Контакт

Македонија

Три девојчиња годинава биле цел на сексуална експлоатација, рече министерката Тренчевска

Објавено пред

Годинава три девојчиња биле цел на сексуална експлоатација, рече министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, на отворањето на регионалната конференција: „Успешни заедно! Регионални увиди и пристапи за спречување и борба против трговијата со луѓе“, организирана во рамките на проектот на германското друштво за интернационална соработка „Спречување и борба против трговијата со луѓе во Западен Балкан“.

dobivaj vesti na viber

Министерката рече дека лани во земјата идентификувани се 9 жртви, од кои 8 женски и 1 машко лице. Најголем број од лицата се на возраст од 14- до 17-годишна возраст.

„Трговијата со луѓе претставува сериозна повреда на човековите права и претставува закана за слободата и безбедноста на секое општество. Нашата држава, како и земјите во регионот, често игра улога во секоја од фазите на трговија со луѓе – како земја на потекло, транзит или дестинација. Би сакала да ги изразам искрените поздрави до земјите од регионот – да ја истакнам потребата од заедничка обединета акција против трговијата со луѓе, која е транснационален организиран криминал“, рече Тренчевска.

Таа истакна дека Министерството за труд и социјална политика преку секторот за еднакви можности има улога на координатор на Националниот механизам за упатување жртви на трговија со луѓе (НМУ), кој претставува рамка за соработка и координиран пристап помеѓу социјалните служби, полицијата, трудовите инспектори и невладиниот сектор. Министерката исто така ги објасни и чекорите што Министерството ги презема со цел справување со овој предизвик.

„Воспоставивме 5 мобилни тима во Скопје, Битола, Куманово, Гевгелија и во Тетово за идентификација ранливи категории граѓани, вклучително и жртви на трговија со луѓе. Во составот на мобилните тимови има претставници на центрите за социјална работа, претставници на Министерството за внатрешни работи, националната единица за борба против трговија со луѓе и здруженија на граѓани. Овие тимови во текот на својата работа постигнаа извонредни резултати и се познати како добар пример не само во нашата држава туку и во регионот“, истакна министерката.

Тренчевска се заблагодари за поддршката на меѓународните организации, граѓанскиот сектор и на сите вклучени актери за нивниот активен придонес во борбата против трговијата со луѓе.

Македонија

Сиљановска-Давкова се сретна со поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов: разменети искуства за престојниот период

Објавено пред

Во рамките на нејзината кампања, денеска кандидатката за претседателка на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, во неформална и пријатна атмосфера се сретна со нејзиниот универзитетски колега и поранешен претседател на Република Македонија, професор д-р Ѓорѓе Иванов, во неговиот роден град Валандово,

dobivaj vesti na viber

Соговорниците, како што е наведено во соопштението, имаа можност да поразговарат на многу теми и да споделат искуства за кампањите, како и за двата мандати на поранешниот претседател кои беа исполнети со многу предизвици.

Тие заклучија дека размената на искуства и мислења се значајни за престојниот период во Македонија.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мицкоски: Дали сте го слушнале Пендаровски изминативе пет години да ги спомене Ахмети, Груби, Османи, Џафери и дали за него се чесни политичари?

Објавено пред

После шест и половина години порази, омаловажувања и срам кои ги трпеа граѓаните во Македонија поради власта на ДУИ и СДС, редно е да ја ослободиме Македонија од овие пранги и да ја направиме и горда заедно со народот. Да ја вратиме Македонија повторно на народот, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот митинг во Гевгелија.

dobivaj vesti na viber

Мицкоски истакна дека денеска постојат граѓани од прв ред и тоа се тие кои орбитритраат околу раководството на ДУИ и нивните измеќари од СДС и тие ги уживаат сите привилегии, за нив не важат закони, местат тендери, го ограбуваат народот, никому сметка не полагаат за тоа што го прават изминативе 6 и половина година и останатите граѓани се од втор ред.

