Македонија
Тодоров: Мицкоски не само што е пречка за обединување на ВМРО, туку е пречка и за обединување на македонскиот народ
Поранешниот министер за здравство Никола Тодоров се обрати до членството на ВМРО-ДПМНЕ и повика на обединување.
„ Почитувани граѓани, почитувани членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ,
Македонското национално ткиво се распаѓа. Поделбата помеѓу македонците е предлабока и преопасна. Ако вака продолжиме ќе се самоуништиме. Од друга страна по нашето членство во НАТО, доколку сме паметни, ни се отвора можност следните 5-6 години да бидат т.н.златни години за државата. После денешниот предлог од лидерот на СДСМ и актуелен претседател на Владата, јасно е дека Мицкоски не само што е пречка за обединување на ВМРО, туку е пречка и за обединување на Македонскиот народ. Не сакам да навлегувам зошто е таков ставот на Заев или пак зошто е таков денешниот одговор на Мицкоски, мене ниту едното ниту другото не ми е важно. Она што мене ми е важно, што е тоа што е во интерес на државата, на граѓаните и на ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ се наоѓало на историски крстосници многупати досега. Ова е една од нив. Да не кажувам нешто што е познато на секого. Ако се пропушти крстосницата и се погреши патот, тогаш ќе мора долго враќање назад за да се најде повторно таква крстосница.
ВМРО ја пропушти крстосницата со преспанскиот договор, и добивме договор за кој тврдам, дека ако ВМРО и СДСМ беа сплотени, ќе беше далеку подобар. Обврска на ВМРО е да ги штити националните интереси на Македонија. Обврска на ВМРО е да го исполни вториот дел од своето име, демократска партија за македонско национално единство и да делува во насока на обезбедување на ова единство. Македонците се разединети и сите ние, политичарите, но и сите партии, имаат учинок и одговорност за тоа. ВМРО има зад себе историски пропуштени шанси, поделби, расколи, но се случувале и обединувања. Сега е момент на обединување во рамки на ВМРО, а потоа и помирување на македонската нација, со активно учество на ВМРО во тоа. Ако ВМРО не учествува во ова, пропаѓањето ќе продолжи, иселувањето ќе продолжи и на крај ќе ја изгубиме државата целосно. Наша обврска е на историјата да и погледнеме во очи и да ја преземеме нашата одговорност. Ако не го направиме тоа, тогаш ќе пропуштиме историска шанса и ќе бидеме директни учесници во пропаста на државата.
Поделени и раскарани, водени од омраза на политичка основа, нема никаде да стигнеме. Затоа се борам и залагам за помирување помеѓу ВМРО и СДСМ. Политичките разлики стојат и тоа е нормално, затоа што тоа е здраво и потребно во едно демократско општество, но тие разлики не смеат да продуцираат омраза помеѓу Македонците до ниво на раскинување на македонското национално ткиво. Сигурен сум дека ова можеме да го спречиме. За тоа, потребна е поддршка за трансформација на ВМРО во модерна, европска центар десна партија. Заедно и сплотени, сигурен сум дека ќе успееме да изградиме европска и модерна ВМРО и модерна и Европска Македонија. Треба да се тргнат на страна личните амбиции, личните интереси, и да ја вратиме сите заедно идејата во ВМРО и во Македонија, идејата за која, човек вреди да се бори. Времето на поделби мора да запре. Времето на обединување мора да започне. Тоа е во моментов нашата крстосница.
Но се ова треба да е по јасни принципи неоптоварено од лични ситни интереси. Принципите се најважни. Време е за македонско национално обединување базирано на принципите на економски патриотизам, меѓуетнички соживот, јакнење на граѓанското општество и македонско национално единство.
ВМРО, ви ветувам, пак ќе победува!
Никола Тодоров
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Милошоски: Владата се плаши да ги искористи законските основи и да отвори истрага против Мерко, Јанева и другите меѓународни пријатели
Владата на ДУИ и СДСМ се плаши да ги искористи законските основи за меѓународна кривична соработка со САД и да отвори истраги против Рамиз Мерко, Катица Јанева и другите владини пријатели кои се дел од “црната листа” на официјален Вашингтон, реагира на социјaлните мрежи пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски.
