Македонија
ФИТР И МАНУ со меморандум за поттикнување на иновативноста кај младите
Фондот за иновации и технолошки развој и МАНУ потпишаа Меморандум за соработка кој ќе опфати покренување на заеднички проекти и студии од областите на претприемништвото, иновациите, истражувањето и технолошкиот развој.
„МАНУ активно ќе се вклучи во изработка на стратешката програма за поттикнување на креативното размислување, иновативноста и претприемништвото кај младите, наречен „Фонд за млади умови“ на ФИТР, но и ќе се продлабочи соработка во конципирање на финансиски инструменти за поттикнување на истражувачките активности на академската заедница,“ истакна претседателот на Академијата, Таки Фити.
Целта на овој договор е и стимулирање на конкурентноста преку истражување на можни инструменти за креирање иновативни политики, како и политики поврзани со образование и поддршка на мобилноста помеѓу академијата и индустријата, вклучувајќи и меѓународна мобилност на ученици, студенти и претставници на академската заедница.
„Потпишувањето на договорот за соработка со една од најзначајните национални институции претставува задоволство и голема чест за Фондот но и за мене лично. Разговаравме за повеќе конкретни проекти и очекуваме целосна поддршка од МАНУ во иницијативите кои ни претстојат и за кои заеднички ќе аплицираме пред меѓународните фондови. Со задоволство ќе ја прифатиме понудената можност акумулираното знаење од Академијата да го искористиме во делот на економијата и одржливиот развој.“, изјави директорот на ФИТР, Јован Деспотовски.
Двете институции преку билатералната соработка ќе имаат заеднички проекти за финансирање на меѓусебните истражувачки активности и пред домашните државни институции, приватниот сектор, вклучувајќи притоа и заемна помош при подготовка на проектната документација.
Во мај годинава ФИТР во соработка со МАНУ, Природно-математичкиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј” во Скопје организиираа „Денови на ЦЕРН во Северна Македонија“ во чии рамки се одржаа серија настани и изложби.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Државјанин на Турција приложил фалсификуван пасош на Ќафасан
Денеска, на граничниот премин Ќафасан полициски службеници го привеле Т. С. Т. (48) од Република Турција затоа што при пасошка контрола било констатирано дека на увид приложил фалсификувана патна исправа.
Известен бил јавен обвинител, а тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Струга за понатамошна постапка.
Македонија
Тошковски се сретна со амбасадорот на Турција: врвен приоритет е склучување билатерален договор за соработка во областа на безбедноста
Денеска, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, и заменик-министерот Назим Буши остварија работна средба со амбасадорот на Република Турција, Фатих Улусој.
Министерот Тошковски на новоименуваниот амбасадор Улусој му посака пријатен престој и успешно вршење на амбасадорската функција со желби за унапредување на билатералните односи меѓу двете земји.
На средбата беа отворени тековни прашања од соработката во областа на безбедноста, внатрешните работи и конзуларни прашања во надлежност на Министерството за внатрешни работи за што се потврдија заложбите за искрена соработка на овие теми.
Една од главните заложби е одржувањето на стабилноста и безбедноста на регионот за што двајцата соговорници се согласија дека од врвен приоритет е склучувањето на билатералниот договор за соработка во областа на безбедноста, кој е во фаза на заемно усогласување.
Скопје
Едукативен мото-настан утре во Кисела Вода
Утре, со почеток во 11 часот, пред салата Расадник, ќе се одржи едукативен мото-настан од отворен карактер „Сите возиме, но некои знаат“.
На присутните од страна на лиценцирани инструктори ќе им бидат презентирани важноста за техничка исправност на моторното превозно средство (мопед, скутер, мотор), правилната употреба на безбедносна опрема за возење, како и справување во реални ситуации на улица.
„Преку дружење со претставници и членови од мото-клубови, автошколи и здруженија ќе се изврши едукација за безбедно возење во и надвор од урбани средини, за брзината како фактор за општа безбедност и за намалувањето на загаденоста на воздухот преку користење електрични превозни средства“, велат од Општина Кисела Вода.