокада на законите, незакажување седници и неставање на дневен ред на клучни закони во парламентарните комисии, предводени од ДПМНЕ.
Со истите лица на листите Белата палата потврдува дека се определува за блокада на европскиот пат на државата. Со ДПМНЕ е можно само враќање назад.
Изборот пред граѓаните на претстојните избори ќе биде помеѓу надеж и просперитетна европска иднина со СДСМ и безнадежност и враќање 10 години назад со ДПМНЕ“, се наведува во соопштението на СДСМ.