Македонија
Сугарески: Со изградба на канализациска мрежа во Брвеница решаваме клучно прашање на 4.000 жители
Mинистерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, беше во работна посета на општина Брвеница, каде што изврши увид во изградбата на канализациска мрежа и колектор за отпадни води.
Проектот е со вредност 325 илјади евра, се реализира преку Министерството за транспорт и врски и опфаќа изградба на канализациона мрежа со должина од 4,4 километри и изградна на колектор за отпадни води.
„Овој проект е од огромно значење за околу 4.000 жители на населените места Брвеница и Долно Седларце. Со негова реализација, покрај подобрувањето на квалитетот на граѓаните, истовремено придонесуваме и за заштита на животната средина, на што како Влада посветуваме особено внимание. Министерството за транспорт и врски овозможува голема поддршка на општините за реализација на комунални проекти. Преку изградба и реконструкција на водоводи и канализации имаме за цел да го подигнеме квалитетот на живот на сите граѓани. Во таа насока, само во овој момент работиме на преку дваесетина проекти во комуналната инфраструктура, а исто толку веќе се подготвуваат и за следната година“, изјави министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.
Градоначалникот на општина Брвеница, Енвер Пајазити, истакна дека изградбата на канализациска мрежа и колекторот за отпадни води се од круцијално значење за жителите на Брвеница и нагласи дека веќе од утре ќе бидат ставени во функција.
Министерот Сугарески информираше и за проектот за подобрување на локалните патишта и истакна дека од следниот месец вкупно 70 милиони евра наменети за изградба и санација на локални патишта и улици ќе бидат достапни за општините. Министерот испрати апел до сите локални самоуправи да подготват проекти и да ги достават до Министерството за транспорт и врски, со цел веднаш да се тендерираат и со самиот почеток на следната година да почне нивната реализација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево и топло време со температура до 27 степени
Времето денес ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.
Во Скопје сончево и топло со слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 25 степена, јавува УХМР.
Во наредните денови следува период на сончево и топло време со пораст на температурата кон викендот. Утринските температури ќе бидат постојано над нулата, а поголемо наоблачување со услови за појава на дожд се очекува на почетокот на следната недела и ќе биде проследено со умерено спуштање на температурата.
Македонија
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Скопје
Без струја дел од Карпош
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе остане дел од Карпош.
Од 9 до 14.30 часот корисниците од улицата Мексичка, улицата Хаванска и дел од улицата Варшавска во општина Карпош ќе бидат без струја.