Македонија
Хуманитарците собраа 14.000 евра за лицата со интелектуална попреченост
Ски центарот Маврово ќе донира околу 14.000 евра на Републичкиот центар за поддршка на лицата со интелектуална попреченост – ПОРАКА.
Парите се собрани од 54 корпоративни екипи кои учествуваа на 15-тиот Аматерски Хуманитарен Велеслалом во Маврово. Освен собраните 10.800 евра од котизација од тимовите, на дополнителна аукција на предмети, донесени од самите учесници, на тематската забава „WORLD MARKET“ беа собрани уште околу 3.000 евра.
Поради дождот и силните ветрови, за прв пат во 15 години, не се одржа скијачкиот натпревар во Маврово. Сепак, Ски центарот за тимовите ќе овозможи уште еднодневно скијање на 25.02.2017 (сабота), каде ќе има квалификации и финале. За тимовите е обезбеден автобуски превоз со агенција „Кинисси“, како и скијачка карта за секој учесник.
„Добиените пари строго се наменети за организирање и реализирање на спортско-рекреативни активности за корисниците на социјалните сервисни служби за лицата со интелектуална попреченост, кои функционираат во рамки на мрежата на ПОРАКА. Главна цел на овие активности е промоција на формата на вклучување на лицата со интелектуална попреченост во општеството преку спорт и рекреација и придонес во развојот на вештините за самостојно живеење кај овие лица. Со овие активности се обезбедуваат голем број можности: подобрување на психофизичката состојба на лицата со интелектуална попреченост, развој на чувството и духот на натпреварување меѓу лицата со интелектуална попреченост, искуството да се биде дел од спортска екипа, притоа чувствувајќи го единството во екипата, мотивација за натпреварување и победа, но истовремено и искусување и справување со пораз во спортските игри“, вели Владо Крстевски од „Порака“.
Од друга страна, според него, овие активности претставуваат добра можност персоналот да помине 24 часа заедно со корисниците на дневните центри и да овозможи тие да го разберат ритамот на живеење и однесување на секое лице со интелектуална попреченост.
„Набљудувањето на корисниците во нова средина, без родителско влијание, нуди нови сознанија за персоналот во однос на можните подобрувања на самостојноста и самодовербата меѓу корисниците и несебичната поддршка и пријателство меѓу нив. Исто така, ваквите активности обезбедуваат можности за подобрување на вештините за одржување на личната хигиена, вештините за социјални интеракции итн“, додава Крстевски.
Спортските активности се поделени во следните дисциплини: атлетика (натпревари во трчање и скок во далечина), натпревари во мал фудбал, натпревари во кошарка и натпревари во тегнење јаже. Рекреативниот дел од програмата опфаќа разни друштвени игри, цртање, прошетки во природа, како и забави со музика и танцување во вечерните часови.
Главен спонзор на настанот беше Македонски Телеком , а најбројни беа тимовите на ВИП Оне./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДУИ: Мицкоски сака враќање на државата пред 2001 година, Македонија без Албанци
Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци. Тој дури отворено ги повикува сите Македонци да се обединат против Али Ахмети и ДУИ, се вели во партиското соопштение од ДУИ.
– Мицковски на митингот во Кратово побара обединување на сите Македонци за Албанците да не добијат ниту еден пратеник во третата изборна зона. Вокабуларот на Мицкоски не е само против Договорот од Преспа и Договорот за добрососедство со Бугарија, туку и против Охридскиот рамковен договор, барајќи конкретно враќање на државата пред 23 години, се вели во соопштението.
Во соопштението се додава дека „ДУИ и Европскиот фронт изразуваат длабока загриженост за националистичкиот и антиевропскиот речник на ВРМО, кој чувствувајќи го поразот на 24 април и 8 мај, поттикнува меѓуетничка и антиевропска омраза во Северна Македонија“.
Исто така, тие ја повикаа албанската опозиција „да се вразуми и да не стане алатка на руската агенда што ја прокламира ВМРО и нивните гласноговорници“.
Македонија
Изет Меџити од Берлин: Дијаспората ја совлада Југославија, ќе го совладат и ДУИ
Лидерот на Демократското Движење, истовремено и носител во изборната единица број еден, Изет Меџити, учествуваше во голем собир со дијаспората во Берлин на Коалицијата ВЛЕН (ВРЕДИ).
Меџити од овој собир на дијаспората и се обрати со зборови каде им ја даде убавата вест дека на 8 мај пристигнува победата, но и за вредноста на учеството на дијаспората во овие избори кои многу добро знаат да казнуваат режими и тие кои го мразат Курти и Косово.
„Првите политички движења се отпочнати од дијаспората, како за совладување на Југославија, така и за независноста на Косово, а токму од ова дијаспора ќе пристигне и казната за ДУИ која се спротиставува на Косово и кокетира со Вучиќ”.
Тој, исто така, додаде дека сега е историскиот момент за промени во албанската политичка сцена после децении, со обединетата опозиција и со Самоопределување.
Македонија
Во Скопје санкционирани 179 возачи
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (19.04.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 179 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 51 санкција, 11 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкии за поминување на затворен сигнал – црвено светло, седум мерки за управување под дејство на алкохол…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.