Македонија
Царовска: Општина Сопиште ја доби првата градинка
Во општината Сопиште е отворена новата градинка „Виножито“, на чие отворање присуствуваше министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска. Јавната установа има капацитет за згрижување 31 дете за кои се грижат вкупно 7 вработени лица обезбедени со согласноти од Министерството за труд и социјална политика.
„Обезбедувањето квалитетни услови за ран детски развој создава еднакви можности за сите деца и им овозможува во целост да ги искористат своите потенцијали. Нашата цел како Влада е што поголем број деца до 6-годишна возраст да се опфатат во предучилишното образование бидејќи раниот развој е најважен за понатамошниот развој на децата. Продолжуваме да инвестираме во детската заштита, особено во другите градови и руралните места во Северна Македонија бидејќи инвестицијата во квалитетно предучилишно образование значи инвестиција во човечки капитал и води до напредок на државата. Инвестирањето во раниот детски развој е основа на која се гради општество за сите“, рече министерката Царовска.
На посетата на градинката присуствуваа и градоначалникот на општината, Стефче Трпковски, претседавачот на Советот на Општината, Сашо Стојановски, и пратеникот од Сопиште, Далибор Богдановски. Градинката во Сопиште е изградена со средсва од Светската банка, а Општината има доставено комплетен нов проект за изградба на уште еден објект со капацитет за над 60 деца со средства обезбедени од МТСП за 2020 година.
Министертвото за труд и социјална политика продолжува да инвестира во детската заштита со тоа што ги подобрува условите за престој и воспитување на децата, но ги јакнеме и професионалните компетенции на воспитувачите. Со последното зголемување на платите кај вработените во градинките платите се зголемија 21 отсто. За две и пол години МТСП има инвестирано во изградба, опремување и реконструкција и опремување вкупно 31 објект за детска заштита. Во тек е изградба и опремување уште 12 објекти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Македонија денеска избира претседател: седум имиња се на гласачкото ливче
Во Северна Македонија ќе се одржат седмите претседателски избори, а до затворање на избирачките места во 19 часот, на сила е изборен молк.
Евентуалниот втор круг од претседателските избори е закажан за 8 мај, за кога се закажани парламентарните избори.
На претседателските избори учествуваат седум кандидати – пет мажи и две жени.
Кандидати се актуелниот претседател Стево Пендаровски кој е поддржан од СДСМ и коалицијата, Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ, Билјана Ванковска која е поддржана од Левица, Максим Димитриевски од движењето Знам, Стевчо Јакимовски од партијата Гром, Арбен Таравари од коалицијата Вреди и Бујар Османи кој е поддржан од Европскиот фронт.
Владата го прогласи денот на изборите за неработен.
Во избирачкиот список за претседателските избори се запишани 1.814.317 избирачи, а во странство ќе гласаат 2.569 гласачи со државјанство на Северна Македонија.
Во посебен избирачки список запишани се 2.147 лица кои издржуваат затворска казна или притвор.
Скопје
ЈСП: Јавниот превоз по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи
Јавното сообраќајно претпријатие Скопје соопшти дека јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред, а жичницата на Водно нема да работи.
Како што се појаснува во соопштението, дежурни од седум до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.
Македонија
Променливо облачно и потопло со сончеви периоди
Времето денеска ќе биде променливо облачно и потопло со сончеви периоди. Кон крајот на денот ќе има локален слаб дожд, краткотрајно пороен, проследен со појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 16 до 24 степени.
Во Скопје променливо облачно и потопло со сончеви периоди. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 22 степена.
Во четврток ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на грмежи, а на повисоките планини ќе преминуваат во повремен слаб снег. Од петок следува период на претежно стабилно и потопло време.