Македонија
Тројца починати и 25 нови случаи на Ковид-19
Во последните 24 часа се регистрирани тројца починати пациенти од Ковид-19. Регистрирани се 25 нови случаи на коронавирус, и тоа во: Скопје – 16, Тетово – 4, Струга – 1, Велес – 2 и Охрид – 2. Според информациите, направени се 286 тестирања на коронавирусот.
Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 8 оздравени пациенти во: Скопје – 7 и Прилеп – 1.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациентка од Куманово (60), хоспитализирана на клиниката од 27 април. Во ГОБ „8 Септември“ почина пациент од Струга (59), примен на 16 мај, и пациент од Скопје (51), хоспитализиран на 4 мај.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.817, бројката на оздравени пациенти е 1.301, на починати е 104, а во моментот бројот на активни случаи во земјата изнесува 412.
Последната дистрибуција по градови е:
• Скопје – 628, активни 152
• Куманово – 416, активни 31
• Дебар – 51, активни 0
• Штип – 36, активни 2
• Прилеп – 200, активни 63
• Тетово – 147, активни 79
• Струга – 70, активни 4
• Велес – 121, активни 50
• Битола – 27, активни 8
• Охрид – 21, активни 6
• Кавадарци – 5, активни 0
• Гостивар – 19, активни 2
• Гевгелија – 4, активни 0
• Струмица – 2, активни 0
• Крива Паланка – 6, активни 2
• Радовиш – 4, активни 0
• Крушево – 3, активни 0
• Кочани – 31, активни 4
• Пробиштип – 2, активни 0
• Кичево – 2, активни 0
• Неготино – 9, активни 5 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
• Демир Хисар – 1, активни 0
• Македонски Брод – 2, активни 0
• Пехчево – 3, активен 1
• Делчево – 1, активни 0
• Валандово – 1, активен 1
• Виница – 2, активни 0
• Кратово – 2, активен 1
• Берово – 1, активен 1
Направените 286 теста се преку: ИЈЗ – 165, Ветеринарнииот факултет – 0, „Авицена“ – 0, „Биотек“ – 0, „Филип Втори“ („Жан Митрев“) – 3, „Систина“ со PCR-метода – 18 и МАНУ – 100. Досега во земјата се направени вкупно 21.722 тестирања на Ковид-19.
Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие, 124 теста се направени во рамките на скринингот во градинките и сите се негативни.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминатите 24 часа примени се 2 нови пациенти, хоспитализирани се вкупно 48 пациенти. Двајца пациенти се на механичка вентилација, 23 се потешко болни и на кислородна поддршка.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 7 нови, а вкупно хоспитализирани 20 пациенти. На респиратор се 6 пациенти, со потешка клиничка слика се уште 2 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 7, на домашно лекување се следат уште 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 4 пациенти, нема пациенти што се следат на домашно лекување. На инфективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово, Охрид и во Прилеп се хоспитализирани 47 пациенти позитивни и сомнителни на Ковид-19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Времето утре – променливо облачно со сончеви периоди
Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во источните делови ќе има повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен, а во западните делови од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната ќе достигне од 13 до 20 степени.
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 19 степени.
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Во недела и во вторник на повеќе места ќе има врнежи, кои повремено ќе бидат пообилни и поројни проследени со појава на грмежи и засилен ветер. Поради спуштање на постудена воздушна маса во недела на планините врнежите повремено ќе преминуваат во снег и ќе се формира нова снежна покривка.
Македонија
Ибраимоски и Глигорова: „СТОП за исвршителите, брзите кредити и должничкото ропство“ е еден од главните постулати на програмата „Храбро за Македонија“
Носителот на пратеничката листа на коалицијата „Храбро за Македонија“ во изборната единица пет, Самка Ибраимоски, денеска заедно со активистката и кандидатка за пратеничка Ана Глигорова ја посетија Битола каде се потпишуваше петицијата „СТОП за извршителите и брзите кредити“.
Воедно, Ибраимоски и Глигорова нагласија дека оваа борба за правда, за враќање на извршителите кадешто им е местото и ослободување на народот од должничко ропство е еден од главните приоритети на предизборната програма на коалицијата „Храбро за Македонија“.
– Денеска бевме во Битола, на средба со граѓани. Имавме петиција за „СТОП на извршителите“ и стоп за кеш кредити, успешна петиција. Суштината на нашата кампања во изборна единица пет, ќе биде токму оваа агенда: „СТОП за извршители и СТОП за брзи кредити“. – нагласи Глигорова.
– Ме радува што сите граѓани ја прифатија нашата иницијатива и се потпишаа многу луѓе и тоа е добро, што народот почна поинаку да размислува за разлика од претходно. И очекувам дека и во другите градови, како што се Ресен, Охрид, Струга, Демир Хисар и другите околни места, ќе ни ја дадат поддршката за парламентарните избори, истакна претседателот на ПЦЕР и носител на пратеничката листа, Самка Ибраимоски.
Скопје
Арсовска изврши увид во завршните градежни работи на реконструкција на водоводната мрежа на улицата Антон Попов
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска заедно со претставници од Секторот за планирање и уредување при Град Скопје и скопското јавно претпријатие „Водовод и канализација“ извршија увид во завршните градежни работи на реконструкција на водоводната мрежа на улицата Антон Попов во општината Гази Баба.
Со изведбата на водоводните приклучоци на овој потег кои се поврзуваат со постојната водоводна мрежа со профил од 150 милиметри, се решава повеќедеценискиот проблем на жителите со честите прекини во водоснабдувањето поради застареноста на системот, а се решаваат загубите на вода и трошоци за поправките на дефектите на водоводната мрежа, велат од Град Скопје.
Изведбата на овој проект претставува дел од програмата на градоначалничката Данела Арсовска за обновување на градската мрежа, во децениски заборавените населени места, што претставуваше и долгогодишно барање на жителите од тој дел на градот, се додава во соопштението на Град Скопје.