Македонија
(Видео) Најбогатиот Македонец заработил 3,5 милиони евра
Најбогатиот Македонец во 2017 е скопјанец, кој остварил 212 милиони денари, пријавени како бруто-приход. Зад него следува друг скопјенец, кој остварил приближно 208 милиони денри, а трет на листата се најде жител на Струга со малку повеќе од 135 милиони, информираат од Упрвата за јавни приходи.
„Во 2017 поднесени се 445.915 пријави со 192.150.172.035 бруто-приходи и 11.618.491.776 денари за персонален данок“, информира директорката на УЈП, Сања Лукаревска.
Највисоката плата во Македонија во 2017 е 167.687.011 денари, а ја пријавил вработен во секторот здравство. Од УЈП не сакаа да дадат детали дали се работи за лекар од Македонија. Милионски приходи во УЈП се пријавени и по други основи, како што се капитални, дивиденди и од рентање недвижности.
„Највисоката остварена капитална добивка е 43.973.500 денари и е остварена во Прилеп. Заработка од 202 милиона денари пријавил граѓанин на Скопје по основ на дивиденди. Најмногу приходи по основ на рентање станбен и деловен простор пријавил жител на Скопје од 52 милиона, 119 илјади и 889 денари. Од игри на среќа, казино и обложувачници најмногу приход пријавил жител на Тетово, кој остварил приход од 9.999.041 денар“, информира Лукаревска.
Во групата најбогати се вбројуваат и пензионерите. Нависока пензија во 2017 пријавил жител на Скопје – 5 милиони и 728 илјади денари. Пензијата ја оставрил во странство. Највозрасниот граѓанин што пријавил приход над милион денари во 2017 година има 98 години, а во групата со приход од над 10 милиони највозрасниот има 86 години. Најмладиот, пак, што пријавил над милион има 15 години, а парите ги заработил по основ на интернет-услуги и маркетниг. По истиот основ најмладиот што заработил 10 милиони има 20 години.
На новинарско прашање колку пари се собрани од прогресивниот данок во јануари и февруари, од Управата велат дека информацијата ќе ја кажат наредниот месец затоа што податоците ги обратувале по тримесечја.
Во однос на постапката што ја води Обвинителството за 37 фирми што со години не ги намириле обврските кон УЈП, Лукаревска вели дека таа лично не била повикана во ОЈО, но додаде дека постапката е во тек и во Обвинителството биле повикани нејзини колеги кои се надлежни за случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Милошоски да не го блокира Законот за рестриктивни мерки, велат од СДСМ
Пратеникот Антонио Милошоски од ДПМНЕ да не го блокира Законот за рестриктивни мерки во македонското Собрание, велат од СДСМ,
„Последната одлуката на нашиот стратешки партнер, САД е уште една потврда зошто итно е потребно да се донесе овој закон и да се создаде можност сите вакви случаи наведени од нашите стратешки партнери да може да се процесираат преку домашното законодавство. Милошоски кој раководи со собраниската Комисија за надворешна политика, веднаш да го стави на дневен ред Законот за рестриктивните мерки, Мицкоски и ДПМНЕ да го поддржат и законот да биде усвоен“, додаваат од СДСМ.
Како што велат,нема компромиси во борбата против корупцијата и криминалот и не смее да има дополнителни одлагања.
„Секој чекор поблиску до ЕУ ќе значи позасилена борба против високата корупција и во иднина значително ќе влијае на намалувањето на ваквите случаи и ќе придонесе во обезбедувањето правичен правосуден систем“, завршуваат од СДСМ.
Македонија
За кампањата на Пендаровски се користат државни ресурси-дали и анкети и стратегиите за кампањата се платени со народни пари, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„Стево Пендаровски го погази зборот по којзнае кој пат. Велеше дека нема да се користат државни ресурси во неговата кампања, за сега да бидеме сведоци дека вицепремиерот Маричиќ со службено возило дојде да се потпише за кандидатурата на Пендаровски, па дури и самиот Пендаровски се појави на промоција на проект кој нема никаква врска со неговите досегашни надлежности и искористи службено возило за да оди на отворање на штаб на СДС“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Дали ова не е злоупотреба на државата за партиски цели? Дали народните пари се трошат за партиските и изборните цели? Дали и колку државни ресурси се потрошени за ангажирање на анкети и стратези за кампањата на Пендаровски? Еднаш кога веќе не си отстои на зборот, зошто јавноста би верувала на чесен збор дека не се трошени државни ресурси во претсрет на кампањата на Пендаровски и во други случаи?! Надлежните институции треба внимателно да ги следат активностите на Пендаровски, СДС и ДУИ во пресрет и за време на кампањата. Дали Пендаровски заборави за тоа што го зборуваше кога објаснуваше дека не треба да се мешаат државата и партијата?“, дополнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Како што велат, можеби Пендаровски заборавил што зборувал, ама јавноста гледа што прави и како си ги погазува своите зборови.
„Пендаровски го девалвираше достоинството на народот и на Македонија. Затоа време е за промени“, завршуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Скопје
Без струја неколку скопски општини
Поради планирани прекини во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат следните корисници:
· Во период од 09,00 до 12,00 часот дел од корисниците од с. Крушопек ( влезот на селото) о. Сарај;
· Од 10,00 до 15,00 часот дел од ул.4 во Сарај о. Сарај;
· Од 08,30 до 15,30 часот дел од ул. Македонско-Косовска Бригада, дел од ул. Никола Малешевски и дел од ул. Џон Кенеди бр.27 о. Чаир;
· Во период од 09,00 до 15,00 часот дел од ул.2 и дел од ул.10 с. Долно Лисиче о. Аеродром.