Македонија
Судот бара доказ од вештакот дали Бојан Јовановски ѝ должи на „Систина”
Бојан Јовановски не присуствуваше на второто рочиште во Граѓанскиот суд каде е тужен од страна на болницата „Систина” за долг од 10 илјади и 300 евра. Тој за време на судењето беше во Обвинителството за организиран криминал каде даваше исказ за случајот поврзан со работењето на Меѓународниот сојуз. Рочиштето беше одложено по барање на судот, откако судијката Лилјана Зафировска-Петреска побара вештакот да го дополни наодот.
Вештакот Елизабета Дамеска-Јовановска, кој го најми болницата „Систина”, кажа дека се анализирале документи со кои „Систина” барала да 1 се платат парите кои Бојан Јовановски ги должи.
„Тужениот ја примил спорната фактура од 11.04.2019 година во износ од 634.251 денар. Како потврда дали здравствените услуги се извршени, направив увид во медицинското досие на тужениот. По анализа на документацијата констстирав дека од страна на тужениот е побарана здравствената услуга од тужителот и таa е извршена. Согласно ова, тужителот побарува од тужениот 634.251 денар, кои до денот на изготвувањето на вештачењето, не беа платени”, рече вештакот Дамеска-Јовановска.
Вештото лице на прашање од судот рече дека не била во просториите на „Систина”, а медицинската документација и фактуритеѝ биле доставени по електронска пошта. Судот побара од вештото лице да го дополни наодот, бидејќи е нецелосен и да изврши увид во сметководствено-финансиската документација на „Систина” за да одговори на прашањето дали во сметководството е евидентиран неплатен долг од страна на тужениот, дали можеби е платен делумно или воопшто не е платен.
Судот му даде рок од 30-дена на вештакот да направи увид во „Систина”, по што, следното рочиште го закажа за февруари идната година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Тошковски: Мислам дека изборниот ден ќе помине во најдобар ред
Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека досега нема никакви нарушувања на гласањето а МВР веќе ги има распоредено сите полициски службеници ширум државата кои треба да се грижат за спроведување на фер и демократски процес.
„Немаме забележано никакви посериозни нарушувања на изборниот процес. Денот е убав, се надевам дека граѓаните ќе можат да го остварат своето гласачко право, на едни демократски избори. Покриени се сите сектори за внатрешни работи со технички услови. Се постапува според утврдените насоки од изборниот штаб“, додаде Тошковски.
Тошковски смета дека изборниот ден ќе помине во најдобар ред.
На претседателските избори учествуваат седум кандидати – пет мажи и две жени.
Кандидати се актуелниот претседател Стево Пендаровски кој е поддржан од СДСМ и коалицијата, Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ, Билјана Ванковска која е поддржана од Левица, Максим Димитриевски од движењето Знам, Стевчо Јакимовски од партијата Гром, Арбен Таравари од коалицијата Вреди и Бујар Османи кој е поддржан од Европскиот фронт.
Во Северна Македонија се одржуваат седмите претседателски избори.
Македонија
Македонија денеска избира претседател: седум имиња се на гласачкото ливче
Во Северна Македонија се одржуваат седмите претседателски избори.
Евентуалниот втор круг од претседателските избори е закажан за 8 мај, за кога се закажани парламентарните избори.
На претседателските избори учествуваат седум кандидати – пет мажи и две жени.
Кандидати се актуелниот претседател Стево Пендаровски кој е поддржан од СДСМ и коалицијата, Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ, Билјана Ванковска која е поддржана од Левица, Максим Димитриевски од движењето Знам, Стевчо Јакимовски од партијата Гром, Арбен Таравари од коалицијата Вреди и Бујар Османи кој е поддржан од Европскиот фронт.
Владата го прогласи денот на изборите за неработен.
Во избирачкиот список за претседателските избори се запишани 1.814.317 избирачи, а во странство ќе гласаат 2.569 гласачи со државјанство на Северна Македонија.
Во посебен избирачки список запишани се 2.147 лица кои издржуваат затворска казна или притвор.
Скопје
ЈСП: Јавниот превоз по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи
Јавното сообраќајно претпријатие Скопје соопшти дека јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред, а жичницата на Водно нема да работи.
Како што се појаснува во соопштението, дежурни од седум до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.