Македонија
ФРОДЕМ: Oднесувањето на академците од Бугарија е недобрососедско и фрустрирачко
Скандалозниот став на Бугарската академија на науките (БАН) за македонскиот јазик јасно говори за постојано непримерено однесување на поедини академици од нашето соседство кое слободно може да се оцени и како недобрососедско, недобронамерно, фустрирачко и обременото со соништата од минатото, велат од ФРОДЕМ – Фронт за демократска Македонија.
Жално е, смета ФРОДЕМ, што одредени академици се уште верно ѝ служат на една пропадната мегаломанска идеја на политичарите од ХIX век, на нивниот сон за Санстефанска Бугарија.
„Академиците од соседството на крајот на втората декада на ХXI никако да сфатат дека конечно е дојдено времето за да се оградат од ,,памфлетот” на Бугарската академија на науките (БАН) oд месец ноември 1968 година („Историско-политичка информација по македонското прашање“) во која се негира постоењето на македонскиот народ, јазик и култура и да се ослободат од фантазмите ,,Еден народ, a две држави” и ,,Македонија и македонците најромантичен дел од бугарската историја”. Напротив тие уште пожестоко и душмански со квази научни аргументи и само на нив познати факти се обидуваат да го докажат недокажливото. Грубото посегање по туѓата историја и негирање на посебноста на еден древен народ и неговиот јазик укажува на срамење од сопствената историја и обид за промена на истата.
Овој последен нецивилизиран и недобронамерен истап на највисоката научна институција од нашето источно соседство кај сите Македонци и кај целата светска јавност дополнително го зајакнува и потврдува ставот дека станува збор за патолошки порив и ментална состојба во која се наоѓаат некои т.н научни работници потпомогнати од шовинистички задоените и настроени политичари и фалсификатори историчари и лингвисти.
ФРОДЕМ ги потсетува бугарските политичари да ја освежат својата меморија за европското однесување на некои бугарски политичари во текот на средината на минатиот век и да соберат храброст да ја признаат вистина за постоењето и посебноста на македонскиот народ, јазик, култура и историја. Како балканска земjа членка на Европската Униjа и НАТО алијансата, Република Бугариjа има посебната обрска да изгради здрава и траjна основа на билатерални односи со своите соседи.
Со ваквиот негаторски став бугарските антимакедонски кругови ги рушат сите мостови за пријателство и соработка. Никој во Република Македонија и по ниту една цена нема да прифати ваква антимакедонска политика. Затоа упатуваме порака до сите добронамерни граѓани на Република Бугарија да се одважат и ја признаат реалноста дека постои македонски народ, македонски јазик, култура и историја.
Со оние граѓани на нашиот сосед кои немаат желба и сила да ја сфатат реалноста и вистината за Република Македонија и за посебноста на македонскиот народ, македонскиот јазик, култура и историја, ФРОДЕМ сочувствува со нив поради немањето капацитет да досегнат повеќе од тоа што се“, нагласи ФРОДЕМ во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Тошковски: Мислам дека изборниот ден ќе помине во најдобар ред
Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека досега нема никакви нарушувања на гласањето а МВР веќе ги има распоредено сите полициски службеници ширум државата кои треба да се грижат за спроведување на фер и демократски процес.
„Немаме забележано никакви посериозни нарушувања на изборниот процес. Денот е убав, се надевам дека граѓаните ќе можат да го остварат своето гласачко право, на едни демократски избори. Покриени се сите сектори за внатрешни работи со технички услови. Се постапува според утврдените насоки од изборниот штаб“, додаде Тошковски.
Тошковски смета дека изборниот ден ќе помине во најдобар ред.
На претседателските избори учествуваат седум кандидати – пет мажи и две жени.
Кандидати се актуелниот претседател Стево Пендаровски кој е поддржан од СДСМ и коалицијата, Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ, Билјана Ванковска која е поддржана од Левица, Максим Димитриевски од движењето Знам, Стевчо Јакимовски од партијата Гром, Арбен Таравари од коалицијата Вреди и Бујар Османи кој е поддржан од Европскиот фронт.
Во Северна Македонија се одржуваат седмите претседателски избори.
Македонија
Македонија денеска избира претседател: седум имиња се на гласачкото ливче
Во Северна Македонија се одржуваат седмите претседателски избори.
Евентуалниот втор круг од претседателските избори е закажан за 8 мај, за кога се закажани парламентарните избори.
На претседателските избори учествуваат седум кандидати – пет мажи и две жени.
Кандидати се актуелниот претседател Стево Пендаровски кој е поддржан од СДСМ и коалицијата, Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ, Билјана Ванковска која е поддржана од Левица, Максим Димитриевски од движењето Знам, Стевчо Јакимовски од партијата Гром, Арбен Таравари од коалицијата Вреди и Бујар Османи кој е поддржан од Европскиот фронт.
Владата го прогласи денот на изборите за неработен.
Во избирачкиот список за претседателските избори се запишани 1.814.317 избирачи, а во странство ќе гласаат 2.569 гласачи со државјанство на Северна Македонија.
Во посебен избирачки список запишани се 2.147 лица кои издржуваат затворска казна или притвор.
Скопје
ЈСП: Јавниот превоз по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи
Јавното сообраќајно претпријатие Скопје соопшти дека јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред, а жичницата на Водно нема да работи.
Како што се појаснува во соопштението, дежурни од седум до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.