Затоа се создава чувство кај младите, кај граѓаните дека не е само економската причина зошто се напушта Македонија, туку и дека нема правда, бидејќи неправда има насекаде. Несигурност, немање перспектива бидејќи има граѓани од прв ред за кои ништо не важи и сите останати се од втор ред, додаде Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека во минатото СДС продаваа лага за живот и дека ќе донесат едно општество за сите, а сега состојбата е што „Фридом хаус“, реномирана институција вели дека споредено со состојбата пред 6 и половина, 7 години, уназадуваме и според ниво на корупција и според ниво на демократија.

„Што значи дека слободата е помала, а грабежот на народот не е помал, а парите завршија кај неколкумина во нивните џебови. Тие така го замислуваат животот и општеството за сите. Редеа чевли пред влада и викаа дека се ќе сторат да ги вратат младите кои се иселија, но никој не дојде по своите чевли, но затоа 10 пати повеќе се иселија. Ниту ги вратија младите, и денеска имаме цикличен хибриден режим“, изјави Мицкоски.

Мицкоски посочи дека СДС велеа ќе донесат европско здравство, во лажната кампања за референдумот, а во првите 5 држави во светот сме според смртноста за време на пандемијата.

„Тој кој беше најодговорен за здравствениот систем, министерот денеска редејќи ги сите тие неуспеси, необезбедувајќи основни услови, одлучува повторно да се врати во политика и ја злоупотребува професијата лекар и народот, рече Мицкоски.

Говорејќи за Стево Пендаровски истакна дека 5 години никаде го немаше, ниту со земјоделците, ниту со пензионерите, ниту со младите, но затоа „ќе го слушнете како ја навредува професорката Силјановска Давкова или како ако не е претседател ќе се исели и како ќе каже дека Гоце Делчев е Бугарин“.

„Тоа е Стево Пендаровски, човекот кој 5 години не даде став, 5 години анализираше и ќе го слушнете на митинзи како вели не правел криминал и го осудувал криминалот. Дали сте го слушнале Пендаровски изминативе 5 години да ги спомене Али Ахмети, Артан Груби, Бујар Османи, Талат Џафери и дали за него се чесни политичари? Бидејќи нема никаков глас да каже нешто за нив кои ја практикуваат политиката по принципот „како до сега“.

Мицкоски посочи дека од една страна е Стево Пендаровски кој на граѓаните им вика дека не сака очи да им види ако не го гласаат, а од друга страна е Гордана Силјановска Давкова, жена борец, сопруга, мајка која во парламентот покажа како треба да се брани македонскиот идентитет.

„Секогаш е во врвот во првите тројца дискутанти во Собранието цени 4 години и не само во Парламентот, туку и како професор и експерт таа беше дел од Совет на Европа и Венецијанска комисија и реномирани институции каде и ден денес ја цитираат колеги во нивните научни трудови. А како професор студентите во неколку наврати ја бираа како најинспиративен професор. Затоа ве повикувам на масовна излезеност на 24 април, а потоа и на 8 мај, да ја направиме Македонија горда повторно и твоја, достоинствена“, рече таа.

Прикажи повеќе...

Македонија

Николоски до Филипче: Дали агенцијата на Спасов работи на вашиот имиџ а за тоа плаќате по минимум 100 евра и од каде тие пари

Објавено пред

„Сериозно навлеговме во кампањата следната среда е првиот круг на претседателски избори, мислам дека на сите им е јасно и мислам дека сите гледаат дека ВМРО-ДПМНЕ убедливо ќе победи, Гордана Силјановска Давкова ќе е нов претседател на Македонија“, истакна Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа на ИЕ4 од митингот во Валандово.

dobivaj vesti na viber

„Мислам дека она што е клучно за периодот кој што доаѓа е да се обратиме до сите што ги познаваме, да поразговараме и да ги поканиме да излезат на гласање. Исто така сите оние кои што се надвор од Македонија во дијаспората доколку се во можност да дојдат и да гласаат, затоа што секој глас ни е потребен секој човек ни е потребен за победата да биде убедлива и никој да не ја оспорува владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ“, нагласи Николоски.

