Македонија
Хуманитарен настан ,,Охрид трчат за Сара”
Со почеток од 16 часот ќе се одржи хуманитарен спортско-социјален настан под име ,,Охрид трчат за Сара”.
„Охрид трчат за Сара“ е симболична трка без натпреварувачки карактер со цел сите заедно сплотено да истрчаме во насока на подоброто утре за нашата Сара Настеска.Учеството е минимум 100 денари и сите средства ќе бидат донирани на фамилијата Настески. Стартот на хуманитарната трка е во 16 часот пред „Куба либре”, а целта е пред Дом на култура ,,Григор Прличев”. Уплатата на котизацијата/донацијата ќе ја спроведат волонтерите на Црвен крст Охрид и таа ќе се реализира на стартот на самата трка.
,,Подоброто утре за Сара можеме и мораме да го постигнеме со дополнително собирање финансиски средства, но и можеме и мораме да го постигнеме и преку моќното градење на еден тим од илјадници охриѓани кои во еден момент и на едно место ќе пратат силна порака до неа и нејзината фамилија дека не се сами и дека сите ние сме Сара и фамилија Настески. Изминатите денови на многу хуманитарни настани и на разни начини сигурно сте донирале средства и на таков начин сeкој вас бил дел од поддршката за Сара. Она што сакаме да го направиме преку овој настан е дополнително да ве мотивираме да донирате минимум 100 денари и на таков начин да бидеме уште поблиску до крајната цел.
Почитувани, ве повикуваме сите, сопственици, директори, раководители, вработени, сите заедно на едно место, на една трка, да ја направиме најголемата ТИМ БИЛДИНГ ЕКИПА во светот наречена САРА НАСТЕСКА ! Излезете од работа, од дома, од кафулињата, од обложувалниците, од продавниците и придружите ни се во оваа заедничка наша мисија”, порачуваат организаторите.
Настанот е во организација на атлетскиот клуб „Охрид трчат“, Сојузот за училиштен спорт, основните и средни училишта од општина Охрид, Црвен крст Охрид и Општина Охрид.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Македонија денеска избира претседател: пет имиња се на гласачкото ливче
Во Северна Македонија ќе се одржат седмите претседателски избори, а до затворање на избирачките места во 19 часот, на сила е изборен молк.
Евентуалниот втор круг од претседателските избори е закажан за 8 мај, за кога се закажани парламентарните избори.
На претседателските избори учествуваат седум кандидати – пет мажи и две жени.
Кандидати се актуелниот претседател Стево Пендаровски кој е поддржан од СДСМ и коалицијата, Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ, Билјана Ванковска која е поддржана од Левица, Максим Димитриевски од движењето Знам, Стевчо Јакимовски од партијата Гром, Арбен Таравари од коалицијата Вреди и Бујар Османи кој е поддржан од Европскиот фронт.
Владата го прогласи денот на изборите за неработен.
Во избирачкиот список за претседателските избори се запишани 1.814.317 избирачи, а во странство ќе гласаат 2.569 гласачи со државјанство на Северна Македонија.
Во посебен избирачки список запишани се 2.147 лица кои издржуваат затворска казна или притвор.
Скопје
ЈСП: Јавниот превоз по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи
Јавното сообраќајно претпријатие Скопје соопшти дека јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред, а жичницата на Водно нема да работи.
Како што се појаснува во соопштението, дежурни од седум до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.
Македонија
Променливо облачно и потопло со сончеви периоди
Времето денеска ќе биде променливо облачно и потопло со сончеви периоди. Кон крајот на денот ќе има локален слаб дожд, краткотрајно пороен, проследен со појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 16 до 24 степени.
Во Скопје променливо облачно и потопло со сончеви периоди. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 22 степена.
Во четврток ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на грмежи, а на повисоките планини ќе преминуваат во повремен слаб снег. Од петок следува период на претежно стабилно и потопло време.