Македонија
„Тврдокорни“ организираат „Движење за враќање на Македонија на Македонците“
Организацијата „Тврдокорни“ најави дека почнува со организирање на движење на граѓански отпор под називот „Движење за враќање на Македонија на Македонците“.
Од организацијата преку соопштенија порачаа дека граѓанското движењето ќе биде против колонијалната потчинетост и враќањето на македонската сувереност.
„Народното незадоволство против узурпаторите на државата е искажано јавно и недвосмиселно и тоа е правно несоборлив факт. Стадиум која заврши со одбивањето на бесчесниот ‘референдум за преименување’“, велат од движењето „Тврдокорни“.
Додаваат дека нивна главна цел ќе биде враќање на македонскиот национален суверенитет.
„Македонскиот народ да биде суверен во градењето на животот во својата земја Македонија со почитување на сите права на другите етнички заедници кои не го нарушуваат македонскиот суверенитет“, се наведува во соопштението.
Како правно-политичка цел оттаму посочуваат на создавање на траен горен народен (национален) дом во кој со мерки за ограничување на партиското влијание национално најзаслужните граѓани избрани на општи избори ќе го контролираат работењето на долниот партиски дом. Вклучително избор и контрола на работењето на судовите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево и топло време со температура до 27 степени
Времето денес ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.
Во Скопје сончево и топло со слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 25 степена, јавува УХМР.
Во наредните денови следува период на сончево и топло време со пораст на температурата кон викендот. Утринските температури ќе бидат постојано над нулата, а поголемо наоблачување со услови за појава на дожд се очекува на почетокот на следната недела и ќе биде проследено со умерено спуштање на температурата.
Македонија
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Скопје
Без струја дел од Карпош
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе остане дел од Карпош.
Од 9 до 14.30 часот корисниците од улицата Мексичка, улицата Хаванска и дел од улицата Варшавска во општина Карпош ќе бидат без струја.