Македонија
Судијката Димишкова се задржала 1,5 час на распит кај Русковска
Судијката од Кривичниот суд во Скопје, Весна Димишкова, која утрово влезе во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, според информации на „Макфакс“, таму се задржала 1,5 час. Иако новинарските екипи ја чекаа судијката за изјава повеќе од пет часа, не успеаја да ја регистрираат низ кој од трите излези го напуштила Обвинителството.
Нема информации за што била повикана судијката во Обвинителството.
Нејзиното име го спомна обвинетиот Бојан Јовановски во снимката што ја објави италијанскиот весник „Ла Верита“. Јовановски во снимката на Камчев му рече дека треба да се почека Димишкова да видат „што ќе напраи до среда“.
„Боки, ти ми кажа со Катица да пуштам барање за четврток. Ти ми кажа дека судијката ќе биде отсутна дента, дека ќе биде Реџепагиќ, да те цитирам шо зборевме ја и ти“, му рече Камчев на Јовановски.
Медиумите веќе објавија дека во записникот од пријавата за Камчев се споменуваат судијката Димишкова и нејзиниот брат Васил Димишков.
Димишкова беше судијката што на Катица Јанева ѝ даде наредба за влез во УБК за истрагата со прислушувањето и која ја потпиша наредбата за претрес во станот на сега покојниот Коста Крпач.
Таа е избрана за судија од 2004 година и постапуваше по предметот со кокаинот откриен во канти со поликолор за кој беше обвинета Станислава Чочороска-Полетан и по предметот против Панде Лазаров, ексдиректорот на поранешното ЕСМ, за поткуп од кинеска компанија за изградбата на „Козјак“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Изет Меџити од Берлин: Дијаспората ја совлада Југославија, ќе го совладат и ДУИ
Лидерот на Демократското Движење, истовремено и носител во изборната единица број еден, Изет Меџити, учествуваше во голем собир со дијаспората во Берлин на Коалицијата ВЛЕН (ВРЕДИ).
Меџити од овој собир на дијаспората и се обрати со зборови каде им ја даде убавата вест дека на 8 мај пристигнува победата, но и за вредноста на учеството на дијаспората во овие избори кои многу добро знаат да казнуваат режими и тие кои го мразат Курти и Косово.
„Првите политички движења се отпочнати од дијаспората, како за совладување на Југославија, така и за независноста на Косово, а токму од ова дијаспора ќе пристигне и казната за ДУИ која се спротиставува на Косово и кокетира со Вучиќ”.
Тој, исто така, додаде дека сега е историскиот момент за промени во албанската политичка сцена после децении, со обединетата опозиција и со Самоопределување.
Македонија
Во Скопје санкционирани 179 возачи
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (19.04.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 179 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 51 санкција, 11 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкии за поминување на затворен сигнал – црвено светло, седум мерки за управување под дејство на алкохол…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
Македонија
Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи
Поради предизборни митинзи за претседателските избори викендов во централното градско подрачје ќе биде воведен посебен сообраќаен режим.
Како што информира Министерството за внатрешни работи од денеска од 19 часот до утре до 21 часот на улицата „Св. Кирил и Методиј“ ќе биде воведен посебен сообраќаен режим поради одржување на митинг што ќе се одржи утре во 13 часот пред седиштето на Европската унија. За сообраќај ќе биде затворена ул.„Св.Кирил и Методиј“ на потегот од крстосницата со бул.„Кочо Рацин“ до крстосницата со бул.„Св. Климент Охридски“.
Утре во 20 часот на плоштадот „Македонија“, пак, ќе се одржи митинг од изборната кампања за претседателските избори поради што Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје, а сообраќајот времено ќе се запира на сообраќајниците по кои ќе се движат учесниците на настанот.
Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници.