Македонија
Утре без струја повеќе делови на Кисела Вода, Центар, Карпош и Гази Баба
Од „ЕВН Македонија“ информираат дека поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, утре без електрична енергија ќе останат:
-од 8:00 до 16:00 часот, корисниците од дел од ул.Томе Стефановски и дел од ул.Шандор Петефи во нас.Драчево (опш.Кисела Вода)
-од 9:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од ул.Козле, под ул.9, под ул.17 (опш.Карпош)
-од 13:30 до 15:30 часот, корисниците од ул.Вич зграда бр.2, и бр.4 и ул.Разловечко востание згради со бр.2, 4, 10 (опш.Карпош)
-од 8:30 до 10:30 часот, корисниците од дел од ул.Његошева и ул.Софиска (опш.Карпош)
-од 11:00 до 13:00 часот, корисниците од дел од ул.Варшавска и ул.Париска (опш.Карпош)
-од 11:30 до 15:00 часот, корисниците од дел од ул.Милан Мијалковиќ и објектот на Институтот за сеизмологија (опш.Кисела Вода)
-од 8:45 до 11:30 часот, корисниците од Австриска резиденција, ул.Караорман и дел од ул.Димитар Пандилов (опш.Центар)
-од 8:05 до 14:00 часот, корисниците од ул.Тодор Чопов, дел од ул.Сава Михајлов, дел од ул.Алија Авдовиќ, ул.Константин Петковиќ, ул.16, ул.Роман Каскалиевиќ, ул.Пролетна Офанзива, ул.Трајко Китанчев, ул.Надбискуп Чекада, дел од ул.Радован Ковачевиќ, ул.Спиро Црне, ул.Неготинска, ул.Христофор Жефаровиќ, ул.Тодор Ецов во нас.Сингелиќ (опш.Гази Баба)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево и топло време со температура до 27 степени
Времето денес ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.
Во Скопје сончево и топло со слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 25 степена, јавува УХМР.
Во наредните денови следува период на сончево и топло време со пораст на температурата кон викендот. Утринските температури ќе бидат постојано над нулата, а поголемо наоблачување со услови за појава на дожд се очекува на почетокот на следната недела и ќе биде проследено со умерено спуштање на температурата.
Македонија
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Скопје
Без струја дел од Карпош
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе остане дел од Карпош.
Од 9 до 14.30 часот корисниците од улицата Мексичка, улицата Хаванска и дел од улицата Варшавска во општина Карпош ќе бидат без струја.