Николоски додаде и дека тажната вистина е дека кога одиме во дијаспората, бевме и во Франција и во Австрија и Швајцарија помеѓу нашите и за жал се повеќе наши луѓе гледаме таму. Луѓе кои што минатата кампања ги гледав овде во Валандово, сега за жал ги видов во дијаспората, тие за жал се иселиле. Тоа е тажната вистина на ова темно владеење на ДУИ и СДСМ овие 7 години. И на тоа мора да ставиме точка, на тоа мора да ставиме крај.

„Затоа што овие избори се пресвртница и од овие избори ќе биде определена иднината на Македонија. Ние сакаме просперитетна и развиена Македонија. Ние сакаме Македонија во која што владее правото, ние сакаме Македонија која што ќе напредува“, истакна Николоски.

Николоски посочи и дека СДСМ веројатно не ни размислуваат за такви работи единствено што размислуваат е како да приграбат нешто за себе. А овие од ДУИ многу добро знаат што сакаат но тоа што го сакаат не е во корист ниту за Македонија ниту на Македонците, тоа е во корист на една мала клика околу врвот на партијата која што мисли само за себе и за оние околу нив. Затоа ни е потребна масовна излезност. Затоа следната среда треба да излезете сите, да ги поканете сите да излезат да гласаат и да ставиме крај тоа да е вовед во големата победа на 8 мај.

„Го гледам Стево Пендаровски на почеток беше нервозен сега покрај нервозен и навредува не знам што ќе се случи до крајот на кампањата. Од СДСМ едниот скоро и да го снема, никој не се сеќава дека беше премиер на Македонија а уште помалку мислам дека луѓето знаат дека е претседател на СДСМ се вика Димитар Ковачевски. Единствено по што ќе биде запаметен е дека заедно со другар му Бујар Османи го потпишаа таканаречениот француски предлог со кој што решија да ја распродаваат македонската историја и култура“, нагласи Николоски.

Тој истакна дека во 4-та изборна единица носител е Венко Филипче.

„Кој што гледам дека освен што злоупотребува пациенти и ја злоупотребува сопствената професија ништо друго и не прави. Но не ми одговори па би сакал да го прашам од тука дали е вистина дека има ангажирано пи ар агенција која што треба да работи на промоција на неговиот имиџ, дали името на таа пи ар агенција е „Рејтинг“ сопственост на Никола Спасов син на поранешниот генерален секретар на СДСМ, Ѓорѓи Спасов и дали таа пи-ар агенција ја плаќа по минимум 100 евра по објавен текст за Венко Филипче. И финалното прашање од каде доаѓаат тие пари, кој ги обезбедува тие пари и како тие пари преку агенцијата Рејтинг стигнуваат до медиумите“, кажа Николоски.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

Врз основа на кој проект е продолжена реконструкцијата на Универзалната сала, праша Арсовска

Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, праша врз основа на кој проект е продолжена реконструкцијата на Универзалната сала, како и...

Македонија9 часа

Намален е бројот на ученици во училиштата во државата

Намален е бројот на ученици во основните и средните училишта, во учебната 2022/2023 година, укажуваат податоците во извештајот на Државниот...

Македонија9 часа

Со нова систематизација Синдикатот на „Македонска пошта“ сам ќе ги укине вработените што не доаѓаат на работа оти Владата и Управниот одбор молчат

Синдикатот на „Македонска пошта“, во соработка со вработените и со ангажирање експерти, ќе подготви нова систематизација, која ќе ја достави...

Македонија9 часа

„Немам партиска книшка, само крводарителска“ – приватните специјализанти реагираат на изјавата на Демири за политичка заднина на штрајкот

Штрајкот на приватните специјализанти продолжи и денес и како што најавуваат ќе трае додека не добијат на писмено од Владата...

Свет10 часа

Израел: Мораме да го запреме Иран пред да биде предоцна, воведете му санкции

Министерот за надворешни работи на Израел, Израел Кац, денеска ги повика земјите да воведат санкции за ракетната програма на Иран...

