Контакт

Македонија

Сугарески: Почнуваме со реконструкција на локални патишта и улици во сите општини

Објавено пред

Почнуваме со реализација на проектот за изградба и реконструкција на преку 400 километри локални патишта и улици во сите 80 општини и Градот Скопје, за што инвестираме вкупно 70 милиони евра. Министерството за транспорт и врски веќе го објави првиот тендер за реконструкција и санација на вкупно 28 улици и локални патишта во 17 општини“ – истакна министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, на денешната прес-конференција што се одржа во Прилеп.

dobivaj vesti na viber

Во првата фаза од проектот за поврзување на локални патишта ќе се работи на реконструкција и надградба на 28 локални патишта и улици со вкупна должина од 23,6 километри, во вредност од 4,5 милиони евра.

Следува интегрален текст од говорот на министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.

„Подобрување на урбаното живеење, олеснување на животот на граѓаните и економски развој на државата се врвни приоритети кои континуирано ги реализира Владата предводена од СДСМ. Тоа го докажавме преку историски најголемите инвестиции во патната мрежа, преку инвестициите во изградба на водоводи и канализации, преку реализација на круцијалниот проект за гасификација на земјата и други значајни капитални проекти. Нашите заложби за подигнување на квалитетот на живот во секоја општина се видливи на терен и се потврдуваат со бројните проекти што досега ги реализиравме и оние на кои работиме во моментов насекаде низ државата. Еден од тие значајни инфраструктурни проекти од особена важност за општините е проектот за изградба и реконструкција на локални патишта и улици во сите 80 општини и Градот Скопје, инвестиција од вкупно 70 милиони евра. Веќе информиравме дека средствата се обезбедени, притоа на секоја општина согласно однапред утврдена методологија ѝ се распределени средства со одредена висина, за чие користење општините веќе аплицираа до Министерството за транспорт и врски. Заради правична распределба на средствата се водевме од критериуми користени за слични намени, како што се бројот на население, број на населени места и површина на општините, а исто така  предвид ја зедовме и Одлуката за класификација на планските региони според степенот на развиеност за периодот 2013-2017 година. На мое огромно задоволство, денеска сме тука да го најавиме почетокот на реализација на овој проект. Сакам да информирам дека Министерството за транспорт и врски го објави првиот тендер за изградба и санација на локални улици и патишта во 17 општини. Во оваа прва фаза ќе се работат 28 локални улици во должина од 23,6 километри и во вредност од 4,5 милиони евра. Подетално, веднаш по завршувањето на тендерската постапка и роковите за избор, приближно на есен започнуваме со градежни работи, и тоа на:
• Улица Париска во Карпош
• Улица Живко Фирфов во Кисела Вода
• Улица број 532 – Илинден
• две улици во Ѓорче
• две улици во Тетово
• Локален пат до село Жубовце во Врапчиште
• по една улица во Кочани, во Кратово во Македонски Брод
• неколку улици во село Двориште во Берово
• Локален пат Прналија-Шупуѓе во Радовиш
• Локалниот пат до село Слоешица во Демир Хисар
• 3 улици во Кавадарци
• 2 улици во Неготино
• 6 улици во Богданци
• Локалниот пат од Долно до Горно Липовиќ во Конче
• и улица Мице Козарев во Прилеп.

Како што истакнав, тендерската постапка е во тек, рокот за поднесување на понудите е до 18 август, по што следува евалуација на понудите, договор со изведувач и веднаш потоа започнуваме со градежните работи. Во оваа прва фаза влегоа само општините кои до Министерството доставија готови ревидирани проекти кои Светска банка веднаш ги одобри. Исто така, сакам да најавам дека работиме и на вториот пакет на општини, кој некаде до средината на август ќе го испратиме на одобрување до Светска банка и веднаш биде одобрен ќе биде објавен вториот јавен повик. Затоа е многу важно во овој период општините да подготвуваат проекти и да ги испраќаат до Министерството за транспорт и врски, со цел ефикасно и навремено да се искористат средствата што ни се одобрени. Сметам дека со проектот за локални патишта не само што ќе го подобриме урбаното живеење, туку ја зголемуваме безбедноста во сообраќајот, создаваме услови за економски развој на општините и привлекување нови инвестиции. Притоа верувам дека реализацијата на еден ваков проект ќе придонесе за рамномерен регионален развој, економско зајакнување на општините и намалување на разликите помеѓу планските региони и општините кои се дел од нив“ – изјави министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.

