Македонија
СЈО е срцето на напорите за борба со криминалот, порача в.д. американската амбасадорка
„Судските реформи не може да бидат само на хартија. Важно е да се усвојат законите. Треба промена на пракси, навики и предрасуди“, ова го порача Микаела Швајзер Блум, в.д. амбасадорка на САД во Севрна Македонија на свеченост организирана за Денот на правосудството.
„Овие две обвинителства се срцето на напорите на вашата земја да ја гони корупцијата и да ја вратат довербата на јавноста во правосудните институции. Независноста на овие обвинителства треба да се обезбеди“, порача Швајзер.
Блум рече дека интегритетот е клучна поента што го јакне правото. Таа потенцира дека Амбасадата на САД донирала опрема за аудио и видеоопрема во судовите.
„Нема кратки патеки за владеење на правото и борбата против корупцијата. Граѓаните на Република Северна Македонија бараат правда и правна сигурност“, рече Блум.
„Амбасадата на САД е ваш партнер“, порача в.д. амбасадорката пред присутните судии.
На настанот говореше и холандскиот амбасадор во земјата, Ваутер Пломп, кој рече дека СЈО е клучно за гонењето на организираниот криминал и корупцијата и дека не смее да има дисконтинуитет во неговото функционирање.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево и топло време со температура до 27 степени
Времето денес ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.
Во Скопје сончево и топло со слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 25 степена, јавува УХМР.
Во наредните денови следува период на сончево и топло време со пораст на температурата кон викендот. Утринските температури ќе бидат постојано над нулата, а поголемо наоблачување со услови за појава на дожд се очекува на почетокот на следната недела и ќе биде проследено со умерено спуштање на температурата.
Македонија
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Скопје
Без струја дел од Карпош
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе остане дел од Карпош.
Од 9 до 14.30 часот корисниците од улицата Мексичка, улицата Хаванска и дел од улицата Варшавска во општина Карпош ќе бидат без струја.