Македонија
Царовска: Концептот на дуално образование е привлечен за младите и нуди квалитетно образование
Министерството за образование и наука заедно со ѓвајцарската амбасада и со швајцарскиот проект „Образование за вработување во Северна Македонија“(Е4Е@мк) на работилница ги планира активностите за следните 5 години за вложување и развој на средното стручно образование во државата.
Министерката за образование и наука Мила Царовска на отворањето на работилницата истакна дека концептот на дуалното образование е привлечен за младите затоа што нуди квалитетно образование, а теоретските знаења од училиштето се надоградуваат со знаења и вештини што учениците ги стекнуваат на конкретно работно место преку практична работа и за таа цел еден од главните приоритети на МОН е токму унапредувањето на средното стручно образование.
„На овој начин го обезбедуваме кадарот баран од компаниите, но и ја зголемуваме можноста за вработување на младите. Голем наптредок во унапредување на средното стручно образование постигнавме со двете фази од ‘Учи паметно, работи стручно’, преку кој беше креиран конкурсот за запишување на учениците во средните училишта. Ја постигнавме целта целосно да ги вклучиме компаниите во процесот на стручно образование на средношколците, затоа што само така тие не само што ќе ја научат работата, туку и го почувствуваат нејзиниот ритам во реална средина, во самите компании. Во првата фаза, низ интензивен дијалог со локалните самоуправи, училиштата и бизнис-заедницата ги утврдиме потребите од отворање на одредени профили и паралелки во секоја од општините и заинтересираноста на компаниите да ги отворат вратите за практикантите. Во втората фаза, во средните стручни училишта низ државата направивме промоција на придобивките и можностите кои ги нуди средното стручно образование за младите, за брзо вработување или за продолжување во високото образованиете“, рече Царовска.
Министерката посочи дека токму како резултат на овој дијалог на ниво на држава се оформија 97 паралелки во 46 средни училишта кои заедно со над 200 компании од есен ќе спроведуваат концепт на дуално образование, а компаниите беа наведени во конкурсот за запишување во средните училишта.
„Министерството за образование и наука реализираше и целосно нова политика на стипендирање за новата учебна година. Предвидени се 2.000 стипендии во вредност од 3.500 денари на месечно ниво за 9 месеци во годината за сите кои ќе се запишат во дуална паралелка. Ова е одличен мотив за средношколците додека учат истовремено да имаат и приход“, рече Царовска.
МОН продолжува со креирање и реализирање на процеси кои го унапредуваат средното стручно образование и го доближуваат до релниот сектор. Наш приоритет како Министерство за образование и наука е обезбедување квалитетно, но исто така и употребливо знаење, кое ќе им помогне на младите побрзо и поедноставно да го најдат своето место во општеството, напоменуваат од ова министерство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро
На 75 години денеска почина менаџерот Велибор Џаровски- Џаро по кусо боледување, потврди семејството. Тој важи за една од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија.
Тој соработуваше со најголемите југословенски естрадни ѕвезди, а беше познат и како „крал на местенките“ во фудбалот.
Соработуваше со големи музички ѕвезди како Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза Кесовија, Лепа Брена.
Своевремено има изјавено дека организирал 5.000 концерти и бројни турнеи во повеќе од тридецениската кариера како менаџер.
Македонија
Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините во кои се градоначалници
Кандидатите за претседател Гордана Силјановска-Давкова и Бујар Османи освоија најмногу гласови на претседателските избори по број на општини.
Според податоците на ДИК, Давкова на вчерашниот прв круг победи во 60 општини, а Османи во 15. Понатаму, Пендарвски освои најмногу гласови во три општини, а Арбен Таравари во една, како и Максим Димитриевски.
