Македонија
Хакерски напад на Инспекторатот за животна средина
Државниот инспекторат за животна средина соопшти дека синоќа биле цел на хакерски напад.
Од инспекторатот хакерскиот напад го оценија како притисок врз нивната работа.
„Овој настан го сметаме за притисок врз работата и сакаме да ја известиме целата јавност дека ќе продолжиме со извршување на нашата работа, на транспарентен и отчетен начин, упорно и неселективно“, соопштија од Државниот инспекторат за животна средина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Османи со конкретен акциски план за оддржлив економски раст на Северна Македонија
Кандидатот за претседател на Европскиот фронт, Бујар Османи со конкретен акциски план за економски раст на Северна Македонија преку постигнување национален конзензус и формирање национален совет во серијата средби со различни чинители на државата тој реализираше средба со претставници на Стопанската комора на Северна Македонија.
“Ќе предложам како Претседател на државата да се создаде национален совет за економски раст, со кој ќе претседава Претседателот како креатор на државен консензус а во кој ќе учествуваат поголемите политички партии од двете етнички заедници, но и претставници на заедниците под 20%, регулаторите, бизнис заедницата, синдикатите, Организацијата на потрошувачите, Академијата, невладините организации и останатите интересни групи, како еден вид на државен управен борд, со цел постигнување на државен консензус по однос на клучните параметри и регулативи за еден забрзан и оддржлив развој” презентираше Османи дел од неговата визијата за земјата.
“Овој борд или овој национален совет би имал пет работни групи: една за ефикасна администрација, ефикасни институции и професионална администрација, втора за оддржливи финансии, третата работна група за дигитализација, четврта за човечки капитал и петта, за инфраструктура. Во секоја од работните групи покрај експертите од чинителите кои што ги спомнав, би имало и меѓународни експерти и би имало наши претставници од дијаспората кои што се интегрирани во нивните општества со цел да се пренесат нивните искуства. Овие работни групи ќе предложат политики, закони, регулативи, параметри до овој национален совет, овој државен совет за постигнување државен консензус, кој што ќе ги одобри. Очекувам во првите шест месеци да се направи првиот предлог. Тогаш политичките партии ќе ги усвојат тие закони и тие регулативи, без расправа. Владата заедно со опозицијата ќе ги имплементира и ќе ги мониторира” истакна Османи.
Според Османи, нашата економија е жртва на постојаните циклички политички кризи а со преговорите со Европската Унија, земјата покрај државниот консензус за ЕУ мора да има и економски државен консензус по однос на општите параметри.
“Дали групата за оддржливи финансии ќе предложи дефицитот да не биде повеќе од 3 % и тоа ќе биде усвоено од страна на овој борд, што значи и од позицијата и од опозицијата и од чинителите, тогаш секој мора да го почитува и без расправа тоа да го имплементира. Ако надворешниот долг не треба да биде над 60% сите чинители ќе го почитуваат тоа. Исто како што е со регулативите и директивите на ЕУ, тие се фиксни, тие не се преговараат, тие само се имплементираат. Затоа сметам дека оваа ќе биде еден нов квалитет во постигнување на еден оддржлив и забрзан раст” заклучи Османи.
Преку изборната програма, Декалогот на Европскиот претседател, Османи предвидува и директно учество на Претседателот во пет надворешно-политички иницијативи, во кои заедно со бизнис заедницата ќе ги претстави економските потенцијали на државата надвор од земјата.
Македонија
Богојески: Хејтери во политиката ми го злоупотребуваат прекарот Бунтур наследен од прадедо ми од Илинденското востание
Колку време трае кампањата за претседателските, а сега и за парламентарните избори, толку време сум мета на напади и говор на омраза од политичките противници, реагира Петар Богојески, лидер на партијата Македонски концепт која на претстојните избори е дел од коалицијата „Твоја Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Многумина од политичарите, Богојески вели дека во кампањата му го злоупотребуваат прекарот Бунтур, наследен од прадедото.
