Македонија
Судиите може да тужат за додатоците што не им биле исплатени за преостанатите месеци
Работната група при Здружението на судиите формирана за исплата на платите на судиите и други додатоци предвидени со законите на втората седница донесе два заклучока. Со првиот заклучок предлагаат измени на Законот за измената и дополнувањето на Законот за платите на судиите од 2010 година, кои се однесуваат на основицата за пресметување на платите на судиите.
Во однос на додатоците на плата, работната група заклучила дека во согласност со законот и другите подзаконски акти, судско-буџетскиот совет бил должен да ги исплаќа додатоците на плата и за преостанатите месеци од кога актите се стапени во сила. „Од тие причини работната група смета дека судиите своите права за заостанатите месеци може да ги остварат преку поднесување тужби“, пишува во соопштението на работната група на Здружението на судиите.
Членовите на судскиот буџетски совет одлучија да им ги исплатат додатоците на плата од 35 отсто на судиите ретроактивно за 2 месеца во износ од приближно 21 илјада денари, но и самите си изгласаа зголемени плати. Министерката за правда, Рената Дескоска-Треневска, рече дека зголемувањето на платите на членовите на Судскиот совет е скандалозно, а oбвинителството најави истрага.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски: СДСМ е измеќар на ДУИ
Тоа е едно исто тело, бидејќи СДСМ во изминативе 2 недели од претседателската кампања не кажа ниту еден лош збор ниту пак ниту една критика за работењето на Демократската унија за интеграција што не е случај обратно, вака претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на денешната посета на Охрид одговори на новинарско прашање околу реакцијата на СДСМ за наводната жестока реторика и нивно поистоветување со ДУИ.
Мицкоски исто така додаде дека фактот што ДУИ во кампањата ја критикува работата на СДСМ, а СДСМ нема кажано збор против ДУИ покажува дека СДСМ се само измеќари на ДУИ.
“ДУИ ја критикува работата на СДСМ. Така што, како можам да судам и што можам друго да кажам освен тоа дека тие практично се ништо повеќе од едни обични измеќари на ДУИ?“ потенцираше Мицкоски.
Македонија
(Видео) „Нема откажување од иднината“ – СДСМ и коалицијата „За европска иднина“ го означија почетокот на кампањата за парламентарните избори
Со настан во Музејот на современа уметност, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и Kоалицијата за европска иднина, го означија почетокот на кампањата „Нема откажување од иднината“, за претстојните парламентарни избори.
Со видео обраќање, членот на германската сестринска партија ПЕС, Олаф Шолц, упати јасна порака дека за силна ЕУ е потребен процесот на проширување со Северна Македонија и државите од Западен Балкан.
На настанот, претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски се осврна на сработеното во изминатиот мандат на Владата предводена од СДСМ и коалицијата за европска иднина, но и ги потенцира мерките предвидени во програмата на Kоалицијата за европска иднина, опишувајќи ја програмата како реална, остварлива и заклучувајќи дека нема откажување додека секој ред од неа не стане реалност за, како што вели, нашата европска Македонија.
„Во оваа кампања ќе зборуваме повеќе за иднината. Ветуваме просечна плата од 1.100 евра и минимална плата од 600 евра. Со влезот во ЕУ проектираме дека ќе достигант до 1.300 евра просечно, односно по 800 евра минимална плата. Обезбедивме по 200 евра прво вработување за млади до 26 години. Првпат во историјата ќе има едноцифрена бројка на невработеност од 7 проценти до крајот на мандатот. За пензионерите ќе обезбедиме просечна пензија од 30.000 денари, минимална од 20.000 денари, зголемени со влезот во ЕУ“, рече Ковачевски.
Toj најави и решителна и поефикасна борба против криминалот и корупцијата.
„Нема да има веќе предмети по фиоки, ќе го спроведеме ветингот на судиите и јавните обвинители, кому му се допаѓало или не. Ќе започне прво од кандидатите на листата на изборната единица 1, ќе продолжи со политичарите, а ќе се зпресели и кај судиите и обвинителите, и сите оние кои изминатите 32 години собраа богатство кое го употребуваат и злоупотребуваат за влијание во системот“, рече Ковачевски.
Најави целосна реформа на судскиот совет и советот на јавни обвинители, драстично зголемување на платите на медицинскиот персонал. Специјалистите, како што ветува СДСМ, ќе добиваат плати до 80.000 денари, општите доктори 120.000 денари, а медицински сестри до 90.000 денари, како и укинување на партиципацијата од 20 отсто за сите граѓани.
Целата програмата на СДСМ за парламентарните избори е на линкот.
Македонија
Али Ахмети од Европскиот фронт: Се срушија последните бариери, државата нека оди напред
На денешната симулирана конститутивна седница на Собранието на Република Северна Македонија, произлезена од парламентарните избори на 8-ми мај, говор одржа претседателот на ДУИ, г-дин Али Ахмети.
„Демократската унија за интеграција направи суштинска анализа и со своите раководни тела и со претставниците на Европскиот фронт. Нашата земја треба да се стреми кон мир со сите земји од регионот , да се стреми кон промена на Уставот и инкорпорирањето на малите заедници кои живеат во оваа земја како уставна категорија што би имало значајно влијание. Колку е државата полојална, колку граѓаните се полојални, колку државата е повнимателна, толку граѓаните се подоверливи“, вели Ахмети.
Според него државата треба несамоволно да одлучува за малите заедници кои немаат можност да бидат рамноправни.
„Како постулат го имавме предвид, затоа едногласно ја поддржуваме измената на Уставот, поддржуваме по пет години актуелниот претседател да покрене иницијатива шефот на државата да биде избран во Собранието, бидејќи тоа е директен одраз на застапеноста на граѓаните во највисокото законодавно тело. Ние сме парламентарна република и мора да се оствари парламентарната демократија, идниот претседател да биде избран со мнозинство парламентарци, со принципот на Бадентер, затоа, господине претседателе, даваме целосна поддршка промените во оваа држава да се придвижат напред“, посочи Ахмети.