Потсетува дека Македонија веќе има усвоено Закон за меѓународна соработка во кривичната материја.
Во овој закон, како што појаснува, предвидена е можноста домашен надлежен орган (Министерството за правда или Јавното обвинителство) да испрати замолница за соработка во кривичната материја до надлежна институција на странска држава (чл.16).
„Со замолницата, која се доставува преку министерството за правда, од странската надлежна институција се бара достава на списи, информации и материјални докази за одредена предистрага, истрага или тековен судски предмет за физичко и/или правно лице. Овој закон (чл.35) овозможува и формирање на заеднички истражни тимови за истражување и гонење на кривични дела, а договорот за заеднички истражен тим го склучува државниот обвинител на Македонија. Во чл.39 од Законот за меѓународна кривична соработка дури е предвидено и секое истражно дејствие што го превземал надлежен орган на странската држава да биде изедначено со соодветно дејствие во кривичната постапка пред домашните институции.
Сумарно: Владата, министерот за правда и ЈО, доколу имаат политичка воља за сериозна борба против корупцијата, имаат важечки законски основ без одолговлекување преку Министерството за правда веднаш да испратат замолница до надлежните органи на САД за достава на сите документи, списи, докази и информации за Рамиз Мерко, Катица Јанева, Стевчо Јакимовски и другите лица на “црната листа”.
Државниот јавен обвинител може веднаш да оформи заеднички македонско-американски истражен тим и да поведе самостојна или заедничка истражна постапка и да оформи/ да процесуира кривично-правни предмети пред надлежните институции во Македонија“, истакнува во напишаното Милошоски.
Според него, овој Закон добро е да се надгради и синхронизира со дополнителен закон за рестриктивни мерки, за што претставниците на стручната фела ценат дека е потребна квалитетна јавна расправа.
Оценува дека Собранието треба да биде организатор и домаќин на една таква јавна расправа на која главниот збор ќе го имаат претставниците на судската фела, претставници на обвинителството, адвокати и професори по кривично право. На ваквата јавна расправа, како што додава, многу ќе користи и присуството на експерти за рестрикции и санкции од САД и ЕУ, за да имаме одржливо унапредување на позитивните норми во оваа регулирана област за меѓународна соработка во кривичната материја
Сервисни информации
Нормализиран сообраќајот на патот Битола – Прилеп
АМСМ информира дека од 11.20 часот сообраќајот на патот Битола – Прилеп се одвива нормално.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има можност од појава на одрони. Ова особено се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Силјановска да им се извини на пензионерите што ги спореди со Мапет шоу, вели Тасевска
СДСМ неколкупати ги покачи пензиите и во споредба со времето на ДПМНЕ просечната пензија е покачена во просек за 6.400 денари. Овој месец следува и ново зголемuвање на пензиите од 5,3% согласно новата методологија којашто ја донесовме заедно со пензионерите. Дополнително, во новиот пакет антикризни мерки обезбедивме месечна поддршка и до 15.000 денари во период од 5 месеци за пензионерите со пониски пензии, вели Лидија Тасевска, пратеничка на СДСМ.
„СДСМ ги почитува и се грижи за нашите повозрсани граѓани. Додека СДСМ ги покачува пензиите кандидатката на ДПМНЕ, Гордана Силјановска слушаме како ги навредува пензионерите, споредувајќи ги со Мапет шоу. Крајно несоодветно, непримерно и неодговорно. Пензионерите не заслужуваат да бидат омаловажувани ниту навредувани“, додава Тасевска.
Според неа, Силјановска треба да излезе и да им се извини на пензионерите за навредите.
„Односот на Силјановска кон пензионерите е потврда дека нема никаква промена во ДПМНЕ. На граѓаните не им треба претседател кој ќе биде продолжена рака на Белата палата, партиски послушник, не им треба реприза на Иванов. На граѓаните не им треба уште една катастрофа по примерот на Скопје. Ниту ДПМНЕ ниту Силјановска не можат да донесат промени на подобро. Тие едноставно сакаат да се вратиме во минатото, да ја закопаме иднината и да ја уништиме надежта за подобро утре! Затоа граѓаните на изборите ќе изберат европска иднина со СДСМ и Стево Пендаровски, завршува Тасевска.