Македонија
Утре во Скопје протест против загадувањето на воздухот
„Пречек на трамвајот наречен Желба за чист воздух“ е паролата под која утре, 21 септември, е најавен протестот против загадувањето што ќе се одржи во Карпош, а е во организација на граѓанските иницијативи Ние сме Карпош 4 и Екокарпош 3,2,1.
„Чекаме решение, чекаме имплементации, интервенции, надлежност за ингеренции. Ќе се намалуваше загадувањето на 50% за две години, ама се намали само бројот на мерни станици кои го мерат. Па во тој стил на чекање ве повикуваме в сабота, на 21.09.2019, од 17 и 30 часот на раскрсницата пред Сити мол, да го одбележиме ‘чекањето’ со пречек на трамвајот наречен Желба за почист воздух. Настанот е во склоп на неделата на глобални протести за климатски промени“, се вели во најавата за протестот.
Денеска, пак, движењето „Петоци за иднината“ одржа протест пред Владата како дел од глобалниот бран на протести во светот кои бараат решавање на климатската криза и спас за животната средина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Без струја дел од Карпош
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе остане дел од Карпош.
Од 9 до 14.30 часот корисниците од улицата Мексичка, улицата Хаванска и дел од улицата Варшавска во општина Карпош ќе бидат без струја.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ ги утврди пратеничките листи за изборите: „Се работи за луѓе со кредибилитет, искусни и енергични“
Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржаа седница на која беа усвоени пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за претстојните парламентарни избори.
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, кој ги соопшти имињата, листите ги опиша како победнички и изрази надеж дека ќе добијат мнозинска поддршка од граѓаните.
„Ова се победнички пратенички листи, а при нивното составување се водеше сметка за гласот на народот, нивните барања и потреби. Носителите на овие победнички листи се: Во првата изборна единица е лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски каде очекуваме огромна поддршка и огромна победа; Втората изборна е мојот колега и пријател Владо Мисајловски; Третата изборна единица е Драган Ковачки; Четвртата изборна единица е потпретседателот Александар Николоски; Петата изборна единица генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓија Сајкоски. Шестата изборна единица каде очекуваме исто така убедлива доминација во однос на СДС е Дафина Стојановска“, рече Муцунски.
Како што додаде, станува збор за луѓе со кредибилитет, искусни и енергични.
„Тоа се луѓе кои и требаат на Македонија, луѓе кои ќе се борат за решенија, за решавање на проблемите. Имаме тешка задача пред нас да ја кренеме Македонија и да ја вратиме надежта. Само заедно ќе успееме“, рече Муцунски.
Во продолжение листите во целост:
ИЕ 1
1. Христијан Мицкоски
2. Гордана Кочовска Димитриевска
3. Коалиција
4. Синиша Стојановски
5. Бети Стаменковска
6. Тони Јаревски
7. Иван Живковски
8. Љупчо Пренџов
9. Марија Митева
10. Иванка Василевска
11. Коалиција
12. Велика Стојкова Серафимовска
13. Сергеј Попов
14. Јане Мицески
15. Бисера Златеска
16. Катерина Димитровска
17. Игор Никовски
18. Мартин Стојановски
19. Александра Николовска
20. Тодор Коневски
ИЕ 2
1. Владо Мисајловски
2. Жаклина Пешевска
3. Коалиција
4. Бобан Николовски
5. Бојан Стојановски
6. Каролина Насковска
7. Зоран Коцевски
8. Бране Петрушевски
9. Дијана Илиевска
10. Емилија Ангелова
11. Коалиција
12. Ерџан Демири
13. Весна Додевска
14. Зоран Бајовски
15. Ивица Димковски
16. Дени Милевски
17. Габи Калкова
18. Никола Стојковски
19. Мартина Ристовска
20. Валентина Петровска
ИЕ 3
1. Драган Ковачки
2. Никола Мицевски
3. Рашела Мизрахи
4. Игор Здравковски
5. Коалиција
6. Благица Ласовска
7. Миле Лефков
8. Даниела Христова
9. Марија Петрушевска
10. Душко Иванов
11. Александар Јамалов
12. Драгана Бојковска
13. Емил Спасовски
14. Драгана Арсова
15. Столе Кракутовски
16. Љупчо Спиров
17. Гордана Барбашка
18. Јорданчо Костадинов
19. Мартин Ефремовски
20. Анкица Анакиева
ИЕ 4
1. Александар Николоски
2. Антонијо Милошоски
3. Ели Панова
4. Дејан Проданоски
5. Зоран Јованчев
6. Ангелинка Петкова
7. Петар Ристески
8. Златко Пенков
9. Моника Ристеска
10. Јулија Тушева
11. Жан Дрвошанов
12. Петар Марков
13. Билјана Кузмановска
14. Весна Ѓорѓиева
15. Мито Андонов
16. Јадранка Поцкова
17. Наталија Димитриева
18. Гоце Дединец
19. Сашо Граороски
20. Никола Златески
ИЕ5
1. Ѓорѓија Сајкоски
2.Олга Лозановска
3.Сашо Донев
4. Пеце Милевски
5. Јован Јаулески
6. Лидија Петковска
7. Мевмед Џафери
8.Кире Божиновски
9. Силвана Ангелевска
10. Грација Бакрачевска
11. Лазе Јакимовски
12. Ѓорѓи Влајкиновски
13. Благица Крстеска
14. Никола Дранговски
15. Леон Мерсовски
16. Менче Марковска Андреева
17. Билјана Стефановска
18. Жанета Петреска
19. Мартин Иваноски
20. Ѓорѓи Шопоски
ИЕ 6
1. Дафина Стојаноска
2. Александар Велјановски
3. Валентина Марчевска
4. Коалиција
5. Верица Апостоловска
6. Ванчо Милевски
7. Алишериф Синани
8. Анета Ќироска
9. Анита Бошкоска Јованоска
10. Мишо Маринковски
11. Бране Стојчевски
12. Верица Тофиловска
13. Ивана Савеска
14. Даниела Апостоловска
15. Деан Трпески
16. Марина Петровска
17. Горан Зафировски
18. Тања Сибиновска
19. Лилјана Спиревска
20. Александра Спироска
Македонија
Села оди во коалиција со Ахмети
На седница на Централното собрание на крилото на Алијансата за Албанците предводено од Зијадин Села, беше одлучено да коалицираат со Европскиот фронт – коалицијата предводена од ДУИ.
Зијадин Села изјави дека одлуката била донесена едногласно, односно само еден делегат бил против, а четворица воздржани.
Очекуваат да добијат најмалку пет пратенички мандати.
„Европскиот фронт ќе биде апсолутен победник на изборите. Алијансата ќе има минимум парламентарна група“, рече Села.
Алијансата се подели на две крила, кога партискиот лидер Арбен Таравари објави дека партијата на претстојните парламентарни избори ќе настапи заедно со опозицискиот блок на Албанците – Беса, Алтернатива и Демократско движење, додека Села објави дека ќе одат на избори самостојно. Потоа следеа одделни партиски конгреси, а во судот веќе се води спор.