„Родум сум од Крушево, но малкумина знаат дека сум директен внук по машка линија на Димитар (Миту) Бунтурот, ополченик и борец за ослободување на Македонија во Балканските и Првата Светска војна за што е носител на златен медал за храброст. Внук сум на Петар Богојески – Бунтурот, чие име го носам, учесник во НОБ на Караорман и носител на златен медал на трудот на Југославија. По мајчина линија, пак, внук сум на првоборецот Кицо Петрески, загинат на Сремски фронт и на Борис Петрески, ранет на истото место. Од таму доаѓа и мојот прекар Бунтур, кој често во јавноста се злоупотребува од хејтери во политиката“, вели Богојески.
Нападите, Богојески уверува дека нема да го вратат од намерата за „рестарт на Македонија“ по изборите, но нагласува дека не може да ја разбере фрустрацијата на оние кои секојдневно го навредуваат на лична основа.
„Кратко истражување на јавниот простор веднаш ги отркива фактите и честите деманти на скоро сите обвинувања. Последните клевети за ‘примање мито’ за да се вклучиме во Коалицијата ‘Твоја Македонија’, создавањето на лажни профили со моето име и споделувањето лажни изјави и сл. се веќе основ за вклучување на ОЈО во целиот процес. Буквално освен клевета и навреда, украден ми е личниот идентитет и во мое име се објавуваат лажни изјави, што е кривично дело. Зошто токму јас сум предмет на тие хибридни напади? Кој се плаши од мојата вистинска факторизација на политичката сцена во земјава“, рече Богојески.
Како трагикомична Богојески ја оцени последната клевета од вицепремиерот и главен активист на ДУИ, Артан Груби, кој го обвини Македонски Концепт за „руска партија“. „Тоа веќе е трагикомично, со оглед на јавните прозападни ставови на мојата партија, години и години наназад. Но зошто токму ДУИ толку многу се плаши од Македонски Концепт? Дали мојата чистота како човек, моето потекло и бескомпромисното поведение на борец за каузата се причина за тој страв кај ДУИ?“, прашува Богојески. Како сопруг и татко на две деца вели дека не му е сеедно што политичката пресметка со навреди завршува и пред очите на неговото семејство па јавно прашува дали е тоа нивото на македонската политика или се може и подобро.
ПР текст
Македонија
СДСМ Прилеп: Кривична пријава за градоначалникот Јовчески поради незаконски потпишан анекс на договор за јавна набавка
Заради постоење основи за сомневање дека со склучувањето анекс на Договорот за јавна набавка од 27.03.2024 година со фирмата ЕЛЕКТРО – ТОЧИЛА ИНЖЕНЕРИНГ увоз-извоз ДООЕЛ Прилеп, градоначалникот на Општина Прилеп Борче Јовчески направил повреда на законските одредби од Законот за јавни набавки, Општинската организација на СДСМ Прилеп против Јовчески поднесе кривична пријава за сторени кривични дела „Злоупотреба на службената положба и овластување“ и „Несовесно работење во службата“, истакна на денешната прес-конференција, Моника Грашеска Илиеска, координатор на советничката група на СДСМ и Коалицијата во Советот на Општина Прилеп.
Она што треба да се истакне, според неа, е дека услугата за која бил склучен анексот воопшто не била опфатена со Програмата за јавно осветлување на Советот на Општина Прилеп за 2024 година, со што градоначалникот Јовчески извршил фаворизирање на фирмата „ЕЛЕКТРО – ТОЧИЛА ИНЖЕНЕРИНГ“.
Дополнително, како што вели, спорниот анекс во висина од 998.614,00 денари бил склучен на 27.03.2024 година, односно за време на мандатот на преодната Влада, што значи дека постоела законска пречка за спроведување јавни набавки кои не биле внесени во Планот за јавни набавки.
„Советничката група на СДСМ и Коалицијата во Советот на Општина Прилеп, подолго време укажуваше на низа неправилности во практикувањето на функцијата од страна на градоначалникот Борче Јовчески, на локалната самоуправа и јавните комунални претпријатија.
Сето тоа доби на интензитет со распишувањето на претстојните двојни избори и со паничниот обид на прилепските локални власти, спротивно на законите, со редица коруптивни договори да дојдат до глас повеќе.
Посочениот пример со потпишаниот анекс со „ЕЛЕКТРО – ТОЧИЛА ИНЖЕНЕРИНГ“, заради кој градоначалникот Јовчески ја заработи кривичната пријава, е слика и прилика на криминалното и насилничко владеење на ДПМНЕ на секое ниво“, вели таа.