Со тоа Силајовска има најмногу освоени гласови во Аеродром (51,48 %), Берово (54,92 %), Битола (48,44 %), Богданци (49,59 %), Босилево (57,61 %), Брвеница (33,54 %), Бутел (43,91 %), Валандово (50,29 %), Василево (60,18 %), Вевчани (56,15 %), Велес (53,57 %), Виница (56,71 %), Гази Баба (53,68 %), Гевгелија (52,62 %), Ѓорче Петров (51,58 %), Градско (64,27 %), Дебарца (57,06 %), Делчево (47, 08 %), Демир Капија (54,77 %), Демир Хисар (52,92 %), Дојран (52,58 %), Зелениково (53,35 %), Зрновци (61,15 %), Илинден (62,96 %), Јегуновце (47,49 %), Кавадарци (50,84 %), Карбинци (61,22 %), Карпош (40,82 %), Кисела Вода (57,67 %), Кичево (39,84 %), Конче (57,85 %), Кочани (53,10 %), Кратово (62,84 %), Крива Паланка (47,05 %), Кривогаштани (54,84 %), Лозово (53,09 %), Македонска Каменица (50,96 %), Македонски Брод (55,86 %), Могила (63,48 %), Неготино (49,02 %), Новаци (61,88 %), Ново Село (56,84 %), Охрид (53,89 %), Петровец (59,05 %), Пехчево (53,97 %), Прилеп (51,42 %), Пробиштип (52,03 %), Радовиш (56,34 %), Ранковце (54,34 %), Ресен (47,64 %), Росоман (51,36 %), Свети Николе (57,63 %), Сопиште (49,44 %), Старо Нагоричане (37,59 %), Струмица (47,06 %), Центар (39,98 %), Чашка (32,70 %), Чешиново-Облешево (58,93 %), Чучер Сандево (36,35 %) и во Штип (53,44 %),
Стево Пендаровски освои најмногу гласови во: Крушево (43,02 %), Маврово и Ростуша (44,04 %) и во Центар Жупа (34,95 %).
Бујар Османи победи во: Арачиново (53,51 %), Боговиње (55,33 %), Врапчиште (58,02 %), Дебар (49,88 %), Долнени (32,95 %), Желино (49,45 %), Липково (56,83 %), Пласница (66,91 %), Сарај (55,49 %), Струга (39,38 %), Студеничани (50,54 %), Теарце (41,30 %), Тетово (37,91 %), Чаир (40,65 %), Шуто Оризари (37,11 %)
Арбен Таравари освои најмногу гласови во Гостивар (32,26 %), а Максим Димитриевски во Куманово (22,89 %).
Македонија
Македонскиот концепт: Ја поздравуваме одлуката на кандидатот Пендаровски да го истрча и вториот круг
Колку беше важна победата на кандидатката Гордана Силјановска Давкова во првиот круг, толку е важна одлуката на кандидатот Стево Пендаровски да го истрча и вториот круг и да не ги бојкотира претседателските избори, велат од Македонски концепт.
„Бојкот никогаш не бил решение, ниту на Референдуми, ниту на Попис на население, ниту пак на Избори. Мора да се почитува волјата на народот и да биде мирно предадена власта на победничката Коалиција „Твоја Македонија“, предводена од ВМРО ДПМНЕ, а чиј дел е и нашата партија Македонски Концепт.
Партијата Македонски Концепт честита на огромното водство на кандидатката Гордана Силјановска Давкова, што е резултат на нашите политики за обединување на опозицијата, нешто што го депласираше и детронизирање ДУИ и нивните сдса измеќари, а со цел уште поголема победа во вториот круг на 8ми Мај, повикуваме на уште поголемо обединување и окрупнување на Коалицијата „Твоја Македонија“ со останати добронамерни политички партии и членови и симпатизери на останати партии, чии водства се платеници на ДУИ, но нивните поддржувачи се искрени Македонци и искрено се радуваат на оваа голема македонска победа.
Македонски Концепт го реафирмира својот став за граѓански концепт на Уставот на државата и ги повикува сите македонски граѓани, без разлика на етничка, верска, партиска или друга припадност, да се вклучите во нашите активности и на 8ми Мај да дадете поддршка на Коалицијата „Твоја Македонија“ и број 2 на гласачкото ливче и за претседателски и за парламентарни избори“, велат од партијата.