Скопје

Без вода дел од Карпош

Објавено пред

ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок од ф – 150 мм на улицата Ристо Равановски бр.12, без вода ќе останат корисниците од улиците Ристо Равановски и Атинска во општина Карпош.

dobivaj vesti na viber

Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата.

Прикажи повеќе...

Сервисни информации

Претпладне променливо облачно со сончеви периоди, попладне со локални врнежи од дожд

Објавено пред

Времето денеска, претпладне променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, проследени со појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 13, а максималната ќе достигне од 21 до 38 степени.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје, претпладне променливо облачно со сончеви периоди. Попладне облачноста ќе се зголеми, а кон крајот на денот ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне 25 степени.

Од среда до почетокот на следната седмица подрачјето на нашава земја ќе биде под влијание на серија на влажни бранови кои што ќе предизвикаат времето да е променливо облачно со повремени врнежи од дожд.

Во среда и четврток ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и силен ветер (над 70 км/час), локално во форма на невреме. Од петок, а особено за време на викендот поради спуштање на студена воздушна маса врнежите од дожд на планините и повисоките места ќе бидат од снег и ќе се формира нова снежна покривка.

Врнежите повремено ќе имаат обилен карактер, наместа над 40 л/м2 за краток период.

Прикажи повеќе...

Македонија

Османи: Нема да има Влада без договор за ветинг

Објавено пред

Кандидатот за претседател од Европскиот фронт Бујар Османи на денешниот митинг пред граѓаните на Дебар ги наброја главните заложби од неговиот Декалог.

dobivaj vesti na viber

„Ако имав предизвик, како министер за надворешни работи, да ги отворам преговорите со ЕУ по 17 години чекање, верувајте дека како претседател можам да го завршам процесот за членство во ЕУ во следните 5 години, ќе го искористам целиот потенцијал на Европскиот фронт, целото мое знаење, знаењето од процесите што ги водев, моето искуство, моите контакти низ светот за да го завршам овој процес во следните 5 години. И, ви ветувам дека ќе го направам тоа доколку ја добијам вашата ценета поддршка“, рече Османи.

Во однос на партнерството со САД, Османи истакна дека „нема поголема штета, поголемо предавство што можете да ѝ направите на земјата од влошување на односите со САД“.

Османи вети дека нема да има Влада без целосен договор за ветинг.

„Секој што ќе има претензии, да стане министер, директор, судија или обвинител, прво ќе треба да го добие сертификатот издаден од САД, НАТО, ЕУ… Само така ќе ни се исчисти сцената од руско влијание и корупција”, изјави Османи.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет11 минути

Иран зад себе има незамислива сила која е закана за целиот свет: група од најбруталните терористи подготвени да интервенираат

Иранскиот напад врз Израел го отвори патот за нова ескалација на Блискиот Исток. Директен конфликт меѓу овие две земји ќе...

Регион16 минути

Земјотрес ја погоди Грција

Земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Грција. Епицентарот на земјотресот бил на Крит на...

Македонија10 часа

Силјановска -Давкова: Ќе се залагам АРМ секогаш да ги исполнува НАТО стандардите и да вклучва повеќе жени

„Претседателот е врховен командант на вооружените сили. А вооружените сили се бранителот на територијалната независност и интегритет на Македонија. Во...

Македонија11 часа

(Видео) „Ако го интересира Мицкоски кој од неговите најблиски соработници биле кај мене, ќе му кажам“, рече Пендаровски

Вечерва претседателскиот кандидат Стево Пендаровски беше меѓу жителите на Гази Баба и одговараше на нивните прашања. Граѓаните побараа одговор дали...

Македонија18 часа

Протестите на специјализантите имаат политичка заднина, колкав притисок и да прават, решение е можно по изборите, вели Демири

Министерот за здравство ги поддржува барањата за поголеми плати и платени придонеси на приватните специјализанти, но нема мерки што би...

