Македонија
Фарми во Беровско ставени под контрола – кај некои утврдени неправилности
Државен инспектор на 14 април изврши надзор во шест фарми во беровскиот крај. – Жито Малеш Свињарска фарма АД с. Смојмирово, Берово – БОКИ ТЕР ДООЕЛ с. Умлена, Пехчево – Бранко Миловски, Берово (одгледување свињи и фарма за крави) – Блажо Кускински, Берово (фарма за овци) – Звонко Цокински м.в. Царев Дол, Берово (одгледување свињи) – Васко Кракутовски с. Смојмирово, Берово (свињарска фарма)
· Интензивното одгледување добиток може да предизвика загадување на водите ако отпадните води од шталите во кои се чуваат животните се испуштат без таложење.
· Во свињарската фарма Жито Малеш (има добиено А интегрирана еколошка дозвола) отпадните води и талогот се третираат согласно параметрите од дозволата
· Фармата за свињи на Звонко Цокински м.в. Царев Дол, Берово, има одобрен е елаборат за заштита на животната средина, на терен е утврдено дека се применети соодветните мерки за заштита на животната средина
· Кај останатите инспектирани правни и физични лица се утврдени недостатоци во начинот на изѓубрување и истите се задолжени да ги забрзаат постапките околу добивање Б интегрирани дозволи (БОКИ ТЕР ДООЕЛ с. Умлена Пехчево и Васко Кракутовски с. Смојмирово Берово) и во врска со одобрување на елаборат за заштита на животната средина (Блажо Кускински, Берово).
· Бранко Миловски, чијашто фарма не подлежи на изработка на елаборат за заштита на животната средина, ќе се задолжи да ги исталожува отпадните води пред истите да ги испушти во околниот поток.
Одгледувањето добиток е важна дејност во целата држава, но фармите мора да ги почитуваат и еколошките стандарди. Со редовни контроли обезбедуваме влијанијата врз квалитетот на реките и на домаќинствата да се сведат на минимум.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Спасовски: Минимална пензија од 20.000 денари и просечна пензија од 30.000 денари
Носителот на листа на кандидати за пратеници од Изборна единица 2, предводена од СДСМ и Коалицијата за европска иднина, Оливер Спасовски, оствари средба со пензионерите од Куманово.
„Во спектарот на еднаквите можности за сите е и грижата за нашите највозрасни граѓани – пензионерите. Токму затоа, не се откажуваме! Продолжуваме со подобрување на животниот стандард на пензионерите. Во следниот мандат предвидуваме минимална пензија од 20.000 денари и просечна пензија од 30.000 денари. СДСМ и коалицијата “За европска иднина” продолжуваат да вложуваат на вистинскиот пат, патот кон Европа каде нашата земја ќе продолжи да се развива со нови работни места, повисоки плати, повисоки пензии и подобар животен стандард за сите”, истакна Спасовски.
Македонија
Спречени 3.000 вработувања и унапредувања предложени од техничката Влада
Управниот суд ги поништи решенијата за вработување и унапредување на над 3.000 вработени во Министерството за финансии и јавниот сектор бидејќи се прекршил Законот за техничката влада, соопшти заменик-министерката за финансии, Елена Петрова.
Како што вели, иако одлуките морало да бидат одобрени со нејзин потпис, како што предвидува Законот за техничката влада, министерот Бесими ги потпишал сам.
„Незаконити се одлуките на министерот за финансии и државниот секретар во Министерството за финансии по спроведените постапки за вработување и унапредување во Министерството за финансии, како и одлуките на министерот за финансии за давање согласности за вработување во јавниот сектор, сите донесени по формирањето на преодната Влада за организирање на изборите. Ова е потврдено со судски одлуки. Вишиот управен суд донесе две пресуди во моја корист, со кои ги поништи како незаконити одлуките на ДИК, кои беа донесени врз основа на барање на Министерството за финансии“, рече Петрова и додаде:
„Со поништувањето на одлуките на ДИК сите наведени акти поврзани со вработување во Министерството, кои не се потпишани со врзан потпис на министерот за финансии и на дополнителниот заменик-министер, не произведуваат правно дејство. Тоа се однесува и на издадените согласности за вработувања по сите основи во целиот јавен сектор, како и почнатите постапки врз основа на тие согласности“.
Македонија
Македонската армија ѝ се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд
Од Армијата на Македонија ги измешаа знамињата на Норвешка и Исланд.
Во благодарноста на „Фејсбук“ триесетина минути стоеше, наместо норвешкото, знамето на Исланд.
„Моторните возила од Кралството Норвешка веќе се на својата крајна дестинација. По нивното распоредување, армиските единици ќе добијат поголема транспортната способност и мобилност“, напишаа од македонската Армија.