Свет10 часа

Иран: Следниот напад ќе биде во рок од неколку секунди

Се’ повеќе високи ирански претставници ги предупредуваат и Израел и Западот за последиците од можната израелска одмазда. Така, иранскиот воен...

Македонија11 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски

Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски. Во ЕУ се почитуваат основните човекови права и се унапредуваат, а...

Македонија11 часа

Стојаноска во Тетово: угостителите сезонски се селат во други држави, не се задоволни од актуелната власт

Вчерашниот ден Дафина Стојаноска – членка на ИК на ВМРО-ДПМНЕ го искористи и за средба со Здружението на угостители од...

Регион12 часа

Го искористи правото да не сведочи: заврши сослушувањето на мајката на осомничениот за убиството на Данка Илиќ

Светлана Драгијевиќ, мајката на Дејан Драгијевиќ, кој е осомничен за убиството на двегодишната Данка Илиќ го искористи законското право да...

Свет12 часа

Полицијата нападот во црквата во Сиднеј го карактеризира како терористички чин, напаѓачот уапсен

Австралиската полиција го прогласи прободувањето со нож во црква во Сиднеј за верски мотивиран „терористички чин“. Момче (15) е уапсено...

Свет13 часа

Иран зад себе има незамислива сила, која е закана за целиот свет: група од најбруталните терористи подготвени да интервенираат

Иранскиот напад врз Израел го отвори патот за нова ескалација на Блискиот Исток. Директен конфликт меѓу овие две земји ќе...

Регион13 часа

Земјотрес ја погоди Грција

Земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Грција. Епицентарот на земјотресот бил на Крит на...

Македонија22 часа

Силјановска -Давкова: Ќе се залагам АРМ секогаш да ги исполнува НАТО стандардите и да вклучва повеќе жени

„Претседателот е врховен командант на вооружените сили. А вооружените сили се бранителот на територијалната независност и интегритет на Македонија. Во...

Македонија23 часа

(Видео) „Ако го интересира Мицкоски кој од неговите најблиски соработници биле кај мене, ќе му кажам“, рече Пендаровски

Вечерва претседателскиот кандидат Стево Пендаровски беше меѓу жителите на Гази Баба и одговараше на нивните прашања. Граѓаните побараа одговор дали...

Македонија1 ден

Протестите на специјализантите имаат политичка заднина, колкав притисок и да прават, решение е можно по изборите, вели Демири

Министерот за здравство ги поддржува барањата за поголеми плати и платени придонеси на приватните специјализанти, но нема мерки што би...

Македонија1 ден

Демири: Ќе предложам невакцинирани да не може да се вработат во јавното здравство

Министерот за здравство во техничката Влада, Илир Демири, ќе побара законски измени со кои ќе биде забрането во јавното здравство...

Македонија1 ден

Деветвалентната ХПВ-вакцина, која спречува 80 отсто од аналниот карцином и 70 отсто од карциномот на грлото на матката, достапна кај нас од следниот месец

За еден месец сите вакцинални пунктови ќе ја добијат деветвалентната ХПВ-вакцина, која од оваа година, покрај девојчињата на возраст од...

Македонија1 ден

Припадници на затворската полиција се сомничат дека му овозможиле на осуденикот да побегне од Идризово – може да добијат и до 10 години затвор

Седумнаесет полицајци се приведени по повеќемесечна предистражна постапка за бегството на затвореникот од Идризово, кое се случи во октомври минатата година....

Македонија1 ден

Османи со порака до Израел: Воздржете се од возвраќање, спиралата на конфликти може да се влоши

Министерот за надворешни работи Бујар Османи порача до Израел да не возраќа на нападот на Иран бидејќи состојбата може да...

Uncategorized1 ден

Укината социјалната помош на 1.134 лица оти имале возило и за 18 месеци ја оштетиле државата за над 2,5 милиона евра

Министерството за труд изготвило 1.134 решенија за прекин на гарантирана минимална помош и социјална пензија на лица што 18 месеци...