Македонија18 часа

Демири: Ќе предложам невакцинирани да не може да се вработат во јавното здравство

Министерот за здравство во техничката Влада, Илир Демири, ќе побара законски измени со кои ќе биде забрането во јавното здравство...

Македонија18 часа

Деветвалентната ХПВ-вакцина, која спречува 80 отсто од аналниот карцином и 70 отсто од карциномот на грлото на матката, достапна кај нас од следниот месец

За еден месец сите вакцинални пунктови ќе ја добијат деветвалентната ХПВ-вакцина, која од оваа година, покрај девојчињата на возраст од...

Македонија20 часа

Припадници на затворската полиција се сомничат дека му овозможиле на осуденикот да побегне од Идризово – може да добијат и до 10 години затвор

Седумнаесет полицајци се приведени по повеќемесечна предистражна постапка за бегството на затвореникот од Идризово, кое се случи во октомври минатата година....

Македонија20 часа

Османи со порака до Израел: Воздржете се од возвраќање, спиралата на конфликти може да се влоши

Министерот за надворешни работи Бујар Османи порача до Израел да не возраќа на нападот на Иран бидејќи состојбата може да...

Uncategorized20 часа

Укината социјалната помош на 1.134 лица оти имале возило и за 18 месеци ја оштетиле државата за над 2,5 милиона евра

Министерството за труд изготвило 1.134 решенија за прекин на гарантирана минимална помош и социјална пензија на лица што 18 месеци...

Топ20 часа

На автопатот Скопје – Велес мотоциклист излетал од патот и починал од повредите

Вчера, во 12 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје – Велес, во близина на тунелот „Бадар“,...

Македонија21 час

Си плаќаме приватно за да се лекуваме оти не сме здравствено осигурени, велат приватните специјализанти, кои излегоа на штрајк

Над 400 приватни специјализанти утрово излегоа на генерален штрајк барајќи покачување на платите и здравствено осигурање. Тие истакнаа дека надоместокот...

Свет23 часа

Израел: Иран почна војна, сите опции се на маса

Иран покрена војна против Израел кога лансираше беспилотни летала и проектили, мораме да ги одвратиме, изјави за „Скај њуз“ портпаролката...

Свет24 часа

Израелската армија објави фотографии од штетите од иранските напади

Околу 99 отсто од ракетите, беспилотните летала и крстаречките ракети лансирани за време на одмаздничката операција на Иран биле соборени...

Свет24 часа

Иран: Ако Израел возврати, следниот напад ќе биде одлучувачки

Амбасадорот на Иран во ОН, Амир Саид Иравани, даде изјава за „Скај њуз“ по состанокот на Советот за безбедност на...

Македонија1 ден

(Видео) Пендаровски: Мицкоски е докажан извор на лажни вести, страв му е да не му се врати Груевски

На вечерашниот граѓански митинг во Куманово, кандидатот за претседател Стево Пендаровски одговарајќи на прашање од граѓани зошто ВМРО-ДПМНЕ во последните...

Свет1 ден

САД: Нема значителна штета во Израел

Висок американски воен функционер рече дека Соединетите држави проценуваат дека нема значителна штета во самиот Израел по иранското бомбардирање. Портпаролот...

Свет2 дена

(Видео) „Израел уништил балистичка ракета надвор од земјината атмосфера“ – мистериозна снимка за време на масовниот ирански напад

Израелската противвоздушна одбрана се мачеше да се спротивстави на масовниот напад на ирански беспилотни летала и ракети! На едно од...

Свет2 дена

Њујорк Тајмс тврди дека Бајден го разубедил Нетанјаху од планот за контра-напад врз Иран

Американскиот претседател Џо Бајден го одврати премиерот Бенјамин Нетанјаху да даде зелено светло за одмазднички напад врз Иран, откако минатата...

Македонија2 дена

Османи: Формиравме Кризен штаб за извлекување на нашите државјани од Израел и регионот по нападот на Иран

Што знаеме досега: 🔵Наставата е прекината во училиштата низ Израел, а компаниите ќе можат да работат „нормално“ со пристап до...